Вермонт
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Вермонт State of Vermont | |||||||||||
| |||||||||||
Службен јазик | Нема | ||||||||||
Главен град | Монтпилиер | ||||||||||
Најголем град | Берлингтон | ||||||||||
Површина | 45. место | ||||||||||
- Вкупно | 24 923 км² | ||||||||||
- Широчина | 130 км | ||||||||||
- Должина | 260 км | ||||||||||
- % вода | 3,8 | ||||||||||
- Гео. ширина | 42° 44′ N до 45° 1′ N | ||||||||||
- Гео. должина | 71° 28′ W до 73° 26′ W | ||||||||||
Население | 49. место | ||||||||||
- Вкупно | 608 827 | ||||||||||
- Густина | 25,41/км² (30. место) | ||||||||||
Надм. вис. | |||||||||||
- Највисока точка | Маунт Мансфилд[1] 1,340 м | ||||||||||
- Најниска точка | Чамплен[1] 29 м | ||||||||||
Влез во сојузот | 4 март 1791 (14) | ||||||||||
Гувернер | Питер Шумлин (Д) | ||||||||||
Сенатори | Патрик Лихи (Д) Берни Сендерс (И) | ||||||||||
Делегација на конгресот | |||||||||||
Часовен појас | {{{часовен појас}}} | ||||||||||
Кратенки | VT US-VT | ||||||||||
Портал | www.vermont.gov |
Вермонт (англиски: State of Vermont) — сојузна држава во североисточниот дел на САД. Главен град е Монтпилиер.
Вермонт се наоѓа во областа Нова Англија, на северозападната страна на САД. По големината на површината Вермонт по ред е 43 држава во Америка со 24 000 км² . Населението во Вермонт според пописот во 2010 година изнасува 630 337 жители и е втората најмала земја во САД, поголема е само од Вајоминг. Ова е единствената држава на Америка која не се граничи со Атлантскиот Океан. Езерото Чамплеин ја зафаќа половината од западната граница на Вермонт, кој ја дели границата со Њујорк. На југ Вермонт се граничи со Масачусетс, на исток со Њу Хемшир, на запад со Њујорк и на север со Канадската провинција Квебек. Вермонт е населен од две поголеми Американски племиња (алгонкинско племе кое зборувало на јазикот Абенаки и племето Ироквис), поголемиот дел од територијата на денешен Вермонт била освоена од Франција во раниот колонијален период. Многу години, блиските колонии, особено Њу Хемшир и Њујорк, ја имаа контролата врз територијата (тогаш викана Њу Хемшир Грантс). Доселениците кои живееја на таа територија се изборија и создадоа една независна држава – Република Вермонт. Таа беше создадена во 1777 година за време на Револуционерната војна и постоеше четиринаесет години. Вермонт е една од седумнаесетте Американски држави (заедно со Тексас, Хаваи, Република Калифорнија и секоја од Тринаесетте колонии) која имаше монархистичка влада. Во 1791 година Вермонт им се придружи на Соединетите Американски Држави како четиринаеста земја, прва која беше надвор од Тринаесетте колонии. Таа не го поддржуваше ропството додека беше независна и по влегувањето во Унијата стана првата земја која го направила тоа. Вермонт е најголем производител на јаворов слад во Америка. Главен град на државата е Монтплие, кој со 7 885 население е најненаселениот главен град во Америка. Најмногу населен град е Барлингтон, чијашто населеност изнесува 211 261 жител. Барлингтон се наоѓа во срцето на Округот Читенден чиешто население изнесува 160 000 жители според пописот во 2010 година.
Географија
[уреди | уреди извор]Вермонт се наоѓа во регионот на Нова Англија, источниот дел на Америка и зафаќа 24 900 км2, со што е и 45 по ред по должина. Копното зафаќа 24 000 км2 а водата 950 км2 и со тоа Вермонт е 43 по ред за најголема површина на копното и 47ми за површината на водата. Заедно со водата и копното Вермонт е поголем од Ел Салвадор а е помал од Хаити. Вермонт е најмалата земја која е опколена со копно. Географскиот центар на Вермонт е Вашингтон, 5 км источно од Роксбури.
