Тарту

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тарту
Град
Tartu Sights And Skyline.jpg
Од горе до доле: центарот на градот, стариот град на Тарту, Универзитетот Тарту
Знаме на Тарту
Знаме
Грб на Тарту
Грб
Гесло: Heade mõtete linn ("Град на добри мисли")
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 502: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Estonia" nor "Шаблон:Location map Estonia" existsЛокација во Естонија
Координати: 58°23′N 26°43′E / 58.383°СГШ 26.717°ИГД / 58.383; 26.717Координати: 58°23′N 26°43′E / 58.383°СГШ 26.717°ИГД / 58.383; 26.717
Држава Естонија
Округ Тарту
Првпат населен5. век
Град одпред 1262 г.
Наречено поТаара или тарвас (Тур)
Управа
 • ГрадоначалникУрмас Клаас
Површина
 • Вкупна38.80 км2
 • Земјишна37,9 km2 (14,6 sq mi)
 • Вода1,3 km2 (0,5 sq mi)  3.39%
Надм. вис.57.2 м
Најг. вис.79 m (259 ft)
Население (2016)[1]
 • Вкупно93.687
 • Густина2.508,6/км2 (64,970/ми2)
Етнички групи
 • Естонци80.1%
 • Руси14.6%
 • други5.3%
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Поштенски факс50050 до 51111
Рег. таб.T
Мреж. местоtartu.ee

Тарту (Јужноестонски: Тарто) е втор најголем град во Естонија, по главниот град Талин.

Тарту често се смета за интелектуален центар во државата,[2][3][4] посебно бидејќи во градот се наоѓа најстариот и најпрочуен универзитет во државата, Универзитетот Тарту. Во градот исто така се наоѓаат Врховниот суд на Естонија, Министерството за образование и истражување и естонскиот народен музеј. Во градот се одржува познатиот естонски музички фестивал.

Лоциран 186 километри југоисточно од Талин и 245 километри североисточно од Рига, Тарту лежи на реката Емајиги ("река мајка"), која ги поврзува двете најголеми езера во Естонија. Во градот исто така се наоѓа вториот најголем аеродром во државата, аеродромот Тарту.

Историски имиња[уреди | уреди извор]

Од 1918 година е во употреба естонското име Тарту, но поради тоа што градот бил под контрола од различни владетели низ својата историја, постојат разни имиња на различни јазици. Најголемиот дел од нив потекнуваат од најраната докажана форма, естонскиот Тарбату. На германски, шведски и полски јазик градот бил познат и понекогаш сеуште именуван како Дорпат. На руски јазик, градот бил познат како Јуријев и како Дерпт. Слично, градот е познат како Тербата во латвијскиот јазик. Зборувачите на финскиот јазик го користат топонимот Тартто.

Историја на градот[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Зградата на Универзитетот Тарту

Археолошки докази за првите трајни населби на местото на сегашниот Тарту датираат од раниот 5. век од нашата ера.[5][6] До 7. век, локалните жители изградиле дрвени објекти на источната страна на ридот Тооме (Toomemägi).[6]

Првиот документиран запис од областа бил направен во 1030 година од хроничари од Киевскиот Рус. Јарослав I Мудриот, принц на Киев, го освоил регионот таа година,[6] изградил своја тврдина и го именувал Јуријев. Киевските владетели потоа собирале данок од околната древна област Уганди, веројатно до 1061 година, кога, според хрониките, Јуријев бил запален од племето Чуди. Киевскиот Рус повторно го контролирал Тарту од 1133 година непознат временски период, веројатно до 1176/1177 година.[7] Во 12. век Тарту бил најзначајна словенска населба во територијата Чуд.

