Хавајски Oстрови

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хавајски Острови)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хавајски Острови
Познат и како: Mokupuni o Hawai‘i
Hawaje-NoRedLine.jpg
Сателитска снимка на Хавајските Острови
Hawaiianislandchain USGS.png
Географија
МестоположбаТихи Океан
Вкупно острови137
Највисока кота
Управување
Сојузна државаХаваи
Најголема населбаХонолулу


Хавајските Острови се архипелаг од 8 поголеми острови, неколку атоли, и голем број на мали островчиња и подводни планини кои се наоѓаат во северниот дел на Тихиот океан. Целиот архипелаг се протега во должина од 2400 км од Хаваи (островот) на југ, до атолот Куре кој се наоѓа на најсеверниот дел од архипелагот. Порано оваа група на острови од Европејците и Американците била нарекувана Сендвич Острови (англ. Sandwich Islands). Името им било дадено од страна на Џејмс Кук, во чест на Џон Монтагу, четвртиот ерл од Сендвич. Сегашното име на архипелагот Хаваи е име и на најголемиот остров на архипелагот.

Хавајската монархија била соборена во 1893 година од богатите европски и американски доселеници на островите.[1] Била воспоставена република, и покрај спротставувањето на поголемиот дел од хавајскиот народ.[2] Доселениците во 1898 година успешно се договриле со САД за анексија на островите.[3] Хавајските острови се прогласени за најмлада, 50–та држава на САД, и тука спаѓаат скоро сите острови на хавајскиот архипелаг, вклучувајќи ги и ненаселените Северозападни Хавајски Острови, освен Мидвејски Атол кој е неинкорпорирана територија на САД во склоп на Малите оддалечени острови на САД.

Хавајските острови се издигнати врвови на големиот подводен планински венец, кој бил формиран од вулканската активност на врелите точки на обвивката на Земјиното јадро. Островите се оддалечени 3000 км од најблиското копно.

Острови и гребени[уреди | уреди извор]

Џејмс Кук дошол на островот на 18 јануари 1778 година и ги нарекол Сендвич острови, според името на Џон Монтагу, четвртиот ерл од Сендвич, кој како прв лорд во Адмиралитетот[4] ја спонзорирал експедицијата на Кук. Ова име останало во употреба сѐ до 1840 година, кога постепено било заменето со локалното име Хаваи.[5]

Површината на целиот архипелаг изнесува 16636,5 км2, со исклучок на Мидвејскиот Атол.[6]

Главни острови[уреди | уреди извор]

Архипелагот има осум големи острови, кои се нарекуваат уште и Хавајски ветровити острови. Сите острови се населени, освен островот Кахоолаве.[7]

Остров Друго име Површина Население
(во 2010 год.)
Густина Највисок врв Висина Геолошка

старост (Ma)[8]

Локација
Хаваи[9] Големиот Остров 10432,5 km2 185079 4 17,7407/km2 Mauna Kea 1 4205 m 0,4 19°34′N 155°30′W / 19.567°N 155.500°W / 19.567; -155.500 (Hawaii)
Мауи[10] Заливскиот Остров 2 1883,4 km2 144444 2 76,692/km2 Haleakalā 2 3055 m 1,3–0,8 20°48′N 156°20′W / 20.800°N 156.333°W / 20.800; -156.333 (Maui)
Оаху[11] Местото на собирање 1545,4 km2 953207 1 616,78/km2 Mount Kaʻala 5 1220 m 3,7–2,6 21°28′N 157°59′W / 21.467°N 157.983°W / 21.467; -157.983 (Oahu)
Кауај[12] Островот Градина 4 1430,5 km2 66921 3 46,783/km2 Kawaikini 3 1598 m 5,1 22°05′N 159°30′W / 22.083°N 159.500°W / 22.083; -159.500 (Kauai)
Молокај[13] Пријателскиот Остров 5 673,4 km2 7345 5 10,9074/km2 Kamakou 4 1512 m 1,9–1,8 21°08′N 157°02′W / 21.133°N 157.033°W / 21.133; -157.033 (Molokai)
Ланај[14] Островот Ананас 6 363,9 km2 3135 6 8,615/km2 Lānaʻihale 6 1026 m 1,3 20°50′N 156°56′W / 20.833°N 156.933°W / 20.833; -156.933 (Lanai)
Ниихау[15] Забранетиот Остров 7 180,0 km2 170 7 0,944/km2 Mount Pānīʻau 8 381 m 4,9 21°54′N 160°10′W / 21.900°N 160.167°W / 21.900; -160.167 (Niihau)
Кахоолаве[16] Целниот Остров 8115,5 km2 0 8 0/km2 Puʻu Moaulanui 7 452 m 1,0 20°33′N 156°36′W / 20.550°N 156.600°W / 20.550; -156.600 (Kahoolawe)

