Список на птици во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Примероци на некои птици во земјата — Природонаучен музеј на Македонија, Скопје

Списокот на птици во Македонија е сочинет од 329 вида.

Следниве ознаки се користени за да се истакнат изумрените видови. Неозначените птици се вообичаени видови.

(А) Случајно - вид кој ретко или случајно се јавува во Северна Македонија

(Ex) Локално исчезнат - вид кој повеќе не се среќава во Северна Македонија иако популации постојат на други места

Гусковидни[уреди | уреди извор]

Ред: Anseriformes Семејство: Anatidae

Гусковидните ги вклучува патки, гуски, лебеди и слично. Овие птици се приспособени за водни живеалишта со ципести стапала, рамни клунови и пердуви кои се одлични за вода. Постојат 31 вида во Македонија, еден кој е истребен:

Фазани[уреди | уреди извор]

Ред: Galliformes Семејство: Phasianidae

Фазаните се фамилија на копнени птици. Во принцип, тие се дебели (иако се разликуваат по големина) и имаат широки, релативно кратки крилја. Има 7 видови во Македонија:

Фламинга[уреди | уреди извор]

Ред: Phoenicopteriformes Семејство: Phoenicopteridae

Фламингата се движат во јато, високи се 3 до 5 метри, а нивниот необичен клун е специјално прилагоден за одбирање на храната во тињата и калта. Има еден вид во Македонија:

Нуркачи[уреди | уреди извор]

Ред: Podicipediformes Семејство: Podicipedidae

Нуркачите се мали до средноголеми водни, нуркачки птици. Тие имаат споени прсти и се одлични пливачи и нуркачи. Имаат нозе, но сместени им се поназад на телото, па затоа се тромави на копно. Има 5 видови во Македонија:

Гулаби[уреди | уреди извор]

Ред: Columbiformes Семејство: Columbidae

Гулабите и гугутките имаат витко тело, краток врат и кратки тенки клунови со здебелено мевце. Постојат 5 видови во Македонија:

Дропли[уреди | уреди извор]

Ред: Otidiformes Семејство: Otididae

Дроплите се големи копнени птици главно поврзани со сува отворена земја. Сештојади се и се гнездат на земја. Одат на силни нозе и големи прсти, имаат долги широки крилја и прават впечатливи модели при летањето. Многу од нив имаат интересни прикази при парењето. Постојат 2 вида во Македонија:

Кукавици[уреди | уреди извор]

Ред: Cuculiformes Семејство: Cuculidae

Кукавиците се птици со различна големина со тенки тела, долги опашки и силни нозе. Постојат 2 вида во Македонија:

Ноќни ластовици[уреди | уреди извор]

Ред: Caprimulgiformes. Семејство: Caprimulgidae

Ноќните ластовици се средни ноќни птици со долги крилја, кратки нозе и многу краток клун. Обично се гнездат на земја. Повеќето имаат мали нозе, кои малку ги употребуваат за пешачење, и долги зашилени крилја. Нивните меки пердуви личат на кора или лисја и им служат за камуфлажа. Постои еден вид во Македонија:

Пиштарки[уреди | уреди извор]

Ред: Apodiformes Семејство: Apodidae

Пиштарките се мали воздушни птици, кои го трошат поголемиот дел од својот живот летајќи. Овие птици имаат многу кратки нозе и никогаш не се доброволно на земја. Многу од нив имаат долги наназад свртени крила кои личат на полумесечина или бумеранг. Постојат 3 видови во Македонија:

Блатни кокошки[уреди | уреди извор]

Ред: Gruiformes Семејство: Rallidae

Блатните кокошки (барски кокошки) се големо семејство на мали и средни птици. Тие обично живеат во густа вегетација, во влажни средини во близина на езера, мочуришта или реки. Начелно се срамежливи и таинствени птици кои тешко може да се набљудуваат. Повеќето видови имаат силни нозе и долги прсти кои добро се прилагодуваат на меката нерамна површина. Имаат кратки, заоблени крилја и се слаби летачи. Постојат 7 видови во Македонија:

Жерави[уреди | уреди извор]