Естонскиот историчар аматер Ен Хаабсаар шпекулира дека "Јуријев" споменат во овој контекст е всушност Била Церква, град кој исто така бил откриен од Јарослав I Мудриот во истиот период, 1032 година.[8]

Средновековна епископија[уреди | уреди извор]

Стариот град
Пазар во Тарту
Централен Тарту

За време на периодот на Северните крстоносни војни на почетокот на 13. век, тврдината Тарбату (или Тарбата, Тарту) била освоена од Ливонијското братство на мечеви — уште познато како Браќата на мечот — и повторно освоена од естонци во неколку прилики. Во 1224 година, откако Уганди ја признала врховната власт на кнезовите на Новгород и Псков кои испратиле дополнителни сили предводени од принцот Вјачко од Кукеноис на тврдината, таа била под опсада и освоена за последен пат од германските крстоносци.[9] Подоцна, познат како Дорпат (латински: Тарбатум), Тарту станал трговски центар од големо значење за време на Средниот век и главен град на полу-независната Дорпатска епископија.

Во 1262 година војската на принцот Дмитриј Александрович, син на Александар Невски започнала напад на Дорпат, заробувајќи го и уништувајќи го градот. Неговите воени сили не успеале да ја освојат тврдината на епископот на ридот Тооме. Настанот бил евидентиран во германските и староруски хроники, кои исто така го даваат првиот запис на населба на германски трговци и занаетчии кои произлегле заедно со тврдината на епископот.

Во средновековните времиња, откако Ливонијскиот ред бил вклучен во Тевтонски ред во 1236 година, градот станал важен тровски центар. Во 1280. години Дорпат се приклучил на Ханза. Како во цели Естонија и Латвија, најголемиот дел благородници кои говореле германски јазик, но во Тарту/Дорпат (како и Талин) уште повеќе, балтичко германската буржоазија, литератите, ја доминирале културата, религијата, архитектурата, образованието, и политиката се до крајот на 19. век. На примeр, објектот на градското собрание во Дорпат бил дизајниран од архитект од Росток во Мекленбург, додека универзитетските објекти биле дизајнирани од Јохан Вилхелм Краузе, исто така германец. Многу, ако не и сите, од студентите, и повеќе од 90 проценти од членовите на факултетите биле од германско потекло, и бројни статуи на познати ученици со германски имиња можат да се најдат во Тарту денес. Повеќето германци го напуштиле градот на почетокот на 20. век, главно поради Heim ins Reich програмата на нацистите, по Пактот Рибентроп-Молотов во 1939 година.

Полско и Шведско владеење[уреди | уреди извор]

Во 1558 година силите на Големото московско кнежество предводени од царот Иван Грозни го окупирале регионот во она што стана познато како Ливонска војна. Дорпат бил заробен без борба и локалниот епископ бил затворен во Москва, со што завршил периодот на локална самоуправа. Како ефект на мирововниот договор Јам-Запољском од 1582 година, градот заедно со јужните региони од Ливониската конфедерација станале дел од Полско-литванската унија. Во 1598 година градот станал главен град на Дорпатското војводство во склоп на Ливониското војводство. Во 1583 година, во градот било отворено исусовско училиште за граматика „Gymnasium Dorpatense“. Освен тоа, во градот бил организиран семинар за преведувачи и градот добил црвено-бело знаме од полскиот крал Стефан Батори.

Активностите за граматичкото училиште и семинарот биле прекинати поради Полско-шведската војна. Веќе кон крајот на 1600 година воените сили на Карл IX Шведски го опседнале градот. И покрај повторливите напади, швеѓаните не можеле да влезат во градот. Конечно во 1601 година, капетанот Херман Врангел ја сменил страната, го нападнал кастеланот и ги отворил портите за шведските воени сили. Градот бил повторно заземен од Полска на 13 април 1603 година по кратка опсада предводена од хетман Јан Карол Ходкевич; околу 1000 шведски војници се предале и биле пренесени во Талин.

Во ефект на уште една Полско-шведската војна, во 1625 година Тарту бил повторно освоен од Шведска, овојпат успешно. Во ефект на Алтмаркскиот мировен договор од 1629 година, градот станал дел од териториите на Шведска, со што се основал Универзитетот Тарту во 1632 година од кралот Густаф II Адолф Шведски.

