Мали оддалечени острови на САД

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мали оддалечени острови на САД
United States Minor Outlying Islands
ГеслоIn God We Trust  (официјално)
(лат. „Веруваме во Бога“)
E Pluribus Unum  (традиционално)
(лат. „Од многуте, едно“)
ХимнаStar Spangled Banner
Главен град нема - под централна управа на Вашингтон
Најголем village островот Вејк
Службен јазик англиски
Демоним Американец, Островјанин
Уредување
 -  Претседател Барак Обама (Д)
 -  Управник нема
 -  Намесник нема
Површина
 -  Вкупна 34,2 км2 (190та)
 -  Вода (%) 88.6
Население
 -  проценка за 2009 300 (232ра)
 -  Попис 2000 316 
 -  Густина н/п жит/км2 (н/п)
БДП (ПКМ) проценка за 2003
 -  Вкупен н/п (2005)1 (н/п)
 -  По жител 46,381 (САД)(2005)1 (6)
Валута американски долар (USD)
НДД .us
.um (повлечен во 2008).
1. 2000.

Малите оддалечени острови на САД (англ. United States Minor Outlying Islands се осум островски територии на САД во Тихиот Океан: Бејкеров Остров, островите Хауленд и Џарвис, Џонстоновиот Атол, Кингменовиот Гребен, Мидвејскиот, Палмирскиот Атол и островот Вејк; и една во Карипското Море: Наваса. Управата на САД понекогаш тука ги вбројува и карипските територии Бахо Нуево и Серанилја, но тие се предмет на спорување од страна на други земји.

Од сите овие острови, Палмирскиот Атол е единствената територија во состав на самите САД. Ниеден од нив нема постојано население, туку само привремен научен и воен персонал. Според пописот од 2000, избројани се 315 лица на Џонстоновиот Атол и 1 лице на островот Вејк.[1] Во поновата историја, на островите не е забележано домородно население, освен во пописот од 1940. Во 1936 започнала организирана колонизација на Бејкеровиот Остров, Хауленд и Џарвис Baker, но сите жители биле евакуирани во 1942 поради Втората светска војна.[2][3]

Островите се групираат заедно од статистички причини. Тие не се под една управа, и немаат заедничка културна и политичка историја.

Збирен код за островите во стандардот ISO 3166-1 alpha-2 е UM. Островите поединечно имаат бројчени кодови од ISO 3166-2 (вид. ISO 3166-2:UM). Порано островите го носеле државниот код на главниот интернет домен (ccTLD) „.um“; но истиот е укинат во јануари 2007.[4]

Поимот „Мали оддалечени острови на САД“ е воведен во 1986 од страна на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Од 1974 до 1986, пет острови (Бејкеров, Хауленд, Џарвис, Палмирскиот Атол и Кингменовиот Гребен) имале збирен назив „Различни Тихоокеански Острови на САД“ (United States Miscellaneous Pacific Islands), со ISO 3166-код PU. Мидвејскиот Атол го носел кодот MI, Џонстоновиот Атол имал код JT, а оној на Вејк гласел WK.

Тихоокеанските острови се окружени со големи исклучителни економски зони.

Острови[уреди]

Атол/Остров Зејишна површина
км²
Лагуна
км²
Местоположба Основан
резерват
Стекнат

Северен Тихи Океан, расејани изолирани острови

ВејкА 7,4 6 19°18′ СГШ 166°38′ ИГД /  2009[5][6] 1899
Џонстонов АтолБ 2,52 130 16°45′ СГШ 169°31′ ЗГД /  1926[7] 1859

Северен Тихи Океан, Северозападни Хавајски Острови

Мидвејски Атол 5,18 40 28°13′ СГШ 177°22′ ЗГД /  1996 [8] 1867

Централен Тихи Океан, Северни Линиски Острови

Кингменов Гребен 0,01 76 6°24′ СГШ 162°24′ ЗГД /  2001[9] 1860
Палмирски АтолБ 6,56 15 5°53′ СГШ 162°05′ ЗГД /  2001[10] 1912

Централен Тихи Океан, Централни Линиски Острови

Џарвис 4,45 - 0°22′ ЈГШ 160°01′ ЗГД /  1974[3] 1856

Централен Тихи Океан, Северни острови Феникс

Бејкеров Остров 1,24 - 0°12′ СГШ 176°29′ ЗГД /  1974[2] 1856
Хауленд 1,62 - 0°48′ СГШ 176°37′ ЗГД /  1974[2] 1856

