Ришки Залив

Координати: 57°37′32″N 23°35′05″E / 57.62556° СГШ; 23.58472° ИГД / 57.62556; 23.58472
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ришки Залив
ПодрачјеЕвропа
Координати57°37′32″N 23°35′05″E / 57.62556° СГШ; 23.58472° ИГД / 57.62556; 23.58472
Населени местаРига, Јурмала, Перну, Куресаре, Салацгрива, Саулкрасти, Ајнажи

Ришки Залив или Ливонски Залив (латвиски: Rīgas jūras līcis, естонски: Liivi laht, руски: Рижский залив) — голем залив во Балтичкото Море помеѓу Латвија и Естонија.

Зафаќа површина од 18.000 км2, а најголемата длабочина изнесува 67 м. Заливот е делумно одделен од морето со островот Сарема (Естонија). Главен излез од него е Ирбенскиот Проток. Во состав на Естонија влегува е островот Рухну, кој се наоѓа во средината на заливот. Во склоп на заливот т.н. Вјајнанско Море и Монзундскиот (Западноестонски) Архилепаг.

Позначајни градови во заливот се Рига, Перну, Јурмала и Куресаре, а позначајни реки што се влеваат во него се Даугава, Перну, Лиелупе, Гауја и Салаца.

Граници[уреди | уреди извор]

Според Меѓународната хидрографска организација, западната граница на заливот е „линија од Лисерскиот ’Рт (57°34' СГШ) во Латвија до јужниот крај на островот Есел [Сарема], преку овој остров до Паманскиот ’Рт (22°34' ИГД), па оттаму до ’ртот Енмаст, јужниот крај на Даге [Хиума], преку Даге до ’ртот Тахкуна, неговиот северен крај, и кон ’ртот Спитхамн [Песаспеја] во Естонија“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 6 февруари 2010. (англиски)