Помали острови[уреди | уреди извор]

Поглед на Хавајските Острови од вселената.[17]

Помали острови, атоли, и гребени (сите западно од Нихоа се ненаселени) се дел од Северозападните Хавајски Острови:

Островчиња[уреди | уреди извор]

3-D перспектива на југоисточните Хавајски Острови, со белите врвови на Mauna Loa (4170 m) и Mauna Kea (4206 m). Островите се всушност врвови на вулкани, чиј најголем дел лежи под морската површина. Океанските длабочини се обоени од виолетово (5.750 m длабочина североисточно од Мауи) и индиго до светло сиво (најплитко). Историските лавински текови се прикажани со црвена боја.

Хавајските Острови бројат 137 острови во хавајскиот ланец. Во овој број се вклучени сите мали острови и островчиња, или многу мали острови, надвор од главните острови (наведени погоре) и индивидуалните островчиња на секој атол. Подолу се наброени само неколку:

Геологија[уреди | уреди извор]

Овој синџир на острови е дел од Тихоокеанската (Пацифичка) плоча, која се движи полека кон северозапад, преку врелите точки на обвивката на Земјиното јадро, со брзина од 51 км во милион години. Поради тоа југоисточните острови се вулкански активни, додека островите на северозападниот крај од архипелагот се геолошки постари и помали по површина, што се должи на нивната изложеност на ерозија. Староста на архипелагот е утврдена со користење на калиум-аргон методата.[18] Од ова мерење, и други слични,[19][20] било утврдено дека најсевероисточниот остров, атолот Куре, е најстар и има околу 28 милиони години, додека најјугоисточниот остров, Хаваи, е стар околу 400 000 години. Единствениот активен вулкан во последните 200 години, наречен Лоихи, се наоѓа на југоисточниот дел на островот Хаваи, и е под нивото на морето, но постојано се издигнува. Хавајската вуканска опсерваторија (англ., Hawaiian Volcano Observatory крат. HVO) на Геолошкиот топографски институт на САД (англ., United States Geological Survey, крат. USGS) комплетно ги документира скорешните вулкански активности и обезбедува слики и толкувања на вулканизмот. Вулканот Килауеа, на островот Хаваи, е континуирано активен од 1983 година.

Скоро целата магма од врелите точки е составена од базалт, така да хавајските вулкани се изградени скоро потполно од овој еруптивен материјал. Освен базалтот, во магмата има многу малку габро и долерит, а нефелинитот се наоѓа екстремно ретко. Најголем број на вулканските ерупции се типични Хавајски ерупции, каде лавата тече од отворот со релативно слаби ерупции.

Ерупциите од Хавајската врела точка создале подводни планини во Тихиот Океан, во текот на милиони години, кои се нарекуваат Хавајски императорски гребен (англ. Hawaiian–Emperor seamount chain).

Островот Хаваи (Големиот остров) е најголемиот и најмлад остров во веригата, а е изграден од пет вулкани. Мауна Лоа зазема околу половина од Големиот остров, и претставува најголемиот штитест вулкан на планетава. Висината, мерена од морското ниво до највисоката точка (врвот), изнесува повеќе од 4 километри; од морското ниво до океанското дно има уште дополнителни 5 километри.[21] Ако се игнорираат континенталните маси, Мауна Лоа би била највисокиот вулкан во Сончевиот систем, бидејќи е 2 километри повисока од најголемиот вулкан на планетата Марс - Олимп.

