Претседател на Соединетите Американски Држави

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Претседател на САД)
Прејди на: содржини, барај
Печатот на Претседателот на САД.
Актуелниот претседател на САД, Барак Обама.
Соединети Американски Држави
Great Seal of the United States (obverse).svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Соединетите Американски Држави



Други земји · Атлас
 Портал „Управување со САД“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (англ. President of the United States of America) е шеф на државата и на владата на САД. Претседателот е на чело на извршната власт на федералната влада, чија улога е да ги спроведува државните закони како што ги пропишува Уставот на САД и Конгресот на САД. Претседателот е командант на вооружените сили на САД. Покрај тоа, има и дуги ексклузивни права доделени според Уставот, вклучувајќи и да потпишува или забранува закони изгласани од Конгресот, да формира кабинет од советници, да помилува осуденици, и, со совет и согласност на Сенатот на САД, да склучува меѓународни договори, да назначува федерални службеници, амбасадори, федерални судии и судии на Врховниот суд на САД.

Како и со сите високои државни службеници, Уставот ги ограничува овластувањата на Претседателот преку сложен механизам на проверки наменети за заштита на системот од какви било злоупотреби или преземање на апсолутна власт.

Претседателот се избира индиректно, преку Изборен Колеџ на четиригодишен мандат кој може да се повтори само уште еднаш. Секоја сојузна држава делегира пропорционален број на изборни гласови во изборниот колеџ. Преку мнозински систем, гласачите во сите држави гласаат за претседателски кандидат, и победникот ги добива сите изборни гласови во колеџот од таа сојузна држава. За да се избере претседател е потребно просто мнозинство во изборниот колеџ, доколку гласањето е изедначено, Претставничкиот дом на САД го избира претседателот.

Прв претседател на САД бил Џорџ Вашингтон. До денес, вкупно 43 лица во вкупно 55 мандати ја вршеле оваа функција.

Сегашниот претседател на САД е Барак Обама.

Белата куќа во Вашингтон е седиште и резиденција на Претседателот на САД. Платата на претседателот на САД е 400.000 УСД.[1]

Од крајот на 20. век, кога САД се единствена супер-сила, Претседателот на САД често се нарекува „најмоќна личност на светот“ и секако е една од највлијателните и најпознатите личности во светот.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]