Потеклото на името Вермонт не е познато со сигурност но најверојатно доаѓа од францускиот les Vert Monts што во превод значи „Зелените Планини“. Томас Јонг почнал да го употребува тоа има во 1777 година. Некои власт велат дека планините се наречени зелени бидејќи тие беа повеќе покриени со шума за разлика од Белите Планини во Њу Хемшир и Адирондакс во Њујорк. Веригата на Зелените Планини формира таканаречен „’рбет“ од север кон југ, преку целата земја и го зафаќа најголемиот дел од државата, и во центарот има блага свиеност кон запад. На југозападниот дел на државата се наоѓаат Таконските Планини; Границките Планини се на североисточната страна. На северозапад, близу до езерото Чамплен, е богатата долина Чамплен. На југ од долината се наоѓа езерото Бомосин. Вермонт има 14 држави. Само две од нив Лемил и Вашингтон целосно се опколени со територија на Вермонт. Неколку планини имаат шумски појас со деликатен целогодишен алпинистички екосистем, вклучувајќи ги планините Маунт Менсфилд, највисоката планина во државата, Килингтон Пик, втората највисока планина, Камелс Хамп, третата највисока и Маунт Абрахам со петтиот највисок врв. Околу 77 проценти од земјата е покриена со шума а остатокот е покриен со пасишта, висорамнини, езера, вештачки езера и мочуришта.
Некои области на Вермонт како што се Мраш – Билингс Рокфелер Национално Историски Парк (во Вусток) и Апалациската Национална Живописна Трага се дел од Националниот Парк на Вермонт.
Најголеми градови
[уреди | уреди извор]Иако овие населби се доволно големи за да бидат сметани за градови тие не се инкорпорирани како такви. Население во големите населби од пописот во 2010година:Есекс - 19 687 жители, Колчестер - 17 067 жители, Бенингтон - 15 764, Брателборо - 12 046, Милтон - 10 352, Хартфорд - 9 952, Спрингфилд - 9 373, Вилинстон - 8 698, Мидлбури - 8 496, Бари - 7 924, Св. Џонсбури - 7 603, Шелбурн - 7 144 жители.
Клима
[уреди | уреди извор]Вермонт има влажна континентална килма, со топли, влажни лета и ладни зими кои навистина се многу студени. Вермонт ја има Кепеновата климатска класа која е слична со онаа на Минск, Стокхолм и Фарго.
Вермонт е познат по својата врнежливост во пролет, проследено со генерално вражно и рано лето, топол август, разнобојна есен и особено ладните зими. Руралниот североисточен дел во зима често доаѓа до 5.56 степени целзиусови пониска температура за разлика од јужните делови на земјата. Годишниот просек на паѓање снег изнесува меѓу 153см и 254см зависно од надморската височина. Годишната просечна температура на Вермонт изнесува 6 степени целзиусови. И со тоа тој е седмата најстудена земја во Соединетите Американски Држави. Во есен, како што полека почнува да доаѓа зимата, ридовите на Вермонт се обоени со црвена, портокалова и златна боја на јаворовата шума. Највисоката температура измерена во Вермонт е 41 цтепен целзиусов во гратчето Вернон на 4 јули 1911 година, додека најниската измерена температура е -46 степени целзиусовиво Блумфилд на 30 декември 1933 година; ова е најниската температура измерена и во Нова Англија (Големата Црна Река, Мајна исто така измери -46 степени целзиусови во 2009 година). Земјоделската сезона не ограничува на 0д 120 до 180 дена. Земјата прима меѓу 2 000 и 2 400 часа сопнце годишно.
Геологија
[уреди | уреди извор]Постојат пет физиографски подрачја во Вермонт. Категоризирани според геолошките и физичките атрибути тие пет подрачја се: Североисточните Високи земји, Зелените планини, Таконик Планините, Чамплеин Низините и Вермонт Пиедмонт. Пред околу 500 милиони години Вермонт бил дел од Лаурентиа и бил сместен во тропите. Централната и јужната верига на Зелените Планини ги вклучува најстарите карпи во Вермонт, настанати пред околу милијарда години за време на првото настанување на планините (или орогеника). Подоцна, пред околу 400 милјарди години, вториот период на настанување на планините ги создадоа врвовите на Зелените Планини кои беа со 14 600 – 6 100 м надморска височина, три или четири пати ниваната моментална височина е споредувана со Хималаите. Геолошките притисоци што ги создадоа тие врвови останаа познати како Чамплаин Притисоци, движејќи се од север до југ, на исток од планините (сега источно крајбрежје на езерото Чамплаин). Како резултат на тектонското формирање, делот од Вермонт кој се наоѓа источно од Зелените Планини е составен од карпи кои настанале во Силурианскиот и Девонијанскиот период. Западен Вермонт е настанат претежно од постариот материјал Пред-Камбријан и Камбријан. Некои згради кои се изградени во Германија, Хонгконг и Абу Даби најпрво се конструирани од гранитот кој го има во Вермонт. Постојат осум различни бои на гранит кои ги има во Вермонт вклучувајќи ги: Бер сива, Светкаво бела. Галактички сина, Нежно розова, Американско црна, Гарденија бела, Лаурентијан розова и Станстед сива.
