Лек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аналгетик (лекови против болки) Тилидин
Аналгетик (лекови против болки) Тилидин

Лек[1], медикамент[2] или архаично иљач[3] — претставува производ за кој по научен пат и постапка е утврдено дека се аплицира на луѓе или животни во одредена количина и на пропишан начин, може да се употребува заради откривање, лечење на болести или за други медицински цели.

Помеѓу лекот и отровот не постои јасна ограниченост, бидејќи секоја супстанција во помала доза може да претставува лек, а во поголема доза отров. Кај многу супстанци малите дози можат да бидат поволни при лечењето на болеста, додека големи количини се токсични за организмот, а во зависност од големината на дозата може да дојде до труење и смрт. Спротивно на ова дури и јаките отрови може да бидат корисни како лекови доколку се применат во одредена доза и низ соодветни мерки на претпазливост. Затоа секој лек може да биде отров, но секој отров не мора да биде и лек.

Фармацевтска дрога, уште позната и како лек, може да се дефинира како било која хемиска супстанција, наменета за употреба во медицинска дијагноза, лекување, третман или спречување на болести.

Класификација[уреди | уреди извор]

Лековите можат да бидат класифицирани на повеќе начини, како на пример според хемиските својства, начинот на употреба, засегнатоста од биолошкиот систем или терапевтските ефекти. Детален и широко употребуван систем за класификација е Анатомско Терпевтско Хемиски Систем на Класификација (АТХ систем). Светската здравствена организација чува список на есенцијални лекови.

Историја[уреди | уреди извор]

Античка фармакологија[уреди | уреди извор]

Се верува дека користењето на растенија и супстанции од растенија за третирање на различни видови на болести и медицински случаи датира од праисториската медицина.

Кахунскиот гинеколошки папирус е најстариот познат медицински текст, кој датира околу 1800 година п.н.е. и претставува првото документирано користење на каков било лек. Тој и многу други медицински папируси ги опишуваат медицинските пракси на стариот Египет, како што е употребата на мед при лечење на инфекции.

Лекот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Лековита“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[4]
  • „Проспект“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[5]
  • „Претстава со лекови“ (англиски: Medicine Show) — песна од истоимениот албум на американската рок-група Дрим синдикејт (The Dream Syndicate) од 1984 година.[6]
  • „Валц на лошиот лек“ (англиски: Bad Medicine Waltz) — песна на британската рок-група Калт (The Cult) од 1984 година.[7]
  • „Лек за болка“ (англиски: Cure for Pain) — песна од истоимениот албум на американската рок-група Морфин (Morphine) од 1993 година.[8]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]