Империска Русија[уреди | уреди извор]

Градското собрание во Тарту

Со Ништадскиот мировен договор од 1721 година, градот станал дел од Руската империја и бил познат како Дерпт. Пожари во 18. век уништиле многу од средновековната архитектура, а големиот пожар од 1775 година ги уништил поголемиот дел од градбите во центарот на градот. Градот бил повторно изграден во доцен барок и неокласичен стил вклучувајќи го објектот на градското собрание кој бил изграден помеѓу 1782 и 1789 година.[10]

За време на втората половина на 19. век, Тарту бил културен центар за естонците во ерата на романтичниот национализам. Во градот бил одржан првиот музички фестивал во 1869 година. Театарот Ванемуине, првиот народен театар, бил основан во 1870 година. Тарту било местото каде што било основано Друштвото на естонски писатели во 1872 година.

Железничка станица била отворена во 1876 година кога била изградена рутата Тапа–Тарту. Објектот бил отворен во 1877 година.

Во 1893 година, градот бил преименуван во древното руско име Јуријев. Универзитетот подоцна бил русифициран од 1895 година и бил воведен задолжителен руски јазик во учењето. Голем дел од имотот на универзитетот бил преселен во Вороњеж во 1918 година и за време на германската окупација универизитетот работел под името Универзитет Дорпат. За време на естонската војна за независност, универзитетот бил повторно отворен како универзитет на естонски јазик на 1 декември 1919 година.

Прв период на независност[уреди | уреди извор]

Со естонската независност по Првата светска војна, градот официјално го добил името Тарту. На крајот на естонската војна за независност, мировен договор помеѓу Болшевиците и Естонија бил потпишан на 2 февруари 1920 година во Тарту (Тартскиот договор). Договорот значел дека Советска Русија се откажала од територијални претензии кон Естонија "засекогаш". Сепак, како резултат на Пактот Рибентроп-Молотов од 1939 година, Советскиот Сојуз ја окупирал Естонија и Тарту во 1940 година.

Мировен договор помеѓу Советска Русија и Финска бил исто така потпишан во Тарту во 1920 година,

Советски период[уреди | уреди извор]

За време на втората светска војна, голем дел од градот како и историскиот камени мост Kivisild (изграден од Катерина II во 1776–1778) преку реката Емајиги биле уништени од германската војска, делумно во 1941 година и речиси целосно во 1944 година. Веќе силно оштетениот Тарту бил бомбардиран од советските сили на 27 јануари 1943, 26 февруари 1944, 7–8 март 1944, и 25–26 март 1944. По крајот на војната, голем дел од историските градби биле претворени во рушевини. Дури и помалку оштетените градби во целиот град биле урнати по наредба на окупаторските власти и големи делови од земјата биле претворени во јавни паркови.

По војната, Тарту бил прогласен за "затворен град" за странци, и воена воздушна база била изградена на аеродромот Раади, на североисточните предградија на градот. Тоа било една од најголемите воени воздушни бази во Источна Европа и тука биле сместени меѓународни воени авиони, кои носеле нуклеарни бомби. На асфалтната патека сега е сметен голем пазар на користени автомобили, и понекогаш се користи за автомобилски трки.

Аеродромот Тарту бил отворен на јужната страна од градот во 1946 година. Покрај аеродромот, естонската воздухопловна акдемија била основана во 1993 година и естонскиот воздухопловен музеј бил отворен за јавноста во 2002 година.

За време на советскиот период, бројот на население во Тарту речиси се зголемил двојно од 57,000 на 100,000 жители, делумно поради масовната имиграција од други области од Советскиот Сојуз.

Модерен период[уреди | уреди извор]

Откако Естонија ја повратила својата независност во 1991 година, центарот во стариот град бил реновиран. Посебно, Црквата „Свети Јован“, која била во рушевини од втората светска војна била обновена

Голем број на комерцијални и бизнис објекти биле издигнати (трговскиот центар Тарту, Таску, комерцијалниот центар Емајие, Лунакескус, Квартал и т.н.). Највисоката станбена зграда и локална знаменитост Тигуторн била отворена во 2008 година

Научниот центар АХХАА бил преместен во нов објект во 2011 година и нов главен објект на естонскиот народен музеј бил отворен во 2016 година.