Остатоците од Чези настанокот можат да бидат видени на островот Ла Мот. Тој беше еден од првите тропски гребени. Тоа е страната на каменот варовник Фик Квари, кој се состои од антички морски фосили како што се стоматопороидите. Тие фосили датираат уште од пред 200 милијарди години. Се верувало дека во некоја точка Вермонт бил поврзан со Африка и дека фосилите и карпите пронајдени на бреговите на Африка и Америка се понатамошен доказ на теоријата на Пангиа.
Во минатите четири века, Вермонт искусил неколку змејотреси чијшто епицентар ретко се наоѓал на територијата на Вермонт а најјакиот од нив бил во 1952 година со јачина од 6.0 степени според Рихтеровата магнитудна скала.
Природознание
[уреди | уреди извор]Вермонт претежно е составен од мешани шуми. Поголемиот дел од државата, особено Зелените Планини, се покриени со зимзелени дрвја и со северно тврдо дрво. Западната граница со Њујорк и областа околу езерото Чамплеин лежи во Источните Големи Езера на низинска шума. Југозападниот агол на државата и делови од реката Конектикат се покриени со североисточна крајбрежна шума од мешан даб. Државата содржи 41 вид на гуштери и водоземни животни, 89 видови на риба, од кои 12 не се домашни туку се донесени од странство, 193 видови на птици, 58 видови на цицачи, повеќе од 15 000 видови на инсекти и 2 000 високо растежни растенија, плус габички, алги и 75 различни видови на природни заедници.
Во средината на 19 век, дивите гуски беа исфрлени од земјата со лов и со уништување на живеалиштата. Шеснаесет гуски беа повторно започнати да се одгледуваат во 1969 година и имаа пораст од 45 000 во 2009 година.
Од 1970 година, намалувањето на фармите резултираше со намалена животна средина и намален број на птици вклучувајќи ги и Американскиот вудкок, кафеавиот трашер и други.
Синдромот бел-нос убил речиси две третини од сите лилјаци кои се наоѓале во државата од 2008 до 2010 година.
Многу од реките на Вермонт, вклучувајќи ја и реката Винускај, се со регулирани корита со цел да се избегнат поплави.
Историја
[уреди | уреди извор]Претколумбовска историја
[уреди | уреди извор]Помеѓу 8500 и 7000 година пред нашата ера, во времето кога постоело морето Чемплин, американците домородци се доселиле и ловеле во Вермонт. За време на древниот период, од 8миот милениум пред нашата ера до 1000 година пред нашата ера, американците домородци мигрирале околу една година. За време на дрвеното време, од 1000 година ПНЕ до 1600 година, се утврдувале нови села и мрежи и беше развиена керамиката и технологијата за лак и стрела. По Вермонт пре Колумбо, на западниот дел на државата живеело мал број население од племето Алгонкинци, вклучувајќи ги и Мохиканците и Абенаците. Некогаш помеѓу 1500 и 1600 годинаИроквиос протера многу од помалите домородни племиња од Вермонт, за подоцна областа да ја користи како област за лов и за војување со племето Абенаки кое останало на територијата на Вермонт. Населението во 1500 година беше проценето на 10 000 луѓе.
