Марду

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марду
Град
Општина
Muuga.jpg
Знаме на Марду
Знаме
Грб на Марду
Грб
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 502: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Estonia" nor "Шаблон:Location map Estonia" existsМестоположба на градот на картата на Естонија
Координати: 59°28′41″N 25°00′58″E / 59.47806° СГШ; 25.01611° ИГД / 59.47806; 25.01611Координати: 59°28′41″N 25°00′58″E / 59.47806° СГШ; 25.01611° ИГД / 59.47806; 25.01611
Земја Естонија
ОкругFlag of et-Harju maakond.svg Харју
Градски статус1980
Површина
 • Вкупна22,76 км2 (879 ми2)
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2012)
 • Вкупно16.512
 • Густина7.3/км2 (19/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Поштенски код74111
Мреж. местоwww.maardu.ee

Марду (естонски: Maardu) — град и општина во Естонија, со население од 16,512 жители според податоци од 2012 година, зафаќа површина од 22,76 km² и се наоѓа во округот Харју. Градот всушност претставува градско подрачје од Талин.

Историја[уреди | уреди извор]

Марду своите почетоци ги има како индустриско населено место. Благодарение на своите фосфати, во 1939 година населеното место започнало да се развива. Пред 1963 година Марду имал статус на индустриско населено место, додека во 1980 година довил статус на град. Во 1991 година Марду добил статус на посебна административна единица.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот Марду се наоѓа на брегот на заливот Муга (дел од Финскиот Залив). Се наоѓа на околу 15 километри североисточно од главниот град Талин, во непосредна близина на автопатот Талин - Нарва.

Во јужниот дел на градот се наоѓа езерото Марду, западно од градот тече реката Пирита, додека на север се наоѓа пристаништето Муга.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Марду може да биде поделен на четири дела:

  • Калавере, центарот на градот
  • Муга, поранешен град-градина
  • Карму, индустриска зона
  • Кроди, индустриска зона

Население[уреди | уреди извор]

Година Население
по година
[1]
2001 16 729
2002 16 706
2003 16 677
2004 16 648
2005 16 601
2006 16 570
2007 16 550
2008 16 549
2009 16 531
2010 16 529
2011 17 524

Пристаништето во градот е најголемо карго пристаниште во Естонија. Според пописот од 2000 година, населението на градот броело 16.738 жители. 61,7% биле Руси, 19,9% Естонци, 6,6% Украинци, 5,7% Белоруси, 1,5% Татари, 0,9% Финци, 0,6% Полјаци, 0,5% Литванци, 0,2% Латвијци, 0,2% Германци и 0,1% Евреи. Процентот на Естонците бил еден од најниските во Централна и Западна Естонија.

Образование[уреди | уреди извор]

Во градот има четири училишта: средно училиште на естонски јазик како и две училишта на руски јазик и училиште за уметност.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]