Исусовци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Исусовци
КратенкаSJ, Jesuits
ГеслоAd majorem Dei gloriam
Основанаавгуст 15, 1534; пред 489 години (1534-08-15)
ВидКатолички религиозен орден
СедиштеChurch of the Gesu (Mother Church), General Curia (administration)
МестоRome, Italy
Координати41°54′4.9″N 12°27′38.2″E / 41.901361° СГШ; 12.460611° ИГД / 41.901361; 12.460611Координати: 41°54′4.9″N 12°27′38.2″E / 41.901361° СГШ; 12.460611° ИГД / 41.901361; 12.460611
Генерален секретар на Друштвото на ИсусАдолфо Николас
Клучни лицаИгнатиј Лојола — основач
Главно телоГенерал Курија
Вработени4018 [1]
Мреж. местоwww.sjweb.info
Жигот на Исусовците кој го симболизира Името Исусово - Isus HristoS

Дружбата Исусова или Исусовците (лат. Societas Jesu, SJ или SI), а некаде и Езуити е католички црковен ред, основан од Игнасио Лојола во Париз во 1534 година[2]. Основното мото на редот е Ad majorem Dei gloriam („За поголема Божја слава“). Членовите на редот често се нарекувале и Исусови војници за време на појавата на протестантството во Европа, кога Исусовците биле формирани во служба на Противреформацијата. Исусовците се под директна надлежност на Папата, а а исто така има и Генерален Приор (Генерален надзорник), кој директно раководи со Редот. Сегашниот Генерален Приор на заедницата е Адолфо Николас.

Овој црковен ред денес брои околу 20.000 членови и е најброен католички ред во светот. Припадници на Редот можат да бидат само мажи. Редот има и околу 150 членови на просторот на Балканскиот Полуостров. Во Македонија свештениците исусовци служат во католичката жупна катедрала на Скопската бискупија „Пресвето Срце Исусово“ и во придружната катедрала на битолската жупа во Охрид „Свети Кирил и Методиј и Свети Бенедикт“.

Историја[уреди | уреди извор]

Исусовците, исто така наречени ,, Друштвото на Исус’’ e христијански црковен ред на романската католичка црква составен само од припадниците на посилниот пол. Членовите се именувани како Езуити. Друштвото се занимава со евангелизам и свештеничка служба во 112 нации на шест континенти. Езуитите работат во образованието ( формираат школи, факултети, универзитети и семинарии), во интелектуалното истражување, и во културата. Тие пружат засолниште, помагаат во болниците и во парохиите и исто така ја промовираат социјалната правда и екуменизмот. Друштвото е создадено од Игнасио де Лојола откако бил застрелан во битка и искусил религиозна преобразба. Го составил делото ,,Духовни вежби’’ за да им помогне на другите да го следат учењето на Исус Христос. Во 1534, Игнасио и уште шестмина млади момци, вклучувајќи го и Франсиско Ксавиер и Пјер Фабер, се здружиле и се заколнале на оскудица, чесност, послушност, и дале посебна заклетва за послушност кон папата. Правилото број 13 од книгата на Игнасио ,, Мислејќи заедно со црквата’’ e: Да бидеме сите со исто мислење и согласни...., и ако црквата тврди дека било што е црно, а на нас ни се причинува дека е бело, учтиво е да го прогласиме за црно.’’ Планот на Игнасио за организацијата на друштвото бил одобрен од страна на папата Павле III во 1540 преку булата која ја содржела ,, Формулата на Институтот’’. Поради военото искуство на Игнасио и готовноста на членовите да ги прифатат наредбите било каде во светот и ако е потребно дури да живеат во екстремни услови, почетните точки на овој документ за основање гласат дека Друштвото на Исус е основано за ,, секој оној што сака да служи како војник на Господ’’, ,, да се стреми посебно за одбраната, за ширењето на вербата и за напредокот на душата кон христијанскиот живот и христијанската доктрина’’. Па затоа, Езуитите понекогаш се нарекуваат ,, војници на Господ’’или пак ,, маринци на Господ’’. Тие биле дел од контраформацијата, а потоа и во спроведувањето на Вториот Ватикански Совет во католичката црква. Дружината на Исус е под заштита на Мадона дела Страда, назив за Дева Марија, и е предводено од Врховниот генерал, во моментот Адолфо Николас. Седиштето на Езуитите е во Рим.

Статистика[уреди | уреди извор]

Jesuits in the World — January 2013[1][3]
Област Езуити Процент
Африка 1,509 9%
Јужна Латинска Америка 1,221 7%
Северна Латинска Америка 1,226 7%
Јужна Азија 4,016 23%
Азија-Тихоокеанија 1,639 9%
Средна и Источна Европа 1,641 10%
Јужна Европа 2,027 12%
Западна Европа 1,541 9%
Соединети Американски Држави 2,467 14%

Основање[уреди | уреди извор]

Игнасио де Лојола
Црквата Сен-Пјер де Монмартр, Париз
Фреска изработена од Јохан Кристоф Хандке којашто го прикажува Игнасио де Лојола како ја прима папската повелба од Папата Павле III.