Карипско Море

НавасаВ 5,2 - 18°24′ СГШ 75°01′ ЗГД /  1999[11] 1858
Бахо НуевоГ 0,02 155 15°53′ СГШ 78°38′ ЗГД /  Н/П 1869
СеранилјаГ 0,02 1200 15°50′ СГШ 79°50′ ЗГД /  Н/П 1879
1880
Вкупно 34,2 267      
А Полагаат право Маршалските Острови
Б Полагале право Хаваите кога биле независна држава. Палмира им припаѓала на Хаваите сè до 1959.
ВПолага право Хаити
Г За овие острови постои спор со Колумбија, Јамајка и Никарагва, и затоа не се вклучени во списокот на територии на ISO; нивните површини не се вброени во вкупниот износ.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Попис на САД 2000: Преглед — вид. Табела I (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 „Служба за островски работи: Бејкеров Остров и Хауленд - Историја“. Министерство за внатрешни работи на САД. http://www.doi.gov/oia/Islandpages/bhpage.htm. конс. 10 јуни 2011.  (англиски)
  3. 3,0 3,1 „Служба за островски работи: Џарвис - Историја“. Министерство за внатрешни работи на САД. http://www.doi.gov/oia/Islandpages/jarvispage.htm. конс. 10 јуни 2011.  (англиски)
  4. Џезданан, Еник. „Укинат неискористениот домен за американските острови“, MSNBC, 24 јануари 2007 (конс. 28 септември 2007). (англиски)
  5. „Presidential Proclamation 8336“ (PDF). http://www.fws.gov/pacificremoteislandsmarinemonument/PP%20PRIMNM.pdf. конс. 10 јуни 2011.  (англиски)
  6. „Неделен зборник на претседателски документи: понеделник, 12 јануари 2009, Том 45—Број 1, стр. 14“. Служба за владино издаваштво на САД. http://fdsys.gpo.gov/fdsys/pkg/WCPD-2009-01-12/pdf/WCPD-2009-01-12.pdf. конс. 10 јуни 2011.  (англиски)
  7. „Office of Insular Affairs: Johnston Island - History“. Министерство за внатрешни работи на САД. http://www.doi.gov/oia/Islandpages/johnstonpage.htm. конс. 10 јуни 2011.  (англиски)
  8. „Извршна наредба 13022: Управување со Мидвејските Острови“. Служба за заштита на риболовот и дивите животни на САД. http://www.fws.gov/laws/lawsdigest/EO.htm#eo13022. конс. 10 јуни 2011.  (англиски)
  9. „Department of the Interior: Secretary's Order #3223“. Министерство за внатрешни работи на САД. http://elips.doi.gov/app_so/act_getfiles.cfm?order_number=3223. конс. 10 јуни 2011.  (англиски)
  10. „Department of the Interior: Secretary's Order #3224“. Министерство за внатрешни работи на САД. http://elips.doi.gov/app_so/act_getfiles.cfm?order_number=3224. конс. 10 јуни 2011.  (англиски)
  11. „Department of the Interior: Secretary's Order #3210“. Министерство за внатрешни работи на САД. http://elips.doi.gov/elips/sec_orders/html_orders/3210.htm. конс. 10 јуни 2011.  (англиски)

Надворешни врски[уреди]


Административна поделба на САД
Сојузни држави Ајдахо | Ајова | Алабама | Аљаска | Аризона | Арканзас | Вајоминг | Вашингтон | Вермонт | Вирџинија | Висконсин | Делавер | Западна Вирџинија | Илиноис | Индијана | Јужна Дакота | Јужна Каролина | Јута | Калифорнија | Канзас | Кентаки | Колорадо | Конектикат | Луизијана | Масачусетс | Мејн | Мериленд | Минесота | Мисисипи | Мисури | Мичиген | Монтана | Небраска | Невада | Њујорк | Њу Мексико | Њу Хемпшир | Њу Џерси | Оклахома | Охајо | Орегон | Пенсилванија | Род Ајленд | Северна Дакота | Северна Каролина | Тексас | Тенеси | Хаваи | Флорида | Џорџија
Федерален округ Колумбија
Островски територии Американска Самоа | Американски Девствени Острови | Гуам | Порторико | Северни Маријански Острови
Оддалечени острови Џонстонов Атол | Бејкеров Остров | Вејк | Кингмен | Мидвејски Острови | Наваса | Палмирски Атол | Џарвисов Остров