Клима[уреди | уреди извор]

Тарту лежи во рамките на умерено-континентална климатска зона. Климата е прилично блага земајќи ја во превид високата географска широчина, главно поради близината на Балтичкото море и топлите струи од Атлантикот. Сепак, континенталното влијание може да се почуствува во топлите летни денови и студените зимски периоди, кога температурите можат повремено (но ретко) да се спуштат под −30 °C (−22 °F). Општо гледано, летата се студени и топли и зимите се студени.

Климатски податоци за Тарту 1981–2010
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 9.7
(49.5)
10.4
(50.7)
18.4
(65.1)
27.3
(81.1)
30.1
(86.2)
31.1
(88)
34.2
(93.6)
35.1
(95.2)
30.2
(86.4)
21.5
(70.7)
13.6
(56.5)
12.5
(54.5)
35.1
(95.2)
Прос. висока °C (°F) −2.1
(28.2)
−2.2
(28)
2.7
(36.9)
10.6
(51.1)
17.0
(62.6)
20.1
(68.2)
22.7
(72.9)
21.2
(70.2)
15.4
(59.7)
9.2
(48.6)
2.5
(36.5)
−1
(30)
9.7
(49.5)
Сред. дневна °C (°F) −4.6
(23.7)
−5.3
(22.5)
−1.0
(30.2)
5.5
(41.9)
11.5
(52.7)
15.0
(59)
17.6
(63.7)
16.2
(61.2)
11.0
(51.8)
6.1
(43)
0.3
(32.5)
−3.3
(26.1)
5.8
(42.4)
Прос. ниска °C (°F) −7.1
(19.2)
−8.2
(17.2)
−4.3
(24.3)
1.1
(34)
6.0
(42.8)
9.7
(49.5)
12.5
(54.5)
11.7
(53.1)
7.4
(45.3)
3.5
(38.3)
−1.5
(29.3)
−5.6
(21.9)
2.1
(35.8)
Најниска забележана °C (°F) −35.4
(−31.7)
−35.8
(−32.4)
−25.9
(−14.6)
−11.4
(11.5)
−5.9
(21.4)
0.1
(32.2)
3.1
(37.6)
2.0
(35.6)
−4.3
(24.3)
−13.8
(7.2)
−20.8
(−5.4)
−32.2
(−26)
−35.8
(−32.4)
Прос. врнежи мм (ин) 48
(1.89)
35
(1.38)
28
(1.1)
30
(1.18)
55
(2.17)
84
(3.31)
72
(2.83)
86
(3.39)
61
(2.4)
69
(2.72)
53
(2.09)
49
(1.93)
680
(26.77)
Прос. релативна влажност (%) 88 85 79 69 66 72 74 78 83 86 89 89 80
Сред. бр. сончеви часови месечно 31.5 63.6 127.3 183.3 257.0 251.1 268.6 219.9 135.8 81.5 31.3 24.3 1.675,8
Извор: Estonian Weather Service[11][12][13][14]

Политика[уреди | уреди извор]

Советот на градот Тарту се состои од 49 членови, кои се избираат од жителите на секои четири години со користење на пропорционален систем на застапување.[15]

Извршната власт во градот се состои од градоначалник и негови пет заменици.[16] Актуелен градоначалник е Урмас Клаас. Андрус Ансип, Премиер на Естонија од 2005 до 2014 година, бил градоначалник на Тарту од 1998 до 2004 година. На оваа позиција потоа се нашле и други политичари кои биле министри во естонската влада, Лаине Јенес и Урмас Крусе. Сите тие се членови на естонската реформска партија, која доминира во Тарту од 1998 година.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.год. ±%
188129.974—    
189742.308+2.18 %
192250.342+0.70 %
193458.876+1.31 %
195974.263+0.93 %
197090.459+1.81 %
1979104.381+1.60 %
1989113.320+0.83 %
1995104.874−1.28 %
2000101.241−0.70 %
2005101.483+0.05 %
2010103.284+0.35 %
201597.332−1.18 %
Од 2011 година се користи нов статистички метод на пресметка.
Етнички
групи
Статистика за 2016 г.[1]
Број %
Естонци 75,000 80.1%
Руси 13,651 14.6%
Украинци 967 1.0%
Финци 886 1.0%
Белоруси 344 0.4%
Германци 287 0.3%
Латвијци 183 0.2%
Полјаци 126 0.1%
Литванци 114 0.1%
Други/Непознато 2,129 2.3%
Вкупно 93,687 100%

Населби[уреди | уреди извор]

Тарту е официјално поделен на 17 населби, кои не носат административни цели. Нивните имиња и граници се дефинирани.

