Балтички држави

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Balti riigid  (естонски)
Baltijas valstis  (латвиски)
Baltijos valstybės  (литвански)
Балтички држави
Местоположбата на Балтички држави
Местоположбата на  Балтички држави  (темнозелена)

на Европскиот континент  (темносива)  —  [Легенда]

Главни градови: Талин; Рига; Вилнус
Официјални јазици: естонски; латвиски; литвански
Членство  Естонија
 Латвија
 Литванија
 -  Вода (%) 2.23% (3,909 km²)
Население
 -  проц. 2010 г. 6,913,490 (100-та)
БДП (ПКМ) проц. 2010 г.
 -  Вкупно $108.136 милијарди[1] (63-та)
 -  По глава на жител $15,665 (56-та)
БДП (номинален) проц. 2010 г.
 -  Вкупно $74.502 милијарди[1] (68-ма)
 -  По глава на жител $10,792 (67-ма)

Балтичките држави (естонски: Balti riigid, латвиски: Baltijas valstis, литвански: Baltijos valstybės, руски: Прибалтика) се три независни држави во Северна и Источна Европа, членки на Европската Унија и НАТО. Трите балтички држави се: Естонија, Латвија и Литванија. Пред 1918 и 1920 година, по завршувањето на Првата светска војна, а проследено со векови странска окупација, Балтичките држави се избориле за независност. Во тој период и Финска била сметана за балтичка држава, поради фактот што заедно со Литванија, Латвија и Естонија, и Финска се ослободила од руска контрола. Сепак, денес Финска се смета за Нордиска држава.

Естонците и Ливонците во Латвија, кои лингвистички се асимилирани, се припадници на групата народи наречена Балтички Финци и споделуваат слични културни карактеристики и сродни јазици. Латвијците и Литванците се поврзани културно и лингвистички и се потомци за Балтите. Долги векови овие народи ги населувале источните брегови на Балтичкото Море, понекогаш живеејќи во бурни воени години, а понекогаш во стабилни држави.

Од 1940 до 1991 година, Балтичките држави биле во склоп на СССР и од страна на САД, Обединетото Кралство, Канада или НАТО се сметало дека овие држави биле окупирани од Советската власт.[2] [3]. Балтичките држави биле меѓу првите поранешни советски републики што прогласиле независност. Така, во 1991 година независноста на сите три држави била обновена. Руските трупи почнаа да се повлекуваат од регионот во август 1993 година. Последните руски трупи ги напуштиле териториите во август 1994.[4] Последниот руски радар (Скрунда-1) беше заклучен во август 1998 година.[5]

Естонија, Латвија и Литванија се членки на ЕУ и НАТО од 2004 година. Денес, тие се слободни демократски општества со слободен економски пазар и со релативно стабилен развој и економија. Сепак, овие три економии биле силно погодени за време на економската криза од 2008/2010.[6]

Статистички податоци[уреди]

Општи статистики
(сите три се парламентарни републики и се членки на ЕУ од 1 мај 2004)
Знаме Естонија Латвија Литванија
Држава Естонија Латвија Литванија
Главен град Талин Рига Вилнус
Независност -До 13 век
-24 февруари 1918
-20 август 1991
- До 13 век
-18 ноември 1918
-21 август 1991
-До 18 век
-16 февруари 1918
-11 март 1990
Моментален лидер Томас Хендрик Илвес Валдис Затлерс Далиа Грибаускаите
Население (2007) 1,340,602 (01/2007) 2,270,700 (12/2007) 3,369,600
Население (2000) 1,376,743 2,375,000 3,490,800
Густина на население 29/km² = 75/sq mi 36/km² = 93/sq mi 52/km² = 134/sq mi
Површина 45,227 km² = 17,413 sq mi 64,589 km² = 24,937 sq mi 65,200 km² = 25,173 sq mi
Водна површина % 4.56% 1.5% 1.35%
БДП (ПКМ) вкупно $26.85 милијарди (2007) $41.108 милијарди (2007) $66 милијарди (2008)
БДП (ПКМ) по глава на жител $21,800 $18,103 $19,730
БДП (номинален) вкупен $16.410 милијарди $20.101 милијарди $48.132 милијарди
БДП (номинален) по гл. на жит. $15,310 $8,852 $14,273
Џини 34 37.7 36
ИЧР 0.883 0.866 0.870
Интернет домеини .ee .lv .lt
Повикувачки број +372 +371 +370
Најголеми градови по население
  1. Латвија Рига (709,145)
  2. Литванија Вилнус (555,613)
  3. Естонија Талин (406,643)
  4. Литванија Каунас (361,274)
  5. Литванија Клаипеда (188,954)
  6. Литванија Шиаулиаи (125,883)
  7. Литванија Паневежис (116,749)
  8. Латвија Даугавпилс (103,754)
  9. Естонија Тарту (102,817)
  10. Латвија Лиепаја (84,411)
Најголеми градови населени од Литванци, Латвијци и Естонци
  1. Литванија Каунас (335,624)
  2. Литванија Вилнус (312,708)
  3. Латвија Рига (299,968)
  4. Естонија Талин (217,416)
  5. Литванија Клаипеда (135,557)
  6. Литванија Шиаулиаи (120,263)
  7. Литванија Паневежис (113,585)
  8. Естонија Тарту (83,814)
  9. Литванија Алитус (66,390)
  10. Латвија Лиепаја (44,653)

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]