Орел-рибар
| Орел-рибар | |
|---|---|
| Орел-рибар | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Соколовидни или Јастребовидни |
| Семејство: | Орли-рибари Sclater & Salvin, 1873 |
| Род: | Орел-рибар Savigny, 1809 |
| Вид: | Орел-рибар |
| Научен назив | |
| Pandion haliaetus (Linnaeus, 1758) | |

Орел-рибар (науч. Pandion haliaetus) е птица од редот на соколовидните, сместена во своја семејство орли-рибари (Pandionidae) и свој род орел-рибар (Pandion). Ја има во Македонија.
Распостранетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]Тие живеат низ целиот свет, а највеќе ги има во Канада и САД. Нивните гнезда најчесто ги поставуваат покрај езерата, мочуриштата и морските брегови.
Опис
[уреди | уреди извор]Долги се 60 см, а распонот на крилјата им е 180 см. Главата им е бела, а од очите до страните на вратот имаат црно. Градите и долниот дел им е бел, а крилјата им се кафеави.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Орлите-рибари се хранат со риби, со тежина до 2 кг. Кога ќе здогледаат риба, тие се спуштаат блиску до нивото на водата, грабнувајќи ја со своите нозе. Канџите се така обликувани, што не им дозволуваат на рибите да побегнат.
Размножување
[уреди | уреди извор]Гнездата им се направени од дрвени стапчиња, а најчесто им се наоѓаат на дрвата, карпите, бандери, мостови и слично, блиску до вода. Женките несат 2-4 јајца кои ги квачат 35-40 дена.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2008). „Pandion haliaetus“. 2008 IUCN Red List of Threatened Species. Посетено на 24 февруари 2009.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Орел-рибар на Ризницата ?- Видеоснимки, слики и звуци од орли-рибари — „Интернет-збирка на птици“ (англиски)
- Профил на орелот-рибар Архивирано на 2 јануари 2009 г. — Birdlife International (англиски)
- Програм за надзор на гнездата на орелот-рибар — OspreyWatch (англиски)
- Информации за орелот-рибар во Британија — Кралско друштво за заштита на птиците (англиски)
| ||||||