Земјотреси[уреди | уреди извор]

Хавајските Острови се сеизмички активно тло, со чести земјотреси, што се должи на вулканската активност. Повеќето од првите документации на земјотреси биле изведени на Хило, од мисионерите Тајтус Коен, Сара Џ. Лиман и нејзиното семејство. Од 1833 до 1896 година, биле пријавувани околу 4-5 земјотреси годишно.[22]

Од сите земјотреси со магнитуда поголема од 3,5 степени според Рихтеровата скала регистрирани во САД, во периодот од 1974 – 2003 година, 7,3% биле регистрирани на Хавајските Острови. Хавајските Острови се трето рангирана држава во САД по број на земјотреси веднаш по Калифорнија и Аљаска.[23]

На 15 октомври 2006 година, на северозападниот брег на островот Хаваи, блиску до Кона регионот, имало земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, а пет минути по првиот следел втор потрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Биле забележани умерени оштетувања на големиот остров. На неколку поголеми автопати имало одрони од карпи, имало прекини на електричната струја со траење од неколку часа до неколку дена, но немало смртни случаи.

На 4 мај 2018 година имало земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во зоната на вулканската активност на Килауеа.

Земјотресите се мониторирани од страна на Хавајската вуканска опсерваторија на Геолошкиот топографски институт на САД.

Цунами[уреди | уреди извор]

Последици од цунамито предизвикано од земјотресот во Чиле, од 1960 година, во Хило, Хаваи, каде загинале 61 лице, а 282 биле сериозно повредени. Брановите достигнале височина од 11 метри.

Хавајските Острови се често погодени од цунами, кои се предизвикани од земојотресите во Тихиот Океан. Создадените бранови можат да се движат со брзина од 600–800 km/h и можат да разурнат крајбрежја со голема оддалеченост од епицентарот.

Цунамито може да потекнува и од самиот Хавајски Архипелаг, каде причината се експлозивните вулкански активности. На островот Молокај се случила катастрофална лавина пред повеќе од милион години; ова подводно лизгање на земјиштето најверојатно предизвикало цунами.

Најпогодената населба од цунамија на Големиот Остров е градот Хило, каде големите бранови дополнително се зајакнуваат како резултат на релјефот на заливот Хило. Сите крајбрежни градови на Хавајскиот Архипелаг имаат поставено предупредувачки сирени.

Цунамито кое било предизвикано од земојотресот во Чиле го погодило островот на 27 февруари 2010 година. Благодарение на современата технологија и навременото евакуирање на населението немало поголеми штети.

Цунамито предизвикано од земјотресот во Јапонија ги погодило островите на 11 март 2011 година, но и тогаш последиците биле минимални поради навремено преземените мерки. Штетата од цунамита била проценета на 30,1 милиони долари.[24]

Екологија[уреди | уреди извор]

Островите се дом на многу ендемични видови. Првите луѓе кои се населиле на островите, Полинезијците, донеле со себе растенија и животни кои не се автохтони за островите. Во овие страни животински видови спаѓаат стаорците и свињите, кои предизвикале голема штета на автохтоните популации на птици и други животни и растенија. Зголемувањето на човечката популација, заедно со паралелното зголемено уништување на шумите и општо на средината, довело до изумирање на многу видови кои живееле или зависеле од шумскиот хабитат.

Доаѓањето на Европјаните на островите имало уште поголемо негативно влијание, посебно поради воведувањето на земјоделството на големи површини и одгледувањето на добиток. За таа цел биле сечени шуми во огромни размери, па бројот на загрозените видови на организми драстично се зголемил. Денес постои листа на сите животински видови на Хавајските Острови кои биле истребени.[25] Според податоците од 2009 година, многу од останатите ендемски видови се ставени во групата на загрозени видови.

Национални споменици[уреди | уреди извор]

На 15 јуни 2006 година, претседателот на САД, Џ. В. Буш, го прогласил Северозападниот национален споменик на Хавајските Острови (англ. Papahānaumokuākea Marine National Monument) за заштитена зона. Со ова северозападните Хавајски Острови и околната морска површина е прогласена за најголем светски морски резерват на живиот свет.[26] Во август 2010 година, од комитетот при Обединетите нации за заштита на светското богатство, оваа област е ставена на Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.[27][28][29] Председателот на САД, Барак Обама, на 26 август 2016 година, со указ оваа површина ја зголемил за четири пати.[30][31]

Клима[уреди | уреди извор]

Климата на Хавајските Острови е тропска, но може да има варијации кои зависат од географската широчина и времето.[32] Крајбрежните делови, посебно јужните и западните падини, се со посува клима.