Ред: Gruiformes Семејство: Gruidae

Жеравите се големи, долгоноги и долговрати птици. За разлика од чапјите, жеравите летаат со испружени вратови. Карактеристични се по бучното додворување проследено со посебен танц. Во Македонија постои еден вид:

Чурулини[уреди | уреди извор]

Ред: Charadriiformes Семејство: Burhinidae

Тие се средни до големи птици со црн или жолто-црн клун, големи жолти очи и непробојни перја. И покрај тоа што се класифицирани како птици кои се непробојни на влага, повеќето видови живеат во суви или полупустински живеалишта. Во Македонија постои еден вид:

Сабјарки[уреди | уреди извор]

Ред: Charadriiformes Семејство: Recurvirostridae

Сабјарките се семејство на големи птици со долги нозе и долг нагоре свиткан клун. Во Македонија постојат 2 вида:

Остригари[уреди | уреди извор]

Ред: Charadriiformes Семејство: Haematopodidae

Остригари се големи и бучни птици слични на пескари, со силни клунови кои ги користат за кршење или отварање на мекотели.

Блатарки[уреди | уреди извор]

Ред: Charadriiformes Семејство: Charadriidae

Блатарките се мали и средни птици со компактни тела, кратки и дебели вратови и долги насочени крила. Претежно живеат во близина на вода, иако постојат некои исклучоци. Постојат 7 вида во Македонија:

Мочварки[уреди | уреди извор]

Ред: Charadriiformes Семејство: Scolopacidae

Мочварките се големо и разновидно семејството на мали и средни крајбрежни птици. Поголемиот дел од видовите јадат мали безрбетници кои ги собираат во калта или почвата. Варијациите во должината на нозете и клунот им овозможува различните видови да се хранат во исто живеалиште, без директно да си конкурираат за храна. Постојат 23 вида во Македонија, еден кој е истребен:

Блатни ластовици[уреди | уреди извор]

Ред: Charadriiformes Семејство: Glareolidae

Во ова семејство на птици-преселници спаѓаат ласовиците кои имаат кратки нозе, долги остри крила и долги чаталести опашки. Постои еден вид во Македонија:

Поморници[уреди | уреди извор]

Ред: Charadriiformes Семејство: Stercorariidae

Тие се средни до големи птици, типично со сив или кафеави пердуви, често со бели ознаки на крилјата. Тие се гнездат на земја во умерените и арктичките региони и се мигранти на долги растојанија.

Галеби и рибарки[уреди | уреди извор]

Ред: Charadriiformes Семејство: Laridae

Laridae е семејство на средни до големи морски птици. Тие се обично сиви или бели, со црни белези на главата или крилата. Имаат стројно тело, долгнавести клунови и ципести нозе. Постојат 19 вида во Македонија:

Морски нуркачи[уреди | уреди извор]

Ред: Gaviiformes Семејство: Gaviidae

Морските нуркачи се големи птици, пливачи и нуркачи, долги од 53 до 91 см и со распон на крилата меѓу 106 и 152 см. Тежината се движи од 1, па сè до 6,4 кг, зависно од видот. Тоа значи дека овие големи видови се значително потешки од гуските. Овие птици се разликуваат од нуркачите пред сè по целосните пливачки кожички кои ги поврзуваат трите нанапред свртени прсти (анизодактилија), како и многу добро видливата, иако кратка, опашка. Има пет вида во светот, од кои два ги среќаваме во Македонија:

Штркови[уреди | уреди извор]

Ред: Ciconiiformes. Семејство: Ciconiidae

Штрковите се големи, долгоноги и долговратни птици кои полетуваат со истегнат врат. Штрковите се неми, а комуницираат со клопот на клунот. Гнездата им се големи и ги користат и по неколку години. Има 19 вида во светот, а во Македонија 2:

Корморани[уреди | уреди извор]

Ред: Pelecaniformes Семејство: Phalacrocoracidae

Кормораните се семејство средни до големи крајбрежни птици кои се хранат со риби. Бојата на перјата им е претежно темна, црно-бела, но некои се и шарени. Има 38 вида во светот, од кои 2 се во Македонија:

Пеликани[уреди | уреди извор]

Ред: Pelecaniformes Семејство: Pelecanidae

Пеликаните се големи водни птици со специфична торбичка под клунот. Тие имаат ципести нозе со 4 прсти. Има 8 вида во светот, а во Македонија се сретнуваат 2:

Чапји и бикови[уреди | уреди извор]

Ред: Pelecaniformes Семејство: Ardeidae

Чапјите се средни до големи птици со долг врат и нозе. Биковите се со пократок врат и се повнимателни. Постојат 61 видови во светот, и 9 во Македонија:

Ибиси и лажичарки[уреди | уреди извор]

Ред: Pelecaniformes Семејство: Threskiornithidae

Тие се големи крајбрежни птици со долги, широки крилја, со 11 основни и околу 20 секундарни пердуви. Иако се големи, тие се силни летачи. Во светот има 36 вида, а во Македонија 2:

Орел-рибар[уреди | уреди извор]

Ред: Accipitriformes Семејство: Pandionidae

Во ова семејство постои само еден вид, а тоа е орелот-рибар, кој е средноголема граблива птица чија специјалност е риболовот.

Јастреби, орли и луњи[уреди | уреди извор]

Ред: Accipitriformes Семејство: Accipitridae

Во ова семејство грабливи птици се вклучени: јастребите, орлите и мршојадците. Тие имаат моќни клунови за кинење месо од својот плен, силни нозе, силни канџи и остар вид. Постојат 233 вида во светот од кои 25 вида во Македонија:

Кукувија[уреди | уреди извор]

Ред: Strigiformes Семејство: Tytonidae

Овие се средни до големи утки (утковидни) со големи глави и карактеристични срцовидни лица. Тие имаат долги силни нозе со моќни канџи. Постојат 16 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Утки[уреди | уреди извор]

Ред: Strigiformes Семејство: Strigidae

Утките се мали до големи осамени ноќни птици грабливки. Тие имаат големи напред насочени очи и уши, јастребовиден клун, и впечатлив круг од пердуви околу секое око, т.н. фацијален диск. Постојат 195 вида во светот и 9 во Македонија:

Пупунци[уреди | уреди извор]

Ред: Bucerotiformes Семејство: Upupidae

Пупунците имаат црна, бела и портокалова боја со големa пувка (креста) на главата. Постојат 2 вида во светот и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Рибарчиња[уреди | уреди извор]

Ред: Coraciiformes Семејство: Alcedinidae

Рибарчињата се средни птици со големи глави, долги остри клунови, кратки нозе и мали набиени опашки. Постојат 93 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Пчеларки[уреди | уреди извор]

Ред: Coraciiformes Семејство: Meropidae

Пчеларките се карактеризираат со богато обоени пердуви, тенки тела и обично издолжен централен пердув на опашка. Сите се шарени и имаат долг надолу свртен клун и зашилени крила, кои им даваат ластовицовидна појава кога се гледаат од далеку. Постојат 26 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Модроврани[уреди | уреди извор]

Ред: Coraciiformes Семејство: Coraciidae

Модровраните личат на врани по големина и градба, но потесно се поврзани со рибарчињата и пчелојадните. Постојат 12 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Клукајдрвци[уреди | уреди извор]

Ред: Piciformes Семејство: Picidae

Клукајдрвците се мали и средни птици со клунови како длето, кратки нозе, цврста опашка и долг јазик кој им користи за ловење инсекти. Некои видови имаат нозе со два прста насочени нанапред и два наназад, додека неколку видови имаат само три прста. Многу клукајдрвци имаат навика бучно да удираат на стеблата со клуновите. Постојат 218 вида светот и 9 во Македонија:

Соколовидни[уреди | уреди извор]

Ред: Falconiformes Семејство: Falconidae

Соколовидните се дневни птици-грабливки. Се разликуваат од јастребите, орлите и мршојадците по тоа што својот плен го убиваат со клунот, а не со канџите. Има 62 вида во светот и 9 во Македонија:

