Голема стрнарка
Голема стрнарка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Стрнарки |
Род: | Emberiza Brehm, 1831 |
Вид: | Голема стрнарка |
Научен назив | |
Emberiza calandra (Linnaeus, 1758) | |
Синоними | |
Miliaria calandra |
Големата стрнарка (науч. Emberiza calandra) е врапчевидна птица овесарка од семејството на стрнарките Emberizidae, група, која современите авторитети ја издвоија од семејството на зебите Fringillidae. Обично е сместена во родот Emberiza, но некои таксономисти ја сместуваат во монотипичнот род Miliaria.[2] Се размножува низ јужна и централна Европа, северна Африка и во Азија до Казахстан. Ја има и во Македонија. Претежно е постојан жител преку целата година, но птиците од постудените краишта на Средна Европа и Азија се селат понајуг зиме.
Опис
[уреди | уреди извор]Големата стрнарка е необична по тоа што половите се исти во изгледот, освен што мажјаците се околу 20% поголеми, што не е одлика на стрнарките каде е изразен половиот диморфизам. Долги се 16-19 см. Мажјаците немаат карактеристични обоени глави. Двата пола наликуваат на чучурлиги, со избразденошарени сивокафеави горни делови, и белкави долни делови, исто така, со линии.
Пеењето на мажјакот е повторлив метален звук, сличен на ѕвечкање на клучеви, обично качен на некоја грмушка или телефонски жици.
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Поведение
[уреди | уреди извор]Живеалиштето на големата стрнарка е отворената земја со дрвја, обработливото земјиште и напуштените ниви. Нејзиниот број многу се намалува во северозападна Европа поради интензивните земјоделски практики и одземање на неговата потреба од снабдување со храна од плевелот, семиња и нсекти, вториве особено значајни при исхраната на младенчињата. Оваа птица неодамна изумре во Ирска, каде претходно била вообичаена.
Размножување
[уреди | уреди извор]Во сезоната на парење мажјакот ја брани својата територија и може да биде полигиничен, со над три женки. Кај нивната популација, половиот сооднос е генерално 1:1, што значи дека некои мажјаци остануваат без женки во текот на една сезона. Мажјаците играат мала улога во родителската грижа, тие не се вклучени во градењето на гнездото или инкубацијата и само ги хранат пилињата кога тие се веќе потпораснати.
Гнездото е направено од трева, обрабено со влакна или потенки тревки, и обично е сместено на земја. Леглото во просек има 4 јајца, обично од 3 до 5, само понекогаш 6.
Статус
[уреди | уреди извор]Во Европа, бројот на големата стрнарка е 7,9-22.000.000 пара, што е еквивалентно на 23,7-66.000.000 поединци (BirdLife International 2004). Европа сочинува 50-74% од глобалниот опсег, така што, многу приближна оценка на глобалната популација е 32-132.000.000 поединци. Поради големата популација и широкиот опсег, иако бројот е во благо опаѓање, според Црвениот список на МСЗП класифициран е како вид со најмала загриженост. Во Англија, владината еколошка организација Природна Англија нуди грантови за спроведување мерки за да се зачува овој вид.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Miliaria calandra“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 7 June 2013.
- ↑ Allende, Luis M; Rubio I, Ruíz-del-Valle V, Guillén J, Martínez-Laso J, Ernesto L, Varela P, Zamora J, Arnaiz-Villena A. (2001). „The Old World Sparrows (Genus Passer) Phylogeography and Their Relative Abundance of Nuclear mtDNA Pseudogenes“ (PDF). Journal of Molecular Evolution. 53(2): 144–154. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-21. Посетено на 2013-09-16.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Natural England Environmental Stewardship Scheme webpages
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Голема стрнарка“ на Ризницата ? |
- BBC статија за голема стрнарка со видео
- ARKive Архивирано на 11 мај 2008 г. Видео.
- Oiseaux Фотографии
- Возраст и пол (PDF; 1.6 MB) од Javier Blasco-Zumeta and Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.