Населба Површина (ha) Жители во 2001 Жители во 2006 Жители во 2012
Анелин 541 30000 28200 27480
Ихасте 424 1000 1800 2322
Јаамамиса 149 3000 3000 3202
Карлова 230 9500 9000 9073
Кесклин 180 7500 6700 6575
Марјамоиса 113 800 500 377
Раади-Крусаме 283 5000 4800 4626
Ропка 146 5500 5300 5120
Ропка тустусрајоон 354 2700 2700 2511
Ренилин 122 2500 1800 1732
Супилин 48 2100 1800 1790
Таммелин 311 8000 8100 8195
Техтвере 250 4500 3500 3023
Ваксали 75 2900 3100 3206
Варику 77 2000 1900 1840
Веерику 281 5500 5300 5561
Улејие 302 8200 7700 7876

Економија[уреди | уреди извор]

Најмногу познат како универзитетски град, Тарту исто така е место на тешка индустрија. Прехрамбената индустрија традиционално е важна за економијата на градот и некои големи компании како А. Ле Кок, Тарту Мил и Салвест се наоѓаат тука. Кроонпрес е водечка печатарска компанија во балтичките држави.

На почетокот на 21. век, многу ИТ претпријатија и други компании за висока-технологија биле основани во Тарту. Позначајни се Плејтех Естонија, Нортал (поранешна Вебмедија Груп), ЗироТрнараунд, Таркон, Регио и Рејнтри Естонија. Скајп има канцеларија во Тарту. Универзитетот е еден од најголемите работодавачи, што го објаснува големиот број на високо квалификувани професионалци – истражувачи, професори и доктори.

Образование и култура[уреди | уреди извор]

Градот е познат како дом на Универзитетот Тарту, основан од кралот Густаф II Адолф Шведски во 1632 година. Главно поради оваа причина, Тарту исто така – иронично – е познат како „Атина на Емајиги“ или како „Хајделберг на северот“.

Тарту исто така е седиште на естонскиот универзитет за животни науки, балтичкиот колеџ за одбрана, естонската воздухопловна акдемија (порано позната како воздухопловен колеџ Тарту), и Министерството за образование и истражување. Други значајни институции со седиште во градот се Врховниот суд на Естонија (отворен во Тарту во 1993 г.), естонскиот историски архив, естонскиот народен музеј, естонскиот спортски музеј како и најстариот театар во државата, театарот Ванемуине.

Наука[уреди | уреди извор]

Тарту е интелектуален центар на Естонија како и на Балтичките земји повеќе векови. Ученици кои учеле во Тарту се пионерот на ембриологијата Карл Ернст Ритер, пионерот на студиите за однесување на животните Јакоб вон Икскул, и културниот теоретичар и семиотичар Јури Лотман. Тарту-московското училиште е едно од водечките научни училишта во областа на семиотиката.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Архитектурата и градското планирање на историскиот Тарту главно датираат од периодот пред независноста, период кога германците ги формирале горната и средната класа во општеството, и притоа придонесувале многу архитекти, професори и локални политичари.

Најзначајни се старата лутеранска црква „Св. Јован“ (естонски: Jaani Kirik), зградата на градското собрание која датира од 18. век, зградата на универзитетот, рушевините на катедралата од 13. век, ботаничките градини, главната трговска улица, многу градби околу плоштадот пред градското собрание и плоштадот Барклај.

