Куресаре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Куресаре
Замокот Куресаре
Знаме на Куресаре
Знаме
Грб на Куресаре
Грб
Куресаре се наоѓа во Естонија
Куресаре
Местоположба на градот на картата на Естонија
Координати: 58°15′ СГШ 22°29′ ИГД / 
Земја  Естонија
Округ Saaremaa lipp.svg Саре
Прво споменување 1154
Површина
 • Вкупна 14,95 км2
Надм. вис. 5 м
Население (2012)
 • Вкупно 13.166
 • Густина 0.0.088.066.889.632.107.0.000/km2
Етнички групи
 • Естонци 97.6%
 • останати 2,4%
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Поштенски код 93813
Повик. бр. (+372) 045
Рег. таб. K
Мреж. место www.kuressaare.ee

Куресаре (естонски: Kuressaare, германски: Arensburg) — град и општина на островот Сарема во Естонија, со население од 13.166 жители според податоци од 2011 година[1], и зафаќа површина од 14.95 km². Градот е главен град на округот Саре и е најзападниот град во Естонија. Куресарњ се наоѓа на брегот од Ришкиот Залив.

Име[уреди | уреди извор]

Историското име на градот е Арсенбург[2]. Градот започнал да се развива околу тврдината и со текот на времето бил познат и како Куресаре но двете имиња се користеле истовремено, до 1918 година кога градот ја отврлил германската форма. Во рамките на советската власт, градот бил преименуван во Кингисепа според болшевичкиот револуционер Виктор Кингисеп[3] и ова име се користело до падот на комунизмот и прогласувањето на независност на Естонија во 1990 година[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Градот за првпат се појавил на карта околу 1154 година. Во овој период островот се викал Осел. Во 1227 година градот бил освоен од Ливонското братство на мечот на чело со Волквин[4]. Првите документи за замокот произлегуваат од латински текстови кои биле напишани во 1381 година. со текот на времето градот станал познат како Аренсбург или Куресарелин[3], и населението главно своите домови ги градило околу замокот. Во 1228 година во градот била основана Епископија Осел-Виек од страна на Алберт Ришки[5]

Градското собрание
Историски објект во центарот на градот

Во 1542 година Јохан фон Минхаусен преминал во протестантство. Со напредувањето на руските војски на чело со Иван IV во времето на Ливонската војна, тој го дал градот на данскиот крал Фредерик II во 1559 година. Неговиот брат Магнус следната година бил назначен за епископ на градот.

Во 1645 година градот паднал под контрола на Шведска по данскиот пораз во Шведско-данската војна (1643 – 1645)[2]. Во следниот период градот го променил своето име во Куресаре. Во 1710 година градот изгорел до темел кога руските сили го зазеле островот за време на Големата Северна војна.

Во текот на 19 век Куресале станала популарно туристичко место за одмор. За време на Првата светска војна, во периодот помеѓу септември и октомври 1917 година, германските копнени и поморски сили го окупирале островот. Во текот на Втората светска војна, во близина се одвила Техумардиската битка. Во октомври 1990 година, Куресаре станал првиот град во Естонија кој го вратил својот самоуправувачки статус.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Во средновековниот епископски замок денес е сместен регионалниот музеј Сарема[6][7]. Замокот првично бил изграден од дрво помеѓу 1338 и 1380 година, иако други извори тврдат дека тврдината била изградена уште во 1260 година. Во 1968 година, архитектот Калви Алуве започнал свое истражување за замокот.[8]

Градското собрание првично било изградено во 1654 година, додека во последните години било обновено, задржувајќи ги своите класични и барокни функции[9]. За последен пат зградата била обновена во 1960-тите[9].

Во градот се наоѓа црквата Св. Никола, која била изградена во 1790 година.[9].

Култура[уреди | уреди извор]

Во градот секоја година се одржуваат денови на Саремската опера во текот на летниот период. Од 1999 година се одржува фестивал на камерна музика и поморски фестивал кој се одржува од 1998 година.

Градот е домакин на фудбалскиот клуб Куресаре.

Клима[уреди | уреди извор]

Климатски податоци за Куресаре (1971–1999)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 8.3
(47)
10.8
(51)
12.1
(54)
24.0
(75)
26.2
(79)
31.4
(89)
30.9
(88)
32.0
(90)
24.5
(76)
18.6
(65)
12.6
(55)
9.4
(49)
32.0
(90)
Прос. висока °C (°F) −0.1
(32)
−0.8
(31)
1.8
(35)
7.5
(46)
14.6
(58)
18.6
(65)
20.7
(69)
20.0
(68)
15.1
(59)
9.9
(50)
4.8
(41)
1.6
(35)
9.5
(49)
Сред. дневна °C (°F) −2.2
(28)
−3.3
(26)
−0.9
(30)
3.6
(38)
10.0
(50)
14.5
(58)
16.9
(62)
16.4
(62)
11.9
(53)
7.4
(45)
2.8
(37)
−0.4
(31)
6.4
(44)
Прос. ниска °C (°F) −4.9
(23)
−6.2
(21)
−3.8
(25)
0.4
(33)
5.7
(42)
10.4
(51)
13.1
(56)
12.7
(55)
8.8
(48)
4.7
(40)
0.6
(33)
−3.1
(26)
3.2
(38)
Најниска забележана °C (°F) −31.6
(−25)
−29.8
(−22)
−20.9
(−6)
−9.4
(15)
−3.8
(25)
1.0
(34)
6.4
(44)
3.7
(39)
−3.1
(26)
−9
(16)
−16.4
(2)
−32.6
(−27)
−32.6
(−27)
Прос. врнежи мм (ин) 44
(1.73)
31
(1.22)
33
(1.3)
35
(1.38)
32
(1.26)
49
(1.93)
58
(2.28)
63
(2.48)
71
(2.8)
72
(2.83)
72
(2.83)
59
(2.32)
617
(24.29)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1.0 mm) 11 8 9 8 6 7 7 10 12 12 14 14 118
Прос. релативна влажност (%) 87 86 85 79 71 75 78 80 82 84 86 87 82
Извор: Estonian Weather Service[10][11]

