Црвена чапја
| Црвена чапја | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Штрковидни |
| Семејство: | Ardeidae |
| Род: | Ardea |
| Вид: | A. purpurea |
| Научен назив | |
| Ardea purpurea (Linnaeus, 1766) | |
| жолто - размножување зелено - презимување. | |

Црвената чапја (Ardea purpurea) е птица од семејството чапји. Таа се размножува во Африка, централна и јужна Европа, како и во јужна и источна Азија. Европските популации се миграторни, презимуваат во тропска Африка; посеверните азиски популации исто така се селат појужно во Азија. Таа е редок, но редовен жител северно од териториите каде се размножува.
Физички опис
[уреди | уреди извор]По својот надворешен изглед многу наликува на сродната сива чапја, но е помала и со поцрвени тонови.
- Должина на тело - 80 - 90 см;
- Распон на крилја - околу 140-145 см;
- Тежина - 600-1400 g;
- Полов диморфизам - слабо изразен;
- Пердуви - преовладуваат сиви и црвеникави тонови;
- Полетување - со тешки замавнувања и свиен врат.
Биотоп
[уреди | уреди извор]Се среќава по бреговите на езера и реки, најчесто обраснати со вегетација. Не се среќава во големи планински масиви.
Начин на живеење и исхрана
[уреди | уреди извор]Се исхранува главно со риба, која дури и ако е значително голема на прв поглед лесно ја проголтува. Исто така јаде и змии, глувци, инсекти, водоземци, јајца, остатоци од мртви животни, крастави и други жаби кои можат да лачат отровен секрет. Како и сивата чапја, кога лови се движи бавно и често го демне пленот, но како што е случај со блиските видови со неа всушност заземаат различни еколошки ниши и нема конкуренција меѓу нив. Сивата чапја ја бара храната во плитки заливи и во откриени води, каде може да се движи слободно.
Кога е исплашена, слично на некои други видови чапји, зазема посебна маскирна положба со исправен нагоре врат и клун. Меѓу трските и останатите растенија застаната во таква положба е многу тешко забележлива. Ја заземаат пред сè малите и во краен случај возрасните птици.