Општо, пониските делови од островите се поврнежливи во зимскиот период (од октомври до април). Сувите периоди траат од од мај до септември. Тропските бури, а понекогаш урагани, се најчести од јули до ноември.[32]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Annexation of Hawaii | University of Hawaii at Manoa Library“. libweb.hawaii.edu. http://libweb.hawaii.edu/digicoll/annexation/blount/br0588.php. посет. 18 декември 2018 г. 
  2. Danzer, Gerald A; McDougal Littell (2009) (на English). The Americans.. Evanston, IL: McDougal Littell. ISBN 9780618916290. https://www.worldcat.org/title/americans/oclc/303518509. 
  3. Kent, Noel J.. Hawaii: Islands Under the Influence. University of Hawaii Press. ISBN 0-8248-1552-1. 
  4. Cook, James; Clerke, Charles; Gore, John; King, James (1784) (на en). A Voyage to the Pacific Ocean: Undertaken, by the Command of His Majesty, for Making Discoveries in the Northern Hemisphere, to Determine the Position and Extent of the West Side of North America, Its Distance from Asia, and the Practicability of a Northern Passage to Europe : Performed Under the Direction of Captains Cook, Clerke, and Gore, in His Majesty's Ships the Resolution and Discovery, in the Years 1776, 1777, 1778, 1779, and 1780. W. and A. Strahan. https://books.google.mk/books?id=O5AqNKtDqX0C&pg=PA222&redir_esc=y&hl=mk#v=onepage&q&f=false. 
  5. Clement, Russell. „From Cook to the 1840 Constitution: The Name Change from Sandwich to Hawaiian Islands“. University of Hawai'i at Manoa Hamilton Library. http://evols.library.manoa.hawaii.edu/bitstream/handle/10524/495/JL14054.pdf?sequence=2. 
  6. „Guide to State and Local Census Geography – Hawaii“. Washington, DC: U.S. Census Bureau. 2013-09-09. pp. 1–2. Retrieved 2016-09-16.. http://files.hawaii.gov/dbedt/census/geo/hi_gslcg.pdf. 
  7. „Hawaii Population 2016 (Demographics, Maps, Graphs)“. worldpopulationreview.com. http://worldpopulationreview.com/states/hawaii-population/. посет. 18 декември 2018 г. 
  8. Chuck Blay and Robert Siemers (Editor). „Kauai's Geologic History“. www.amazon.com. https://www.amazon.com/Kauais-Geologic-History-Blay/dp/0974472301. посет. 18 декември 2018 г. 
  9. „GNIS Detail - Island of Hawaiʻi“. geonames.usgs.gov. https://geonames.usgs.gov/apex/f?p=gnispq:3:0::NO::P3_FID:365308. посет. 18 декември 2018 г. 
  10. „GNIS Detail - Maui“. geonames.usgs.gov. https://geonames.usgs.gov/apex/f?p=gnispq:3:0::NO::P3_FID:362237. посет. 18 декември 2018 г. 
  11. „GNIS Detail - Oʻahu“. geonames.usgs.gov. https://geonames.usgs.gov/apex/f?p=gnispq:3:0::NO::P3_FID:359508. посет. 18 декември 2018 г. 
  12. „GNIS Detail - Kauaʻi“. geonames.usgs.gov. https://geonames.usgs.gov/apex/f?p=gnispq:3:0::NO::P3_FID:358305. посет. 18 декември 2018 г. 
  13. „GNIS Detail - Molokaʻi“. geonames.usgs.gov. https://geonames.usgs.gov/apex/f?p=gnispq:3:0::NO::P3_FID:362468. посет. 18 декември 2018 г. 
  14. „GNIS Detail - Lānaʻi“. geonames.usgs.gov. https://geonames.usgs.gov/apex/f?p=gnispq:3:0::NO::P3_FID:361712. посет. 18 декември 2018 г. 
  15. „GNIS Detail - Niʻihau“. geonames.usgs.gov. https://geonames.usgs.gov/apex/f?p=gnispq:3:0::NO::P3_FID:359509. посет. 18 декември 2018 г. 
  16. „GNIS Detail - Kahoʻolawe“. geonames.usgs.gov. https://geonames.usgs.gov/apex/f?p=gnispq:3:0::NO::P3_FID:359804. посет. 18 декември 2018 г. 
  17. „Hawaii : Image of the Day“. nasa.gov. http://earthobservatory.nasa.gov/IOTD/view.php?id=82975. посет. 4 јуни 2015 г. 
