Петерско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петерско езеро

Λίμνη Πετρών
Податоци
Надм. висина: 572 м
Површина: 12,294 кв.км
Максимална должина: 5250 м
Максимална ширина: 4238 м
Максимална длабочина: 3 - 4 м

Петерско Езеро (грчки: Λίμνη Πετρών, Лимни Петрон) — езеро во Егејска Македонија, Република Грција, дел од групата на Егејските Езера.

Езерото се наоѓа на териториите на Леринско, Општина Суровичево, во северниот дел на котлината Острово меѓу два крака на планината Ниџе. Надморската висина му изнесува 572 метри, а површината околу 12 кв.км. Поврзано е со соседното Рудничко Езеро, од кадешто добива вода. Неговите води пак се влеваат во Островското Езеро. На западниот брег се наоѓа селото Петерско (Πέτρες), а во југозападниот Суровичево (Αμυνταίο).

Заедно со Островското Езеро сочинуваат екосистем, во кој живеат повеќе од 130 видови птици, цицачи, риби. Овој простор е живеалиште на ретки и загрозени видови птици, од кои само во Петерското Езеро повеќе од 90 видови, како голем корморан(Phalacrocorax carbo) и мал корморан(Phalacrocorax pygmaeus). Гнездат и ноќна чапја (Nycticorax nycticorax), жолта чапја (гривеста) (Ardeola ralloides) и мала бела чапја (сребреникава) (Egretta garzetta)[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]