КОЛОНИЈАЛЕН
[уреди | уреди извор]За прв европеец кој го видел Вермонт се смета дека бил Жак Картие во 1535 година. На 30 јули 1609 година францускиот истражувач Самуел де Чамплин го присвоил Вермонт како дел од Нова Франција и во 1666 година ја издигнал тврдината Ламоткоја била прва Европска населба во Вермонт. Во 1638 година, “насилен” земјотрес бил почувствуван во Нова Англија, со центар во долината на св. Лоренс.Ова бил прв сеизмички настан забележан во Вермонт. Во 1690 година, група на Холанско – Британски доселеници од Албани воспоставиле населба и место за тргување на местото Оџак, 13км западно од денешниот Адисон. Првата постојана Британска населба била формирана во 1724 година со конструкцијата на тврдинатаДамерзаштитувајќи ги блиските населби на Дамерстони Брателборо. Од 1731 – 1734 година, Французите ја направиле тврдината Св.Фредерик koj им дал на Французите контрола на граничниот регион на Нова Франција/Вермонт во езерото Чамплин. Со појавата на Француско – Индиската војна во 1754 година, Французите започнале изградба на тврдината Карилон денешен Тикондерога, Њујорк во 1755 година. Британците не успеале да ја заземат тврдината Св. Фредерик или тврдината Карилон помеѓу 1755 и 1758 година. Во 1759 година, комбинирана војска од 12000 Британски регуларни и провинциски трупи под водство на господин Џефери Амхерст, го освоиле Карилон по што французите ја напуштиле тврдината Св. Фредерик. Амхерс тогаш ја направил тврдината Круна одма до остатоците од тврдината Св.Фредерик, обезбедувајќи ја британската контрола на ова место. По загубата на Франција во Француско – Индиската војна, Договорот во Париз во 1763 година на британците им дал контрола на земјиштето. Колонијалната населба била ограничена со освојувањето на земјиштето источно од Апалачии Вермонт бил поделен речиси на половина со една крива линија која се протегала од тврдината Вилијам Хенриво езерото Џорџдијагонално североисточно до езеротоМемфремагог. Крајот на војната донел нови доселеници во Вермонт. На крајот, Масачусетс, Њу Хемпшир и Њујорк , сите ја освоиле/придобиле оваа предна област. На 20 март 1764 година, кралот Џорџ III ја воспоставил границата меѓу Њу Хемпшир и Њујорк по западниот брег на реката Конектикат, северна од Масачусетс, и на југ од 45 степени северно ширина. Кога Њујорк не ги прифатил имињата на земјиштето познати како Нов Хемпшир доделувања (градови создадени со доделување на земјиште продадено од Нов Хемпшир, гувернерот Бенинг Вентборт), незадоволните колонисти се организирале во опозиција, што довело до создавање на независност на Вермонт во 15 јануари 1777 година. Во 1770 година, Итан Ален, неговите браќа Ира и Леви и Сет Ворнер регрутирале неформална милиција, позната како Зелени планински Момци, да ги штитат интересот на оригиналните Њу Хемпшир доселеници против новите доселеници од Њујорк.
Независност и државност
[уреди | уреди извор]На 15 јануари 1777 година, претставници на Нов Хемпшир прогласиле независност на Вермонт. За првите шест месеци од своето постоење, се нарекувал Република Нова Конектикат. На 2 јуни 1777 година, втора конвенција од72 делегати се сретнале за да го усвојат името "Вермонт". Ова се случило по совет од пријателски настроениот Пенисилван кој им пишал на нив како да постигнат прием во новата независна САД како 14 држава. На 4 јули, Уставот на Вермонт бил избран во таверната Виндзор, бил усвоен од страна на делегатите на 8 јули. Уставот бил меѓу првите пишани устави во Северна Америка и бил неспорно првиот кој ја укинал институцијата ропство, обезбедил право на глас на секој возрасен маж и барал поддршка на јавни училишта. Бил на сила од 1777 до 1791 година. Ропството било повторно забрането со државен закон на 25 ноември 1858 година.
Револуционерна војна
[уреди | уреди извор]Битката на Бенингтон Битката на Бенингтон, водена на 16 август 1777 година, била круцијаленнастан во историјата на државата Вермонт. Комбинирана Американска сила,под команда на генерал Старк, ја нападнала Британската колона на Хосик, Њујорк ,од другата страна награницата од Бенингтон и ибиле или заробиле речиси цел британски одред.Генералниот Бургон никогаш не закрепнал од оваа загуба и на крај го предал остатокот од неговата 6000 машка сила кај Саратога, Њујорк, на 17 октомври. Битките на Бенингтон и Саратога се познати како пресвртна точка во Револузионерната војна бидејќи тие биле првиот голем пораз на британската армија. Годишнината од битката сè уште се слави во Вермонт како државен празник. Битката на Хабартон (7 јули 1777 година) биле единствената битка водена во денешен Вермонт и иако Континенталните сили биле технички победени, Британските војски биле оштетени до таа точка што не ги бркале Американците кои се повлекувале од тврдината Тикондерога.
