Прејди на содржината

Џиниев коефициент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Светска карта на Џиниеви коефициенти (како %) за 2022 г.[1]
  •   <30
  •   30-35
  •   35-40
  •   40-45
  •   45-50
  •   50+

Џиниев коефициент — мерка на статистичката распределба кој најчесто се користи за мерење на нееднаквоста на распределбата на приходите или за мерење на нееднаквоста на распределбата на богатството. Вредноста на коефициентот е дефинирана во распон од 0 до 1, при што ниска вредност индицира подеднаква распределба на приходите или богатството, а висока вредност (на пр. 1) одговара на целосна нееднаквост (кајшто едно лице го поседува целиот приход, а сите други немаат приходи). Во светски рамки, Џиниевиот коефициент се движи од 0,232 во Данска до 0,707 во Намибија. Наречен е по италијанскиот статистичар Корадо Џини, кој го осмилил и изложил во неговото дело „Разновидност и променливост“ (Variabilità e mutabilità) објавено во 1912 г.[2]

Џиниевиот коефициент може да се изрази и во проценти, така што коефициентот се множи со 100: така во Данска коефициентот би изнесувал 23,2%, а во Намибија 70,7%. Понекогаш знакот за процент се изоставува при прикажувањето на Џиниевиот коефициент, затоа е важно да се знае дека тој може да се движи од 0 до 100, за разлика од коефициентот кој се движи од 0 до 1.

Коефициентот вообичаено се користи и како мерка за дискриминаторската моќ на системите за управување со кредитниот ризик.

Џиниевиот коефициент во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во 2022 и 2023 година, во Македонија, Џиниевиот коефициент изнесувал 29,8 % и 30,3 %, соодветно.[3] — на исто ниво со Германија и Франција.

  1. Haddad, Cameron Nadim; Mahler, Daniel Gerszon; Diaz-Bonilla, Carolina; Hill, Ruth; Lakner, Christoph; Ibarra, Gabriel Lara (2024-06-17). „Inside the World Bank's new inequality indicator: The number of countries with high inequality“. World Bank. Посетено на 2024-10-25.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Gini, C. (1909). "Concentration and dependency ratios" (in Italian). English translation in Rivista di Politica Economica, 87 (1997), 769–789.
  3. Митко Јовановски, „Домаќинствата со повеќе членови во маѓепсаниот круг на сиромаштијата!“, Економија и бизнис, година 28, број 340, 1 октомври 2025, стр. 25-26.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]