Сипаници

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Esculaap4.svg    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).



Сипаница (лат. variola или variola vera) e заразна болест својствена за човекот, а ја предизвикуваат два вида вируси на вариола наречени Variola vera major и Variola vera minor.

Сипаница

Вируси[уреди | уреди извор]

Variola vera major е попозната како голема или црна сипаница, таа е поопасен вид и предизвикува смрт кај 20-40% од заразените, а кај преживеаните често остава трајни лузни или слепило.

Variola vera minor, позната и како мала сипаница, представува поблаг облик што го пренесува вирусот Variolla, family poxviridae. Таа предизвикува смрт само кај 1% од заразените.

Последици[уреди | уреди извор]

Се претпоставуваа дека во 20. век од сипаници умреле меѓу 300 и 500 милиони луѓе. Во изминатиот период, пред да бидат развиени модерни лекови и вакцини, сипаниците биле многу посмртоносни.

Сепак, најзначајна улога имале по откривањето на Америка, кога домородците од Северна Америка и Јужна Америка дошле во допир со Европјаните кои биле инфицирани со вирусот на вариола. За разлика од колонизаторите, домородците немале развиен имунитет, што довело до нагло ширење на болеста и драматичен пад на домородната популација, па на европските колонизатори им бил омозможен лесен и непречен продор во новите подрачја.

Домаќин на вирусот на вариолата е единствено човекот, тако што со напорите на Светската здравствена организација во 1977 годинс вирусот е искоренет кај човечката популација и денес се наоѓа само во лабораториите. Луѓето веќе не се вакцинираат против овој вирус, но се смета дека тој би можел да се користи како биолошко оружје.

Видете уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]