Државноста и предвоениот период
[уреди | уреди извор]Вермонт во 1827 година
[уреди | уреди извор]Вермонт продолжил да се управува самостојно како суверен ентитет сместен во источниот дел од градот Виндзор цели четиринаесет години. Независната држава Вермонт издава свио монети од 1785 до 1788 година и обезбедува поштенски сервис насекаде низ државата.Томас Читенден бил гувернер од 1778-1789 година и во 1790-1791 година. Државата била должна да ги реши конфликтните сопственички спорови со Њујорчани.Во 1791 година, Вермонт се приклучил на државната заедница како четиринаеста држава и првата која влегла во унијата по тринаесетте изворни колонии. Од средината на1850 година па нагоре се забалежуваат промени кај Вермонтчани и тоа од луѓе кои главно го фаворизираат ропственото задржување, до далеку посериозна опозиција кон институцијата ропство, создавајќи ги Радикалните Републиканци и аболиционистот(противникот на ропството) Тадеус Стивенс. Додека партијата на Виг слабеела и се појавила републиканската партија, Вермонт цврсто настојувал на поддршка на неговите кандидати. Во 1860 година Вермонт гласал за претседателот Абрахам Линколн, давајќи му најголем удел во победата од било која друга држава.
Граѓанска војна
[уреди | уреди извор]Вермонт во Американската граѓанска војна За време на американската граѓанска војна, Вермонт испратил повеќе од 34.000 мажи на располагање во САД. Речиси 2.500 т.е. 15 проценти биле убиени или смртно ранети во акција или умреле од болести, повисок процент од било која друга држава. Најсеверната земјена акција на војната, Сент Олбанс , се одржала во Вермонт.
ПОВОЕН ПЕРИОД
[уреди | уреди извор]Првите избори во кои на жените им било дозволено да гласаат било на 18 декември 1880 година, кога на жените им било дадено легитимно право на глас и прво им било дозволено да гласаат и учествуваат во градските избори а потоа и во државните законски трки. Големи поплави се случиле во почетокот на ноември 1927 година. Во текот на овој инцидент, 84 лица загинале, вклучувајќи го заменик – гувернерот на државата. Во 1938 година ураганот Нова Англија разнел 15.000.000 хектари(61.000 м²) дрва, една третина од вкупната површина под шуми во тоа време во Нова Англија.Многу од постаритедрва во државата се околу 75 години, кои датираат од по ова невреме. Друга поплава се случила во 1973 година, предизвикувајќи смрт на двајца луѓе и и милиони долари маатеријална штета. Во 1964 година, одлуката на американскиот врховен суд во случајот Рејнолдс против Симс која наметнала “еден човек , еден глас” политика во целата држава, барала големи промени во Вермонт, давајќи им на градовите пропорционален дел од гласовите во двата дома за целата земја. До тоа време земјите често биле претставувани од област во државниот сенат и биле често бездушни кон можните решенија на урбаните проблеми кои можело да ги зголемат давачките. 2011 година Вермонт има уште една поплава предизвикана од тропската бура Ајрин, една од најлошите во XX и XXI век, втора по поплавата во 1927 година.
Население
[уреди | уреди извор]Центарот на населението на Вермонт е сместен во Вашингтон Каунти во градот на Ворен. Според САД бирото за попис, почнувајќи од 2005 година, Вермонт има проценето население од 623.050, што претставува зголемување од 1,18 или 0,3 проценти од претходната година и пораст од 14.223 или 2.3 проценти од 2000 година. Ова вклучува природен пораст од последниот попис на 7148 луѓе (33.606 раѓања минус 26.458 смртни случаи) и зголемување поради нето преселбата на 7.889 луѓе во државата. Имиграцијата од надвор од границите на САД резултирала со нето зголемување од 4.359 луѓе, а миграцијата во самата земја придонела до нето пораст од 5.530 луѓе. Почнувајќи од 2009 , 47,8% од населението на Вермонт било родено надвор од државата, со прва и втора генерација Вермонтејци претставувајќи го мноштвото од населението. Вермонт е најмалку населена држава во Нова Англија. Во 2006 година го имала вториот најнизок наталитет во државата, 42/1000 жени. Средната возраст на работната сила била 42,3 , што била највисока во државата. Во 2009 година, 12,6 проценти од луѓето на возраст поголеми од 15 години биле разведени. Ова било петтиот најголем процент во државата.