Жолни[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Oriolidae

Жолните се шарени врапчевидни птици. Постојат 29 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Сврачиња[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Laniidae

Сврачињата се врапчевидни птици познати по нивната навика за ловење други птици и мали животни и закачување на недојадените делови на трње. Клунот им е кукест. Постои 31 вид во целиот свет и 5 во Македонија:

Врани[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Corvidae

Некои видови од семејството на враните се натпросечно големи за редот на врапчевидни птици. Некои од големите видови покажуваат високо ниво на способност за учење на соодветно однесување. Има 120 вида во светот, а 10 во Македонија:

Сипки[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Paridae

Сипките се главно мали, ниски и набиени шумски птици со краток и тенок клун. Тие се прилагодливи птици, со мешана исхрана вклучувајќи семиња и инсекти. Постојат 59 вида во светот и 7 во Македонија:

Торбасти сипки[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Remizidae

Торбарестите сипки се група мали врапчевидни птици, поврзани со вистинските сипки. Тие се хранат со инсекти. Постојат 13 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Чучурлиги[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Alaudidae

Чучурлигите се мали копнени птици со екстравагантни песни и летови, а невпечатлив изглед. Се хранат со инсекти и семиња. Постојат 91 вид во светот и 6 во Македонија:

Папагалести сипки[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Paradoxornithidae

Папагалестите сипки се група мали птици со долга опашка и папагаловиден клун. Постојат 20 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Цистиколи[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Cisticolidae

Cisticolidae се свиркачи кои се наоѓаат главно во потоплите јужни региони на Стариот свет. Тие се генерално многу мали птици со слаб кафеав или сив изглед кои се наоѓаат на отворени места како што се пасиштата или грмушките.

Трскари[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Acrocephalidae

Трскарите обично се прилично големи свиркачи. Повеќето се прилично обични маслиново кафеави горе со многу жолто до беж долу. Тие обично се наоѓаат во отворени шуми, трски или висока трева. Во Македонија постојат 9 видови:

Тревни трскари[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Locustellidae

Locustellidae е новопризнаена фамилија на мали свиркачи. Видовите се мали птици со опашки кои обично се долги и зашилени. Во Македонија постои еден вид:

Ластовици[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Hirundinidae

Ластовиците се карактеризираат со воздушно хранење. Имаат тенко тело, долги зашилени крила и кратки клунови со широк отвор. Нозете се наменети за слетување, а предните прсти се речиси споени со стапалото. Постојат 75 вида во светот и 5 во Македонија:

Лисни свиркачи[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Phylloscopidae

Видовите се со различни големини, често со зелени пердуви горе и жолти одоздола, или повеќе пригушени со сиво-зелена до сиво-кафеава боја, кои се разликуваат малку или воопшто не се разликуваат во зависност од годишните времиња. Многу видови полесно се препознаваат по нивните карактеристични песни отколку по нивните досадни пердуви.

Цетиидни свиркачи[уреди | уреди извор]

Род: Passeriformes Семејство: Cetiidae

Видовите се мали птици. Повеќето од нив имаат умерено долги до долги опашки. Групата обично има досадни пердуви, често со линија над окото. Севкупно, Cettiidae се доста променлива група која содржи многу аберантни птици кои досега биле непријатно сместени во широк опсег на неповрзани семејства. Повеќето живеат во грмушки и често ловат храна низ густиот заплетен раст.

Долгоопашести сипки[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Aegithalidae

Долгоопашестите сипки се фамилија составена од мали, млитави птици со умерено долги опашки. Тие се активни птици, речиси постојано се движат додека бараат инсекти во грмушките и дрвјата на шумите.

Силвидни грмушарчиња[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Sylviidae

Силвидните грмушарчиња се мали до средни во големина. Клунот е генерално тенок и зашилен со влакна. Имаат тенка форма и незабележливи и обични бои.

Кралчиња[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Regulidae

Кралчињата се мала група птици кои спаѓаат во редот на врапчевидните птици. Постојат 7 вида во светот и 2 во Македонија:

Карполазачки[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Tichodromadae

Карполазачките се мали птици со неверојатни пурпурни, сиви и црни перја, сродни на семејството на лазачите.