На 15ти август 1534 година, Игнасио де Лојола, шпанец со баскиско потекло, заедно со шестмина други студенти на Парискиот универзитет ( Франсиско Ксавиер, Алфонсо Салмерон, Диего Лаинез, Николас Бобадиља, Пјер Фавр, Симау Родригеш) – се состанале во Монмартр, надвор од Париз, во гробницата под црквата ,, Сен Дени’’, или денешна ,, Сен Пјер де Монтмартр’’. Тие се нарекувале Дружината на Исус и Пријатели на Господ бидејќи ,, се пронајдиле со помош на Исус Христос’’. Називот на дружината е донекаде воен ( дружина – пешадија), како и дисциплински ( придружници на Исус). Терминот ,, company ‘’ ( компанија, дружина) основно доаѓа од латинските зборови cum + pane = со леб, односно група којашто дели оброци. Во 1537 тие отишле во Италија за да бараат одобрување од папата. Папата Павле III им дал пофалби и им дозволил да бидат ракоположени за свештеници. Овие првобитни чекори довеле до формирање на подоцнежната Дружина на Исус во 1540год. Поимот societas потекнува од латинскиот збор socius, партнер или пријател. Тие биле ракоположени во Венеција од страна на бискупот Арб. Езуитите го посветиле својот живот на проповедање и на хуманитарна дејност во Италија бидејќи повторната Италијанска војна од 1535 – 1538 помеѓу Карло V или светиот римски цар во Венеција, папата и Отоманското Царство го отежнала патувањето во Ерусалим. Тие го претставиле проекот пред папата Павле III. По неколкумесечна расправија, повеќето кардинали гласале за одобрување на изнесеното ,, уредување на редот’’, па така папата Павле III го потврдил редот преку булата Regimini militantis ecclesiae, на 27 септември, 1540 година, но го ограничил бројот на членови на шеесет. Овој документ бил основачкиот документ за Езуитите како официјален католички и религиозен ред. Ограничувањето на бројот на членови било отфрлено преку булата Exposcit debitum. Игнасио бил одбран за прв врховен генерал ( предводник на Езуитите). Тој ги праќал неговите придружници како мисионери низ Европа за да оформуваат школи, факултети, семинарии. Првите езуити главно се концентрирале на само неколку главни активности со цел да ја исполнат мисијата за ,, Формулата на Институтот на дружината’’. Најпрво отвориле училишта низ Европа. Езуитите-учители биле детално обучени за класични студии и теологија, па тоа се одразило и врз нивните училишта. Потоа, тие испратиле мисионери насекаде низ светот, во предели како денешен Парагвај, Јапонија, Онтарио, Етиопија, за да ги покрстат оние луѓе коишто сè уште не го имале чуено Евангелието. Исто така, тие се стремеле да го спречат ширењето на протестантството и да ја сочуваат причеста со Рим и следбеникот на Павле. Фанатизмот на Езуитите го спречил движењето на протестантството во Полска, Литванија и јужна Германија. Игнасио ги напишал Законите на Езуитите, присвоени во 1554 година, коишто придонеле за создавање на централизирана организација која нагласува целосно одрекување и послушност кон папата и другите надредени, perinde ac [si] cadaver [essent] , послушни како лешови. Неговиот главен принцип станал неофицијалното мото на Езуитите: Ad Maiorem Dei Gloriam или ,,за возвишената слава на Господ. ‘’. Оваа изрека е создадена со цел да се вкорени мислењето дека секоја работа што не е злобна може да биде достојна за духовниот живот , дури и работите коишто обично се сметаат за безначајни, но само ако се извршени со оваа намера. Дружината на Исус е класифицирана помеѓу институтите како питачки одред составен од свештеници, односно, организација на свештеници кои вршат апостолска работа, следат религиозни правила и зависат од милостина или донации за да опстанат. Поимот ,,езуит’’ (потекнува од 15 век и означува оној кој го премногу често го употребува името Христово), најпрво се користел за понижување на дружината (1544-52). Поимот никогаш не се користел од страна на основачот, иако понекогаш членовите и пријателите на друштвото го присвојувале но во позитивно значење.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Curia Generalis, Society of Jesus (2007-05-07). „News from the Curia (Vol. 11, N. 9)“. The Jesuit Portal - Society of Jesus Homepage. Архивирано од изворникот на 2011-04-03. Посетено на 2010-10-10. The annual statistics of the Society for 2006 have been compiled and will be mailed to the Provinces within a few days. As of January 1, 2007 the number of Jesuits in the world was 19,216 (364 fewer than in 2005)...
  2. „Кој се Исусовците - Британска страница на Дружбата Исусова во Велика Британија“. Архивирано од изворникот на 2010-02-09. Посетено на 2009-12-16.
  3. See perspective circle graph (3D pie chart) on Google Images.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]