Религија
[уреди | уреди извор]Во 2008 година, повеќе од половина од жителеите на Вермонт се изјасниле како Христијани. Најголемото единствено верско тело во државата е Римо Католичката црква. Според архивираните податоци за религиозните луѓе спроведено од здружението АРДА, во 2000 година Католичката црква имала 147.918 членови. Речиси една третина од населението на Вермонт себеси се идентификувало како Протестанти. Заедничката обединета Црква на Исус е најголемата протестантска вероисповед (21.597) и Вермонт го има најголемиот процент на оваа вероисповед во државата. Бројот на заедници на Обединетата Црква на Исус бил поголем од бројот на Католички заедници. Втора најголема протестантскак вероисповед е Евангелиско- методистичката црква со 19.000 членови и по неа следуваат Епископската, другите Христијански и Баптистичката. 24% од населението на Вермонт посетуваат црква регуларно. Во 2008, 34% од населението не се изјасниле по ниедна религија, ова бил највисок процент во државата. Едно истражување сугерирало дека луѓето во Вермонт и Њу Хемпшир, кои биле анкетирани заедно, се со помала веројатност да присуствуваат на неделните услуги и се со помала веројатност да веруваат во Бога(54%) отколку луѓето од остатокот од нацијата(71%). Двете држави биле на најниските нивоа помеѓу државите по верска посветеност. Околу 23% од испитаниците присуствуваат на богослужба најмалку еднаш неделно(39% на национално ниво). 36% изјавиле дека религијата е многу важна за нив (56% на национално ниво). Џозеф Смит Џуниор и Бригам Јанг-првите два водачи на црквата на Исус Христос, биле родени во Вермонт. Споменикот на Џозеф Смит, во неговото родно место во Шарон, привлекува околу 70.000 посетители годишно. Почнувајќи од 2010 година црквата пријавила 4386 членови во дванаесет заедници низ целата држава. Вермонт може да има најголема концентрација на западноориентираните будистите во земјата февруари 000 луѓе од исламската вера се проценува дека живеат во државата.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Во 2007 година, Вермонт бил рангиран од магазинот Форбекс како 32-ри помеѓу државите со поволна клима за биснис. Бил 30-ти претходната година. Во 2008 година, економист изјавил дека државата има “ навистина стагнација во економијата, што е она што ние го предвидуваме во наредните 30 години за Вермонт” мај 2010 година, невработеноста од 6,2% била четвртата најниска стапка во државата. Оваа стапка го рефлектира второто најниско опаѓање помеѓу 50 држави од претходниот мај. Според Бирото на САД за економски анализи во 2010 година, Бруто-домашниот производ на Вермонт изнесувал 26$ милијарди. Ова ја сместува државата на 50 место од 50 држави. Канада била најголемиот надворешен трговски партнер на Вермонт во 2007 година. Вториот најголем странски трговски партнер на државата бил Тајван. Една од мерките на економската активност е продажбата на мало. Државата имала 52 $ милијарди во 2007 година. Во 2008 година, 8631 нови бизниси се регистрирани во Вермонт, пад од 500 во однос на 2007 година.
Даноци
[уреди | уреди извор]Среден приход на домаќинството во периодот 2002-2004 година бил $ 45,692. Ова било на 15-томесто гледано на национално ниво. Средната плата во државата во 2008 година била 15,31 $ на час или $ 31,845 годишно. Околу 80 отсто од 68.000 Вермонтејци кои ги исполнуваат условите за купони за храна, всушност ги добиле во 2007 година. 40проценти од постарите лица, лица од 75 години или постари живеат на годишни приходи од $ 21,660 или помалку.