Историската гето област наречена Супилин се наоѓа на брегот на реката Емајиги, близу до центарот на градот и се смета за една од малкутте преживеани "сиромашни" населби од 19. век. Моментално Супилин убрзано се реновира, доживувајќи бавна трансформација од историското гето во престижна населба од висока класа.

Втората светска војна уништила големи делови од центарот на градот и за време на советската окупација многу нови градби биле издигнати – посебно новиот театар Ванемуине. Типичните населби во советски стил од блокови на висококатни згради биле изградени помеѓу втората светска војна и обновувањето на естонската независност во 1991 година, а таква најголема е населбата Анелин.

Моментално, Тарту исто така е познат по неколкуте модерни градби од „челик, бетон и стакло“, но исто така градот успеал да го задржи миксот од стари и нови градби во централниот дел. Позначајни примери се кулата Тигуторн и центарот Емајие, изградени по независноста на Естонија; овие две градби се двете највисоки во градот. Големата маса на студенти подразбира дека во градот се развива ноќен живот, со голем број на ноќни клубови, барови, и ресторани, вклучувајќи го пабот со највисок таван во светот.

Секоја година, во лето, Тарту го организира фестивалот на ханзеатските денови (естонски: Hansapäevad) за да го прослави ханзеатското богатство. Фестивалот вклучува настани како пазар на ракотворби, историски работилници и спортски турнири.

Спорт[уреди | уреди извор]

Тарту е дом на кошаркарскиот клуб КК Тарту, кој настапува во естонската лига, балтичката лига и во ФИБА Еврочеленџ.

Фудбалскиот клуб Таммека Тарту, кој се натпреварува во првата естонска фудбалска лига, е лоциран во градот.

Светското првенство во спортско ориентирање во 2017 година ќе биде одржано во Тарту.[17]

Познати личности[уреди | уреди извор]

Меѓународни врски[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Тарту е збртимен со следниве градови:[18]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Population number, area and density, 1 January". Statistics Estonia. конс. 25 November 2015. 
  2. Tartu – the intellectual centre of Estonia estlandia.de
  3. Jonathan Bousfield The Rough Guide to Estonia, Latvia & Lithuania. Rough Guides UK. Page 126
  4. Sergey Chernov. Tartu: Estonia's Intellectual and Theater Capital The Moscow Times, Dec. 24 2012
  5. "Tartu". Encyclopædia Britannica. конс. 26 January 2013. 
  6. 6,0 6,1 6,2 Mäesalu, Ain (12 October 2001). "Vene kroonikate Jurjev oli tõenäoliselt siiski Tartu" (естонски). Sirp. конс. 26 January 2013. 
  7. Freymuth, Otto (1927). "Tartu orduajal" (естонски). конс. 26 January 2013. 
  8. Haabsaar, E. Kas Vene kroonikate Jurjev oli tõepoolest Tartu? Sirp, 21.09.2001.
  9. Anti Selart, Ivar Leimus, Linda Kaljundi, Heiki Valk. Ristiretked ja vallutussõjad 13. sajandi Liivimaal, in "Eesti ajalugu II. Eesti keskaeg." Editor Anti Selart. Tartu 2012. Pp. 52—53
  10. The Town Hall of Tartu, tartu.ee, retrieved 27 December 2013
  11. "Climate normals-Temperature". Estonian Weather Service. конс. 24 September 2016. 
  12. "Climate normals-Precipitation". Estonian Weather Service. конс. 24 September 2016. 
  13. "Climate normals-Humidity". Estonian Weather Service. конс. 24 September 2016. 
  14. "Climate normals-Sunshine". Estonian Weather Service. конс. 24 September 2016. 
  15. "Tartu Linnavolikogu liikmete nimekiri". Tartu.ee. 17 November 2009. конс. 21 November 2010. 
  16. "Linnavalitsuse koosseis". Tartu.ee. 15 June 2010. конс. 21 November 2010. 
  17. http://www.woc2017.ee
  18. "Tartu sõpruslinnad" (естонски). Tartu. конс. 1 May 2012. 
  19. "Tartu arendab suhteid Armeenia linna Gümriga" (естонски). Äripäev. 16 November 2004. конс. 30 May 2012. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]