Лазачки[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Sittidae

Лазачките се мали шумски птици. Тие имаат невообичаена способност да ползат по дрвото надолу, за разлика од другите птици кои можат да одат само нагоре. Ползачите имаат големи глави, кратки опашки и моќен клун и нозе. Постојат 24 вида во целиот свет и 2 во Македонија:

Ползачки[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Certhiidae

Ползачите се мали шумски птици, кафени одозгора, бели одоздола. Имаат тенки надолу насочени криви клунови кои ги користат за извлекување инсекти од кората. Тие имаат вкочанети опашки за да можат да стојат вертикално на дрвото. Постојат 6 вида низ целиот свет и 2 во Македонија:

Палчиња[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Troglodytidae

Палчињата се главно мали и незабележителни освен со нивните гласни песни. Овие птици имаат кратки крила и тенок надолу свртен клун. Неколку видови имаат исправени опашки. Сите се хранат со инсекти. Постојат 80 вида во светот и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Водни косови[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Cinclidae

Водните косови живеат во водни средини. Постојат 5 вида низ целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Сколовранци[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Sturnidae

Сколовранците се мали и средни врапчевидни птици. Нивниот лет е силен и директен, а летаат во јато. Омилено живеалиште им е отворената земја. Јадат инсекти и овошје. Перјата им се типично темни, со метален сјај. Постојат 125 вида во светот и 2 во Македонија:

Дроздови[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Turdidae

Дроздовите се група врапчевидни птици. Тие се дебели со меки пердуви, мали до средни, се хранат со инсекти или понекогаш се сештојади. Многу од нив имаат привлечни песни. Постојат 335 вида во светот и 6 во Македонија:

Муварчиња[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Muscicapidae

Муварчињата се голема група мали врапчевидни птици. Тие живеат на дрво, се хранат со инсекти, имаат слаби песни и груби повици. Постојат 274 вида во светот и 15 во Македонија:

Свиларки[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Bombycillidae

Свиларките се група врапчевидни птици кои се карактеризираат со меки свилени перја и уникатен црвен врв на некои од пердувите на крилјата. Тие живеат од инсекти во текот на летото и бобинки во зима. Постојат 3 вида низ целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:

Попчиња[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Prunellidae

Попчињата се мали, прилично еднолични видови од редот на врапчевидните птици. Постојат 13 вида во светот и 2 во Македонија:

Врапчиња[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Passeridae

Врапчињата се мали врапчевидни птици. Во принцип, тие се мали, дебели, кафени или сиви птици, со кратки опашки и кратки моќни клунови. Врапчињата јадат семиња и мали инсекти. Постојат 35 вида во целиот свет и 5 во Македонија:

Треперки и тресиопашки[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Motacillidae

Треперките и тресиопашките се мали врапчевидни птици со средни до долги опашки. Тие се тенки птици кои се хранат со инсекти од земјата. Постојат 54 вида во светот и 8 во Македонија:

Ѕвингалки[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Fringillidae

Ѕвингалките се врапчевидни птици што јадат семиња, имаат мала до средноголема големина и силен клун, обично конусен и понекогаш многу голем. Овие птици имаат силен лет со наизменични налети на замавнување со крилјата и пловење со затворени крилја. Повеќето од нив пеат убаво. Постојат 137 вида во светот и 10 во Македонија:

Стрнарки[уреди | уреди извор]

Ред: Passeriformes Семејство: Emberizidae

Стрнарките спаѓаат во големото семејство на врапчевидни птици. Тие се птици што јадат семе, со изразита форма на клунот. Многу од нив имаат специфични дезени на главата. Постојат 275 вида во светот и 7 во Македонија:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Имињата и веродостојноста за постоењето на птиците во Македонија се од списокот на проф. Бранко Мицевски
  • Lepage, Denis. „Checklist of birds of Macedonia“. Bird Checklists of the World. Avibase. Посетено на 26 април 2007.
  • Clements, James F. (2000). Birds of the World: a Checklist. Cornell University Press. стр. 880. ISBN 0-934797-16-1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]