Земјоделство
[уреди | уреди извор]Земјоделство придонесува со $ 26 милијарди, околу 12%, директно или индиректно на економијата на државата. Сепак, една друга студија тврди дека земјоделството придонесува со 2,2 отсто од домашниот производ на државата. Во 2000 година, околу 3 отсто од работното население во државата било ангажирано во земјоделството. Во текот на изминатите два века, сечењето отпадна како резултат напрекумерно-сечење и експлоатација на другите шуми ја направи шумата на Вермонт помалку привлечна. Падот на фармите резултирал со повторен пораст на шумите во Вермонт, поради еколошката следствување. Денес, повеќето од шумите на Вермонт се секундарни. Државните и непрофитни организации активно поттикнуваатповторен раст и внимателно управување со шумите. Над 78 отсто од површината на државата е пошумена. Повеќе од 85 отсто од таа област не е индустриски и е со приватна шумска сопственост од страна на поединци или семејства. Земјоделството, работата со млечни производи и примарен извор на семјоделскиот приход. Во последната половина на 20 век, развивачите имале планови да изградат куќи на отворено земјиште што биле многу евтино. Владата на Вермонт одговорила со серија нан закони контролирајќи го развојот и со некои пионерски иницијативи да се спречи загубата на млечната индустрија во Вермонт. Сепак, бројот на краварски фарми во Вермонт се намалил повеќе од 85% од 11,206 кои работеле во 1947. Во 2003 година имало помалку од 1.500 краварски фарми во државата; во 2006 година имало 1,138; во 2007 година имало 1.087 . Бројот на краварски фарми се налува за 10% секоја година. Бројот на добитокот ово Вермонт опаднал за 40%, сепак производството на млеко е двојно во истиот период и се должи на тројното производство на кравјо млеко.Додека производството на млеко се зголемувало, се намали уделот на Вермонт на пазарот. Во групата на држави кои ги снабдуваат маркетите на Бостон и Њујорк, Вермонт бил трет во уделот на пазарот со 10,6%; Њујорк има 44,9 % и Пенсилванија има 32,9%. Во 2007 година сточарите направиле рекорд 23.60$ за 45кг млеко. Во 2008 година оваа продажба паднала на 17$. Просечна краварска фарма произведувала 0.585 милиони килограми млекогодишно во текот на 2008 година. Млекарниците остануваат иконска слика за Вермонт, но со 87% намалување на активните краварски фарми помеѓу 1947 и 2003, зачувувањето на млечните плевни значително станало зависно од обврската да се одржува наследството отколку како основна потреба на земјоделското стопанство. Пописот во Вемонт за штали, организиран како резултат на соработка на образовни и непрофитни државни и локални историски програми за зачувување, развиле образовни и административни системи за евидентирање на бројот, состојбата и одликите на плевните во Вермонт. Во 2009 имало 543 органски фарми. Дваесет одсто од краварските фарми се органски а 23% (128) растителни фарми се органски. Органското земјоделство се зголемува 2006-07 година и стагнира 2008-09 година. На исто ниво останува и во 2010 година. Значителна количина на млеко се испорачува на пазарите во Бостон. Затоа “Општо здравје” од Масачусетс потврдува дека фармите на Вермонт ги задоволуваат санитарните стандарди нан Масачусетс. Без овое уверение, земјоделецот не може да продава млеко за дистрибуција во најголемиот дел на пазарот. Важен и растечки дел од економијата на Вермонт е производството и продажбата на производи кои биле заштитен знак – бренд на Вермонт. Вермонт иградил свој бренд на производи кој државата го управувала и заштитувала .Примери на специјалниизвози на Вермонт производиги вклучуваат: Кабот сирењеto, компанијата од Вермонт - Мечето Теди, Фини Бои на Европа, путерот од Вермонт и компанијата за сирење, неколку мали ппивници, Бартон даските за снег, чоколади - Езерото Чамплин, брашното – Кралот Артур и сладоледот Бен и Џери. Имало некаде околу 2.000 произведувачи на производи од јавор во 2010 година. Во 2001год, Вермонт произвел 1.040.000 литри јаворов слад, околу една четвтрина од производството на САД. За 2005 година овој број бил 1.600.000 литри заземајќи 37% од државното производство. Ова се зголемило на 3.500.000 литри во 2009 година. Индустријата со вино во Вермонт започнала во 1985 година. Денеска постојат 14 винарии. Од фармите во државата се проценува дека биле изнајмени околу 2000 нелегални имигранти од 2005 година. Локалните власти го игнорирале проблемот, симпатизирајќи ги на некој начин работодавците и дозволувајќи им успешно да ги водат фармите.
Производство
[уреди | уреди извор]Најголемиот профитабилен вработувач, IBM во Есекс, обезбедува 25% од сите производни работни места во Вермонт, вработувајќи 6,800 работници во 2007 година. Фирмата е одговорна за 1$ милијарда од државната годишна економија. Во 2010 година една студија од Универзитетот Конектикат објавила дека Вермонт, Роуд островот и Нов Хемпшир се врзуваат како најскапи држави во САД за производителите.
