Лос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лос
Moose superior.jpg
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Оддел: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Artiodactyla
Семејство: Cervidae
Потсемејство: Capreolinae
Род: Alces
Вид: A. alces
Биномен назив
Alces alces
(Лине, 1758)
Распространетост на лосот
Синоними

Cervus alces Лине, 1758

Лосот (Alces alces) е најголемиот и најтешкиот претставник од фамилијата елени. Може да биде долг и повеќе од 3 м и тежок до 700 кг. Мажјаците се двојно поголеми од женките. Од другите елени се разликуваат по големите и широки рогови на мажјаците кои се сраснати во форма на лопата. Телото на лосовите е прекриено со темнокафеаво крзно, додека нозете им се светли и имаат широки чапунки за газење по кал или снег. Мажјаците на грлото имаат набрана кожа прекриена со крзно. Роговите ги отфрлаат секоја година, по што им растат нови. Лосовите живеат во шуми во близина на езера, мочуришта и други водени површини. Мошне добро трчаат, а изненадувачки добро пливаат и нуркаат. Лете влегуваат во вода и се хранат со водни растенија, а зиме јадат гранчиња од дрвја. Тоа се внимателни животни, најчесто активни во самрак, а дење воглавно се одмораат. Мажјаците лете живеат сами, а женките внимаваат на младите, додека зиме се задржуваат во поголеми или помали стада предводени од женки.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Мажјак и женка лос

Лосот обично живее во тајгите и умерените широколисни и мешани шуми на северната хемисфера во умерена до субарктичка клима. Ловењето и другите човечки активности предизвикаа намалување на опсегот на живеалиштето на лосовите со текот на времето. Во моментов, повеќето лосови се наоѓаат во Канада, Алјаска, Нова Англија, скандинавските, балтичките држави и Русија.

Женка лос

Лосот живее во средина во која може да најде соодветна исхрана (пр. езерски треви, млади дрвја и грмушки), а вооено да е заштитен од предатори како и од екстремно топло или ладно време. Во текот на годишните времиња лосовите патуваат помеѓу различни живеалишта за да ги задоволат овие потреби.[2] Лосот со својата дебела кожа, густо крзно кое ја задржува топлината и нискиот сооднос помеѓу површина и волумен е приспособен за живеење во ладни услови и одлично го толерира студот, но има ниска толеранција на топлина. Топлото време го преживува со повлекување на сенка, на провев или со потопување во ладна вода. На топло лосовите лесно можат да се најдат како шлапаат или пливаат во езерата или барите. Кога е многу изложен на топлина постојат големи шанси лосот да не се храни соодветно во лето, а со тоа и да не складира доволно сало за да ја преживее зимата. Женките исто така, може да не бидат во состојба да се отелат без потребното стекнување на тежина во текот на летото. На лосот му е потребен пристап како до младите шуми за брстење, така и до старите шуми за наоѓање на засолниште.

Млад лос

Лосовите ги избегнуваат областите со малку или воопшто без снег бидејќи ова го зголемува ризикот од наидување на предатори, како што се волците, и исто така ги избегнуваат областите со длабок снег бидејќи тоа ја намалува нивната мобилност. Поради тоа лосовите избираат средина која балансира со бројот на предатори, достапнст на храна и длабочината на снегот.[3] Со повторната појава на бизонот во тајгите се појави загриженост за компетиција за зимската животна средина на лосот, а со тоа и негово намалување на популацијата. Како и да е, ваков проблем не се појави. Лосот го претпочита субалпскиот појас во рана зима, додека бизонот преферира влажни ливади и пасишта. Во доцна зима лосот преферира речни долини и листопадни шуми или алпски терени над крајот на шумата, додека бизонот преферира влажни ливади и пасишта или сончеви нагиби.[4]

Изрежирана слика на лов на лос во Норвешка

Популација[уреди | уреди извор]

Северна Америка:

  • Во Канада : Се проценува дека има околу 500,000 до 1,000,000 лосови, [5] со 150,000 во Њуфаундленд во 2007 год. кои потекнуваат од само четирите кои беа претставени во 1900-тите.[6]
  • Во САД : Се проценува дека има околу 300,000:
    • Алјаска: Се проценува дека има околу 200,000 во 2011 год.[7]
    • Североисток: Проценето е дека има околу 50,000 во Њујорк и Нова Англија во 2007 год.[8]
    • Планинските држави: Во Вајоминг се наоѓаат најголем дел од лосовите во тој регион, проценети се 7,692 во 2009 год.[9]
    • Горниот Среден Запад: Мичиген се проценува дека има 433 во 2011 год.,[10] Висконсин 20–40 во 2003, Минесота 5600 во североистокот во 2010,[11] и околу 100 во северозападот во 2009.[12]

Европа и Азија:

