Прејди на содржината

Јужна Дакота

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јужна Дакота
State of South Dakota
Знаме на Јужна Дакота Печат на Јужна Дакота
Знаме Печат
Прекар(и): The Mount Rushmore State (официјално),
The Sunshine State
Гесло: Under God the people rule
Под Бог луѓето владеат'
ЊујоркВашингтон
Службен јазик англиски
Главен градПиер
Најголем градСиукс Фолс
Површина 17. место
 - Вкупно199 905[1] км²
 - Широчина340 км
 - Должина610 км
 - % вода1,6
 - Гео. ширина42° 29′ N до 45° 56′ N
 - Гео. должина96° 26′ W до 104° 03′ W
Население 46. место
 - Вкупно754 844
 - Густина3,84/км² (46. место)
Надм. вис. 
 - Највисока точка Врв Харни[2]
2 209 м
 - Најниска точкаЕзеро Биг Стоун[2]
295 м
Влез во сојузот  2 ноември 1889 (40)
ГувернерМ. Мајкл Раундс (Р)
Сенатори Тим Џонсон (Д)
Џон Тун (Р)
Делегација на конгресот
Часовен појас {{{часовен појас}}}
Кратенки SD US-SD
Портал www.state.sd.us

Јужна Дакота е сојузна држава од САД, сместена во централниот северен дел од земјата. Главен град е Пиер. Маунт Рашмор се наоѓа во Јужна Дакота.

Географија

[уреди | уреди извор]

На север Јужна Дакота се граничи со Северна Дакота, на исток со Минесота и Ајова, на југ со Небраска и на запад со Вајоминг и Монтана. Државата се состои од три главни региони, источните прерии, централните големи рамнини и Црните Врвови на запад. Мисури ја сече од север кон југ.

Историја

[уреди | уреди извор]

Французите ја истражиле областа во XVIII век и им ја продале на САД во 1803 година како дел од зделката "Луизијана". Луис и Кларк на својата експедиција поминале седум недели во Јужна Дакота во 1804 година. Територијата Дакота била оформена во 1861 година, но населбите биле ретки сè до Златната треска на Црните Врвови во 1875-1876 година, кога бројот на населението нагло се зголемил. Повремени војни меѓу Индијанците и белите имигранти имало сè до масакрот на Повреденото Колено во 1890 година. Јужна Дакота станала 40-та држава на САД во 1889 година.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Економската основа на државата се земјоделството и сродните индустрии. Предводник е во сточарството во САД, а главен земјоделски производ се житарките. Туризмот е важна гранка на економијата, а главни знаменитости се Моунт Рашмор, Националниот парк Пештера на ветерот, Националниот парк Бедлендс и Националниот споменик Пештера на накитот.

  1. „Land and Water Area of States (2000)“. www.infoplease.com. Посетено на 3 септември 2007.
  2. 1 2 „Elevations and Distances in the United States“. U.S Geological Survey. Архивирано од изворникот на 2008-06-01. Посетено на 7 ноември 2006.