Здравство
[уреди | уреди извор]Од населението кое старее се очекува да ја подобри позицијата на оваа индустрија во државната економија. Во 2008 година, Флечер Ален здравствениот центар бил вториот најголем вработувач на луѓе во државата. Во 2010 година, сите болници во Вермонт им наплатиле на пациентите $3,76 милијарди а собрале $2 милијарди долари.
Домување
[уреди | уреди извор]Во 2007, Вермонт била 17-та држава по ред во нацијата која дозволувала хипотека. Сепак во останатите 41 држави, жителите придонеле со плус или минус 4% од 18,4% на Вермонт на приходот на домаќинството на хипотека. Цените за домување не се зголемиле многу во текот на раните 2000-ти години. Како резултат на тоа, колапсот во вредноста на недвижнините не бил опасен. Додека запленувањето се зголемило значително во 2007 година, државата застанала 50 –та во однос на стекнувањето на право за домаќинства. Додека продажбата на домовите опаднала годишно 2004-2008 година, цените продолжиле да растат. Во 2007 година, Вермонт бил најдобар во земјата за изградба на нови енергетски ефикасни домови како што било проценето од страна на агенцијата за заштита на околината на САД под програмата Енергетска Ѕвезда. Меѓутоа, околу 60% од домовите на Вермонт биле загревани со нафта во 2008 година. Во август 2008 година, трошоците во Вермонт на различни извори на греење за 1 милион BTU биле во опсегот од $14,39 за дрво па до $43,50 за керозин. Додека бројот на продаддени куќи во државата опаднал од 8,318 во 2004 година на 8,120 во 2005 година, 6.919 во 2006 година и 5.820 о 2007 година, просечната цена продолжила да расте до $202.500 во 2008 година ($200.000 во 2007). Во 2009 година просечната ќирија за двособен стан била 920$ месечно. Изнајмувањето на слободен простор било со 5,4%, што било најниско во државата февруари 800 луѓе се сметале за бездомници во јануари 2010, 22% повеќе од 2008 година. Во 2011 година, Вермонт бил петти помеѓу државите со најголем број на запленувања за кои требало судска обработка, која би земала проценети 18 години. Националниот просек бил 8 години.
Трудова состојба
[уреди | уреди извор]Почнувајќи од 2006 година, во Вермонт имало 305.000 работници. 11% од нив биле организирани синдикално. Надвор од работната сила од 299,200 работници, 52.000 работни места биле во владата, федералните, државните и локалните места. Модерната висока стапка на невработеност од 9% била достигната во јуни 1976 година. Ниско ниво од 2,4% било измерено во февруари 2000. Од септември 2010 година, стапката на невработеност била 5,8%. Вработувањето пораснало за 7,5% од 2000 до 2006 година. Од 1980 до 2000 година, вработувањето се зголемило за 3,4%; на нациоално ниво до 4,6%. Реалните плати биле $33,385 во 2006 година и останале така до 2006 година; на национално ниво $36,871.
Осигурување
[уреди | уреди извор]Заробеното осигурување игра значителна улога во економијата на Вермонт. Со овој вид на алтернативно осигурување, големите корпорации или индустриски асоцијации формираат самостојни осигурителни компании за да ги осигураат нивните сопствени ризици, а со тоа значително намалување на нивните премии за осигурување и добивање на значајна мерка на контрола над типовите ризици кои ќе бидат покриени. Исто така постојат значителни даночни предности кои може да се дпбијат од формирањето и функционирањето на тарифните осигурителни компании. Според информациите од институтот за осигурување, Вермонт во 2009 година бил трет по големина живеалиште во светот на тарифни осигурителни компании, по Бермудските и Кајманските острови. Во 2009 година имало 560 такви компании. Во 2010 година, државата имала 900 такви компании.
Вермонт во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Месечева светлост во Вермонт“ (англиски: Moonlight in Vermont) — популарна песна на композиторот Карл Сјусдорф (Karl Suessdorf) и текстописецот Џон Белкбурн (John Blackburn) од 1944 година.[2]
- „Месечева светлост над Вермонт“ (англиски: Moonlight on Vermont) — песна на американскиот рок-музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1969 година.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Elevations and Distances in the United States“. U.S Geological Survey. 29 април 2005. Архивирано од изворникот на 2008-06-01. Посетено на 8 ноември 2006.
- ↑ Johnny Smith Quintet Featuring Stan Getz – Moonlight In Vermont (пристапено на 25.9.2024)
- ↑ Discogs, Captain Beefheart & His Magic Band* – Trout Mask Replica (пристапено на 18.4.2022)
|