  • Финска : Во 2009 год. имало популација од 115,000.[13]
  • Норвешка : Во 2009 год. имало популација од околу 120,000.[14] Во 2015 год. 31,131 лосови биле мета на лов. Во 1999 год. рекорден број од 39,422 биле уловени.[15]
  • Летонија : во 2015 год. имало околу 21,000.[16]
  • Естонија : 13,260[17]
  • Полска : 2,800[18]
  • Чешка : максимум 50[18]
  • Русија : Во 2007 имало околу 600,000.[19]
  • Шведска : Популација од околу 300,000–400,000. Околу 100,000 се ловени секоја есен.[20][21] Околу 10,000 годишно се усмртени во сообраќајни незгоди.[22]

Подвидови[уреди | уреди извор]

Евроазиски лос

Moose-Gustav.jpg

A. a. alces Финска, Шведска, Норвешка, Летонија, Естонија и Русија. Го нема повеќе во централна и западна Европа освен во Полска, Литванија и Белорусија, со одредена популација во Чешка, Словачка и северна Украина. Многу мал број може да се забележи и во Шкотска, Велика Британија, а од скоро и во источна Германија. Мажјаците тежат околу 300 до 475 кг, а женките 275 до 375 кг. Висината на рамена варира од 1,7 до 2,1 м.[23]
Јакутиски лос, или средносибирски/Ленски лос[24]

Wading moose.jpg

A. a. pfizenmayeri Источен Сибир, Монголија и Манџурија. Најчесто може да се најде во шумите на источна Русија. Тоа е најчестиот вид на лос во Азија. Неговата распространетост почнува од реката Енисеј на запад и најголем дел од Сибир. Сличен е по големина на западниот лос од Канада.
Усурски или амурски лос [24] A. a. cameloides Распространет во Амурско-Усурската област на источна Русија, како и североисточниот дел од Кина. Од другите лосови се разликуваат по големината на нивните рогови кои се многу помали или воопшто ги немаат. Тоа е најмалиот подвид на лос со висина на рамената од 1,65 до 1,85 м, и тежина од 200 до 350 кг.[25]
Чукотски или источно сибирски лос[24]

Male Moose.jpg

A. a. buturlini Распространет е од североисточен Сибир преку Корјачкиот округ и полуостовот Камчатка. Тоа е најголемиот лос во Европа и Азија. Со својата големина може да се спореди, па дури и да го надмине алјаскиот лос (A. a. gigas). Мажјаците може да пораснат до 2,15 м височина и да тежат помеѓу 500 и 725 кг; женките се нешто помали.
Источен лос

Alces alces Cape Breton Highlands National Park.jpg

A. a. americana Источна Канада, влучително и источен Онтарио, цел Квебек и Атлантска Канада. Североисточен САД вклучително и Мејн, Њу Хемпшир, Вермонт, Масачусетс, Рон Ајленд, Конетикат и северен Њујорк. Се забележува раст на популацијата. Ова е еден мал подвид на лос, женките тежат околу 270 кг, мажјаците тежат во просег 365 кг и мажјаците се високи 2 м.
Западен лос

Lonesome-Lake-Moose.jpg

A. a. andersoni Британска Колумбија до западен Онтарио, источен Јукон, Северозападни Територии, јужнозападен Нунавут, Мичиген (горниот полуостров), северен Висконсин, северна Минесота, и североисточна Северна Дакота. Средно голема раса каде возрасната женка тажи околу 340 до 420 кг, а возрасниот мажјак 450 до 500 кг.[26]
Алјаски лос

Bigbullmoose.jpg

A. a. gigas Алјаска и западен Јукон. Најголемиод подвид од Северна Америка.[27]
Шираски лос

Shiras Bull at Cecret Lake a 07-25-12.JPG

A. a. shirasi Колорадо, Ајдахо, Монтана, Орегон, Јута, Вашингтон и Вајоминг.[28] Најмалиот подвид во Северна Америка, тежок околу 230 до 344 кг.
† Кавкаски лос

Elch.PNG

A. a. caucasicus Кавказ. Изумрен поради губење на соодветна животната средина и претерано ловење. Можел да се најде во Иран, Русија, Грузија, Азербејџан и Турција.

Опис и анатомија[уреди | уреди извор]

Череп на лос

Рогови[уреди | уреди извор]

Рововите во тек на раст се покриени со тенок слој од крзно наречено „кадифе“. Крвните садови во кадифето носат хранливи материи за раст на роговите.

Мажјаците имаат рогови како и останатите претставници од фамилијата елени. Женките избираат партнер врз основа на големината на роговите. Мажјаците ја користат големината на нивните рогови со цел да ја заплашат и обесхрабрат конкуренцијата, а неретко доаѓа и до борба помеѓу ривалите.[29] Големината и стапката на раст на роговите зависи од диетата и возраста; симетријата го одразува здравјето на лосот. [29]

Роговите на мажјаците растат како цилиндрични греди кои се испакнуваат на двете страни од главата под прав агол на средната линија на черепот, а потоа се разгрануваат. Долниот крак од ова разгранување може да биде едноставно, или поделено на два или три забци, со понекое зарамнување. Роговите на лосот се широки и во форма на лопата со забци по должината на надворешниот раб.[29] Роговите на возрасен алјаски лос (стар 5 до 12 години) имаат максимален распон поголем од 200 см. До 13-годишна возраст роговите на лосот се намалуваат во големина и симетрија. Најголемиот забележан распон е 210 см. Алјаскиот лос исто така го држи рекордот за најтешки рогови со 36 кг.[29]