  18. „Tectonics, geochronology, and origin of the Hawaiian-Emperor Volcanic Chain“. The Geology of North America, Volume N: The Eastern Pacific Ocean and Hawaii. The Geology Society of America.. 1989. https://web.archive.org/web/20110611080721/http://www.botany.hawaii.edu/Faculty/Morden/BotZool450/Clague1989.pdf. 
  19. Swanson, D. A.; McDOUGALL, I. a. N. (1 декември 1972 г). Potassium-Argon Ages of Lavas from the Hawi and Pololu Volcanic Series, Kohala Volcano, Hawaii (на en). „GSA Bulletin“ том  83 (12): 3731–3738. doi:10.1130/0016-7606(1972)83[3731:PAOLFT]2.0.CO;2. ISSN 0016-7606. https://pubs.geoscienceworld.org/gsa/gsabulletin/article-abstract/83/12/3731/7435/potassium-argon-ages-of-lavas-from-the-hawi-and. 
  20. „GSA Bulletin | GeoScienceWorld“. pubs.geoscienceworld.org. https://pubs.geoscienceworld.org/gsabulletin. посет. 18 декември 2018 г. 
  21. „USGS: Volcano Hazards Program HVO Mauna Loa“. volcanoes.usgs.gov. https://volcanoes.usgs.gov/volcanoes/mauna_loa/. посет. 18 декември 2018 г. 
  22. „Hawaii“ (на en). web.archive.org. https://web.archive.org/web/20090419112209/http://earthquake.usgs.gov/regional/states/hawaii/history.php. посет. 18 декември 2018 г. 
  23. „Top Earthquake States“. web.archive.org. 31 август 2009. https://web.archive.org/web/20090831032740/http://earthquake.usgs.gov/regional/states/top_states.php. посет. 18 декември 2018 г. 
  24. Trusdell, Frank A.; Chadderton, Amy; Hinchliffe, Graham; Hara, Andrew; Patenge, Brent; Weber, Tom (15 ноември 2012). „Tohoku-Oki Earthquake Tsunami Runup and Inundation Data for Sites Around the Island of Hawai'i“. USGS. pp. 3–4. https://pubs.usgs.gov/of/2012/1229/of2012-1229_text.pdf. 
  25. „Nonindigenous Aquatic Species“. nas.er.usgs.gov. https://nas.er.usgs.gov/default.aspx. посет. 18 декември 2018 г. 
  26. „Hawaii Is Now Home to an Ocean Reserve Twice the Size of Texas“. National Geographic News. 26 август 2016. https://news.nationalgeographic.com/2016/08/obama-creates-world-s-largest-park-off-hawaii/. посет. 18 декември 2018 г. 
  27. Wikinews contributors (5 август 2010 г). 21 sites added to Unesco World Heritage list. „Wikinews“. https://en.wikinews.org/wiki/21_sites_added_to_Unesco_World_Heritage_list. 
  28. Saltzstein, Dan (4 август 2010). „Unesco Adds 21 Sites to World Heritage List“ (на en-US). In Transit Blog. https://intransit.blogs.nytimes.com/2010/08/04/unesco-adds-21-sites-to-world-heritage-list/. посет. 18 декември 2018 г. 
  29. Centre, UNESCO World Heritage. „World Heritage Committee inscribes a total of 21 new sites on UNESCO World Heritage List“ (на en). UNESCO World Heritage Centre. http://whc.unesco.org/en/news/647/. посет. 18 декември 2018 г. 
  30. „Obama expands Papahanaumokuakea marine reserve; plans Oahu trip“ (на en-US). Honolulu Star-Advertiser. 25 август 2016. http://www.staradvertiser.com/2016/08/25/breaking-news/ige-tells-obama-he-supports-expansion-of-papahanaumokuakea/. посет. 18 декември 2018 г. 
  31. „Fact Sheet: President Obama to Create the World’s Largest Marine Protected Area“ (на en). whitehouse.gov. 26 август 2016. https://obamawhitehouse.archives.gov/the-press-office/2016/08/26/fact-sheet-president-obama-create-worlds-largest-marine-protected-area. посет. 18 декември 2018 г. 
  32. 32,0 32,1 Lau, Leung-Ku Stephen; Mink, John Francis (2006) (на en). Hydrology of the Hawaiian Islands. University of Hawaii Press. ISBN 9780824829483. https://books.google.mk/books?id=BJjf0Oh2EBIC&pg=PA49&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false. 

Литература[уреди | уреди извор]