Клајпеда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Клајпеда
Градска општина
Skyline of Клајпеда
Знаме на Клајпеда
Знаме
Грб на Клајпеда
Грб
Прекар(и): Уостамиестис (Uostamiestis; „пристаништен град“)
Местоположба на Клајпеда
Местоположба на Клајпеда
Координати: 55°42′40″ СГШ 21°07′50″ ИГД / 
Држава  Литванија
Етнографски регион Мала Литванија
Округ Клајпедски
Општина Градска општина Клајпеда
Прв пат споменат 1252
Доделени градски права 1254
Површина
 • Вкупна 110 км2
Надм. вис. 21 м
Население (2014)
 • Вкупно 157.350[1]
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Поштенски број 91100-96226
Повик. бр. (+370) 46
Мреж. место klaipeda.lt

Клајпеда (литвански: Klaipėda; германски: Memel) — најголем приморски град и најголемо пристаниште во Литванија сместен на устието на реката Дане, која се влива во Балтичкото Море. Претставува трет најголем град во Литванија и е административно седиште на истоимениот округ.

Градот има сложена историја, делумно поради огромното регионално значење на пристаништето, кое не замрзнува во текот на зимата. Бил контролиран од Тевтонските витези, Војводството Прусија, Кралството Прусија, Германското царство, земјите на Антантата веднаш по Првата светска војна, Литванија како последица на буната во 1923 и Третиот Рајх по германскиот ултиматум до Литванија во 1939. Градот бил припоен кон Литванија во текот на нејзиното основање како советска социјалистичка република и останал во Литванија и по нејзиното повторно основање како независна држава.

Бројот на население опаднало од 207.100 во 1992 на 157.350 во 2014. Во близина на градот се наоѓаат популарни приморски одморалиште, градот Нида на југ на Курскиот Провлак и Паланга на север.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Википатување има туристички водич за Клајпеда.