Во исклучително ретки околности и кај женките може да пораснат рогови. Ова обично се должи на хормонски дисбаланс.[30]

Референци[уреди | уреди извор]

  1. Hundertmark, K.. Alces alces. „Црвен список на МСЗП“ (МСЗП) том  2016: e.T56003281A22157381. doi:10.2305/IUCN.UK.2016-1.RLTS.T56003281A22157381.en. http://oldredlist.iucnredlist.org/details/56003281/0. посет. 2 јуни 2018 г. 
  2. https://extension.unh.edu/resources/files/Resource003858_Rep5484.pdf
  3. Dussault, Christian, Jean‐Pierre Ouellet, Réhaume Courtois, Jean Huot, Laurier Breton, and Hélène Jolicoeur. "Linking moose habitat selection to limiting factors." Ecography 28, no. 5 (2005): 619-628.
  4. Jung, Thomas S., Sophie M. Czetwertynski, and Fiona KA Schmiegelow. "Boreal forest titans do not clash: low overlap in winter habitat selection by moose (Alces americanus) and reintroduced bison (Bison bison)." European Journal of Wildlife Research 64, no. 3 (2018): 25.
  5. "Hinterland Who's Who". Hww.ca. Архивирано од изворникот на 2013-04-24. конс. 2013-05-25. 
  6. "Newfoundland's 120,000 moose are descended from just four that were introduced a century ago". Canadacool.com. Архивирано од изворникот на 2011-07-24. 
  7. Interior Alaska Moose News (Fall 2011), p. 6, "How Do Scandinavia and Alaska Compare?"
  8. "Archived copy". Архивирано од изворникот на 2010-08-04. конс. 2010-08-20. 
  9. "Wyoming moose numbers fall short", Billings Gazette, May 28, 2009
  10. ""DNRE Survey Results Indicate Approximately 433 Moose in Western Upper Peninsula"". Michigan.gov. 2017-05-25. конс. 2018-06-04. 
  11. ""2010 Aerial Moose Survey"" (PDF). конс. 2018-06-04. 
  12. "Moose Management and Research Plan Update" (PDF). конс. 2018-06-04. 
  13. RiistaWeb. Riistaweb.riista.fi. Retrieved on 2011-01-09.
  14. "Elgen truer skogen" (Norwegian). Aftenposten. 
  15. "Elgjakt, 2015/2016". Statistisk sentralbyrå. 
  16. "zm.gov.lv" (Latvian). zm.gov.lv. Архивирано од изворникот на 2015-10-06. конс. 2015-10-06. 
  17. "Põtrade arvukust tahetakse oluliselt vähendada." Postimees 06.26.2013. Retrieved on 6-27-2013. (естонски)
  18. 18,0 18,1 "Factsheet: Eurasian Elk (Elk, reindeer, roe deer (Cetartiodactyla Cervidae Capreolinae) > Alces alces)". Lhnet.org. Архивирано од изворникот на 2013-07-27. конс. 2013-06-27. 
  19. Baskin, Leonid M. (2009 г). Status of Regional Moose Populations in European and Asiatic Russia. „Alces“ том  45: 1–4. http://alcesjournal.org/index.php/alces/article/viewFile/4/3. 
  20. "jagareforbundet.se" (Swedish). jagareforbundet.se. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. конс. 2013-12-01. 
  21. salenalgen.se Om älgar Архивирано 2012-06-20 во Wayback Machine.
  22. "Så många djur dödas i trafiken varje år | SvD". Svd.se. 2003-12-29. конс. 2018-06-04. 
  23. Smith, A. T., Xie, Y., Hoffmann, R. S., Lunde, D., MacKinnon, J., Wilson, D. E., & Wozencraft, W. C. (Eds.). (2010). A guide to the mammals of China. Princeton University Press.
  24. 24,0 24,1 24,2 "Asian Moose". Bear Creek Journal. Архивирано од изворникот на 2013-06-20. конс. 2013-06-27. 
  25. Jackson, K. (2009). Moose. Reaktion Books.
  26. "Moose in British Columbia" (PDF). Ministry of Environment, Lands and Parks, British Columbia. конс. 2014-08-18. 
  27. Franzmann, A. W., LeResche, R. E., Rausch, R. A., & Oldemeyer, J. L. (1978). Alaskan moose measurements and weights and measurement-weight relationships. Canadian Journal of Zoology, 56(2), 298-306.
  28. "Moose Status and Hunting in Washington By Dana L. Base, Associate Wildlife Biologist August 2004". Архивирано од изворникот на June 21, 2007. конс. 2009-12-07. 
  29. 29,0 29,1 29,2 29,3 Rodgers, Art (2001), "Appearance and characteristics", Moose, Voyager Press, стр. 24–27, ISBN 978-0-89658-521-8 
  30. It’s a Bull Moose…No a Cow… Joe Viechnicki, KFSK – Petersburg 10-19-09