Вилјанди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вилјанди
Град
Општина
Viljandi town hall.jpg
Знаме на Вилјанди
Знаме
Грб на Вилјанди
Грб
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 502: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Estonia" nor "Шаблон:Location map Estonia" existsМестоположба на градот на картата на Естонија
Координати: 58°22′N 25°36′E / 58.367° СГШ; 25.600° ИГД / 58.367; 25.600Координати: 58°22′N 25°36′E / 58.367° СГШ; 25.600° ИГД / 58.367; 25.600
Земја Естонија
ОкругViljandimaa lipp.svg Вилјанди
Основање1263
Управа
 • ГрадоначалникАндо Кивиберг
Површина
 • Вкупна14,62 км2 (564 ми2)
Надм. вис.&1000000000000008300000083 м
Население (2013)
 • Вкупно17 473
Етнички групи
 • Естонци94%
 • Руси3%
 • other2.1%
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Поштенски код71020
Повик. бр.(+372) 043
Рег. таб.D
Мреж. местоwww.viljandi.ee

Вилјанди (естонски: Viljandi, германски: Fellin) — град и општина во јужниот дел на Естонија, со население од 17.473 жители според податоци од 2013 година, и главен град на истоимениот округ. Градот за првпат бил споменат во 1283 година, откако му биле доделени градски права од Вилхелм фон Ендорпе. Градот станал член на трговскиот и одбранбениот сојуз Ханза во почетокот на 14 век, и бил еден од петте естонски градови во лигата. Популарниот Естонскиот весник Сакала бил основан во Вилјанди во 1878 година.

Симболи[уреди | уреди извор]

Знамето на Вилјанди е со две бои. Горниот дел на знамето е во светло сина боја додека долниот дел е бела. Грбот на градот е во облик на штит во светло сина боја, со бела роза во средината. Вилјанди е град на белата роза. Во средината на летото има 720 бели рози кои цветаат пред градското собрание, поставени за годишнината на градот во 2003 година. Во текот на летото, Денот на Белата Роза се слави во Вилјанди.

Историја[уреди | уреди извор]

Првото евидентирање на постоење на цивилизација во околината на Вилјанди датира од 5 милениум п.н.е. Првиот писмен запис за градот датира од 1154 година во коментарите на арапскиот картограф Мухамед ал-Идриси во неговото дело „Географија“.

Во текот на 1211 година, градината на Естонците во градот била опколена од страна на заедничката војска на Германците, Латвијците и Литванците. Во август 1223 година градината била освоена од страна на Ливонскиот ред. Следната 1224 година на местото на градината бил изграден замок како еден од најголемите во регионот на Балтикот. Тврдината претставувала голема база на Ливонскиот реди и таа била на неколку пати доградувана во следните години. Градот станал член на трговскиот и одбранбениот сојуз Ханза во почетокот на 14 век, и бил еден од петте естонски градови во лигата.

Во 1470 година, Јохан фон Волтхус Херсе се населил во замокот. Во средниот век Вилјанди бил типичен мал трговски град, кој своите главни приходи ги добивал од транзитот на трговијата. Локалните трговци и занаетчии играле подеднакво важна улога за развојот на градот. Во 1481 година, Иван III го ставил под опсада замокот, но не успеал да го освои. Падот на Вилјанди се случил во текот на Ливонската војна кога во 1500 година силите на Големото Руско Кнежество предводени од принцот Курбски успеале да го заземат градот и да го разрушат.

Во текот на полско-руските војни во првиот квартал на 17 век, градот и тврдината биле целосно уништени. Градот бил повторно изграден во текот на 17 век.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на северо-западниот брег на езерото Вилјанди. Зелените зони покриваат 27% од вкупната површина на градот. Јавните зелени површини зафаќаат околу 418 хектари, вклучувајќи 92 хектари паркови. Најголеми се Паркот на замокот, паркот Валуоџа, Кигепарк, Уевски парк и.т.н. Главните видови дрвја се даб, липа, бреза и бор.

Култура[уреди | уреди извор]

Градот Вилјанди понекогаш се нарекува културна престолнина на Естонија, кое делумно се должи на култура академија Вилјанди.

Театарот Угала бил основан во 1920 година. Во градот постои и драмски театар и куклен театар.

Библиотеката во градот била отворена во 2002 година, и истата служи како место за изложби, средби со познати личности, семинари и.т.н. Центарот Кондас е посветен на естонскиот уметник Пол Кондас. Центарот е домаќин на изложби на наивизам|наивистички дела.

Економија[уреди | уреди извор]

Според податоци од 1 мај 2005 година, во градот имало 871 компании, од кои 50% биле услужни, 45% трговски и 5% производствени. Главните индустрии се застапени во производство на градежни материјали, текстил, храна и пекари.

Клима[уреди | уреди извор]

Климатски податоци за Вилјанди (1981–2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 9.6
(49.3)
10.5
(50.9)
17.4
(63.3)
27.3
(81.1)
30.9
(87.6)
31.5
(88.7)
34.2
(93.6)
34.5
(94.1)
29.0
(84.2)
21.5
(70.7)
11.9
(53.4)
11.3
(52.3)
34.5
(94.1)
Прос. висока °C (°F) −1.9
(28.6)
−2.1
(28.2)
2.7
(36.9)
10.5
(50.9)
17.1
(62.8)
20.3
(68.5)
22.8
(73)
21.1
(70)
15.3
(59.5)
9.2
(48.6)
2.7
(36.9)
−0.8
(30.6)
9.7
(49.5)
Сред. дневна °C (°F) −4.4
(24.1)
−5.1
(22.8)
−1.0
(30.2)
5.3
(41.5)
11.3
(52.3)
14.9
(58.8)
17.5
(63.5)
16.1
(61)
11.0
(51.8)
6.0
(42.8)
0.6
(33.1)
−3.1
(26.4)
5.8
(42.4)
Прос. ниска °C (°F) −6.9
(19.6)
−8.1
(17.4)
−4.4
(24.1)
0.8
(33.4)
5.8
(42.4)
9.9
(49.8)
12.5
(54.5)
11.7
(53.1)
7.4
(45.3)
3.2
(37.8)
−1.6
(29.1)
−5.5
(22.1)
2.1
(35.8)
Најниска забележана °C (°F) −34.6
(−30.3)
−33.5
(−28.3)
−25.5
(−13.9)
−11.6
(11.1)
−5
(23)
0.5
(32.9)
3.6
(38.5)
3.4
(38.1)
−4.2
(24.4)
−13
(9)
−21.9
(−7.4)
−28.5
(−19.3)
−34.6
(−30.3)
Прос. врнежи мм (ин) 62
(2.44)
43
(1.69)
42
(1.65)
36
(1.42)
48
(1.89)
87
(3.43)
83
(3.27)
91
(3.58)
67
(2.64)
81
(3.19)
64
(2.52)
60
(2.36)
764
(30.08)
Прос. релативна влажност (%) 89 86 80 70 66 72 75 79 84 87 90 90 81
Извор: Estonian Weather Service[1][2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Climate normals-Temperature“. Estonian Weather Service. конс. 27 September 2016. 
  2. „Climate normals-Precipitation“. Estonian Weather Service. конс. 27 September 2016. 
  3. „Climate normals-Humidity“. Estonian Weather Service. конс. 27 September 2016.