Население[уреди | уреди извор]

Етничка група 1970[12] 1979[13] 1989[14] 2000[15] 2011[16]
arv % arv % arv % arv % arv %
Население 12140 100 14207 100 16166 100 14925 100 13166 100
Естонци 10658 87,79 12783 89,98 14999 92,78 14548 97,47 12861 97,68
Руси 1063 8,76 1076 7,57 833 5,15 211 1,41 159 1,21
Украинци 261 2,15 187 1,32 178 1,10 63 0,42 41 0,31
Белоруси 64 0,53 44 0,31 51 0,32 12 0,08 9 0,07
Отанати 94 0,77 117 0,82 105 0,65 91 0,61 96 0,73

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. REL 2011: EESTI ELANIKKOND KOONDUB SUUREMATE LINNADE ÜMBER
  2. 2,0 2,1 Bes, Lennart; Frankot, Edda; Brand, Hanno (2007). Baltic Connections: Denmark, Estonia, Finland, Germany. BRILL. стр. 178. ISBN 978-90-04-16431-4. https://books.google.com/books?id=ZYSfMk22m-YC&pg=PA178. конс. 4 јуни 2012 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Pospelov.
  4. Kjaergaard, Thorkild (1994). Castles around the Baltic Sea: the illustrated guide. Castle Museum. стр. 64. ISBN 978-83-86206-03-2. https://books.google.com/books?id=df8WAQAAIAAJ. конс. 4 јуни 2012 г. 
  5. Murray, Alan V. (2001). Crusade and conversion on the Baltic frontier, 1150–1500. Ashgate. стр. 11. ISBN 978-0-7546-0325-2. https://books.google.com/books?id=vXVoAAAAMAAJ. конс. 4 јуни 2012 г. 
  6. O'Connor, Kevin (2006). Culture And Customs of the Baltic States. Greenwood Publishing Group. стр. 207. ISBN 978-0-313-33125-1. https://books.google.com/books?id=8Dl2i1Fkd_cC&pg=PA207. конс. 4 јуни 2012 г. 
  7. Jarvis, Howard; Ochser, Tim (2 May 2011). DK Eyewitness Travel Guide: Estonia, Latvia & Lithuania. Dorling Kindersley. стр. 32. ISBN 978-1-4053-6063-0. https://books.google.com/books?id=r3HAJH39SP4C&pg=PA32. конс. 4 јуни 2012 г. 
  8. Lang, V.; Laneman, Margot (2006). Archaeological research in Estonia, 1865–2005. Tartu University Press. стр. 185. https://books.google.com/books?id=xJciAQAAIAAJ. конс. 4 јуни 2012 г. 
  9. 9,0 9,1 9,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Taylor2010.
  10. „Kliimanormid-Õhutemperatuur“ (на estonian). Estonian Weather Service. http://web.archive.org/web/20120222111033/http://www.emhi.ee/index.php?ide=6,299,302. конс. 28 септември 2016 г. 
  11. „Kliimanormid-Sademed, õhuniiskus“ (на estonian). Estonian Weather Service. http://web.archive.org/web/20120222112141/http://www.emhi.ee/index.php?ide=6,299,303. конс. 28 септември 2016 г. 
  12. Население районов, городов и поселков городского типа Эстонской ССР : по данным Всесоюзной переписи населения на 15 января 1970 года. Таллинн, 1972.
  13. Eesti Vabariigi maakondade, linnade ja alevite rahvastik. 1. osa, Rahvaarv rahvuse, perekonnaseisu, hariduse ja elatusallikate järgi : 1989. a. rahvaloenduse andmed : statistikakogumik. Tallinn, 1990, lk. 27
  14. Eesti Vabariigi maakondade, linnade ja alevite rahvastik. 1. osa, Rahvaarv rahvuse, perekonnaseisu, hariduse ja elatusallikate järgi : 1989. a. rahvaloenduse andmed : statistikakogumik. Tallinn, 1990, lk. 32
  15. Päring Statistikaameti andmebaasist
  16. Päring Statistikaameti andmebaasist

Надворешни врски[уреди | уреди извор]