Сезонско парење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Градски врапчиња се парат

Сезонско парење е кога разните видови животни успешно се парат само во определено време во годината. Ова време во годината овозможува раѓањето да е оптимално за опстанок на младите во однос на фактори како што се: температурата, достапност на храна и вода, па дури и во однос на предаторските однесувања кај другите видови.[1] Сексуалните односи се изразуваат и прифаќаат само во текот на овој период. Женките имаат само еден или повеќе циклуси за време на сезоната, односно стануваат плодни и подготвени за парење. Во другиот дел од годината тие сe неплодни. За разлика од репродуктивните циклуси, сезонството го има и кај мажјаците и кај женките. Мажјаците може да покажат промени во нивото на тестостерон, тежината на тестисите и плодностa, зависно од времето во годината.

Сезонските размножувачи се разликуваат од опортунистичките, кои се парат секогаш кога условите во нивната животна средина се погодни, и се разликуваат од продолжителните размножувачи, кои се парат преку целата година, како што се луѓето, на пример.

Сезона на парење[уреди]

Сезоната на парење е најпогодното годишно време, обично кога има добри услови и изобилство од храна и вода потребни за одгледување на потомството. Небиолошките фактори, како времето на сезонските дождови или ветрови, може да играат важна улога во успешноста на размножувањето.

Многу видови се размножуваат во колонии или големи заедници. Често, може да видиме големи конгрегации од истиот вид на некоја омилена локација за време на сезоната на парење. Овие колонии и нивните локации се заштитени со закони за да се заштити видот од истребување. Некои видови може да се размножуваат само во вакви големи колонии, и не прифаќаат помалубројни, ниту пак, да се размножуваат сами. На овие видови им се заканува целосно уништување, ако се ловат на нивната територија за размножување или, пак, ако колонијата е уништена.

Физиологија[уреди]

Хипоталамусот се смета за централен контролор на репродукцијата. Оттука, факторите кои го детерминираат сезонскиот размножувач кога ќе биде подготвен за парење, влијаат на ова ткиво. Ова се постигнува конкретно преку промени во производството на хормонот GnRH. GnRH за возврат транзитира во хипофизата, каде што ја промовира секрецијата на гонадотропините LH и FSH, двата клучни хормони за репродуктивната функција и однесување, во крвотокот. Промените на лачење на гонадотропинот значат крај на плодноста кај женките.

Фактори кои го условуваат времето на плодност[уреди]

Фотопериод[уреди]

Кога сезонскиот размножувач ќе биде подготвен за парење е строго регулирано од должината на денот (фотопериод) и годишното време. Фотопериодот влијае на промените на излачување на мелатонинот со секреција на шишарковидната жлезда, кое условно алтер GnRH го испушта од хипоталамусот. [2]

Сезонските размножувачи може да ги поделиме во групи, според тоа кога се плодни. Циклусот на долгодневните размножувачи започнува кога денот станува подолг, напролет, а неплодни се преку есен и зима. А краткодневните, пак, обратно. Кај нив сезоната на размножување е кога денот е пократок, наесен, а неплодни се напролет и лете. Намалувањето на светлината во текот на есента го намалува отпуштањето на ретиналнте нерви, за возврат се намалува побудувањето на чувствувителноста на нервот на грлото на матката, кој потоа ја намалува инхибицијата на шишарковидната жлезда, кое конечно резултира со зголемување на мелатонинот. Ова зголемување на мелатонинот резултира со зголемување на GnRH и последователно, зголемување на хормоните LH и FSH, кои го стимулираат циклусот.[3]

Должината на денот предизвикана од географската ширина, исто така, може да влијае на размножувањето. Така, на пример, овците и козите од тропските краишта може да се размножуваат преку целата година, а оние од постудените се краткодневни размножувачи.

Генерално, женките се почувствителни на промените на должината на денот. На пример, за разлика од кобилите, коњите се плодни преку целата година, само во еден период им се намалува сексуалното однесување и производството на сперматозоиди.

Други фактори[уреди]

Други фактори кои влијаат на периодот на размножување се, на пример, присуството на подготвен и достапен партнер. Присуството на плоден мажјак елен, ќе го предизвика цилусот кај женката веднаш по запознавањето.

Еколошки фактори може да бидат исхраната и хормоните,[2] тежината и возраста, исто така.[4]

Делумна листа на сезонски размножувачи[уреди]

Многу животни кои не се цицачи се сезонски размножувачи, како на пример, многу птици и риби. Еве ја делумната листа на сезонските размножувачи од цицачите:

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Prendergast BJ (2005). „Internalization of seasonal time“. „Horm. Behav.“ 48 (5): 503–11. doi:10.1016/j.yhbeh.2005.05.013. PMID 16026787. 
  2. 2,0 2,1 M. N. Lehman, R. L. Goodman, F. J. Karsch, G. L. Jackson, S. J. Berriman, H. T. Jansen (1997). „The GnRH System of Seasonal Breeders: Anatomy and Plasticity“. „Brain Res. Bull.“ 44 (4): 445–57. doi:10.1016/S0361-9230(97)00225-6. PMID 9370210. 
  3. L. Senger, Phillip (2005). „Pathways to Pregnancy and Parturition“ (2nd Revised издание). стр. 154. 
  4. Garel M, Solberg EJ, Saether BE, Grøtan V, Tufto J, Heim M (2009). „Age, size, and spatiotemporal variation in ovulation patterns of a seasonal breeder, the Norwegian moose“. „Am. Nat.“ 173 (1): 89–104. doi:10.1086/593359. PMID 19072136.