Атеизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Атеисти)
Прејди на: содржини, барај

Атеизам, во поширока смисла, е одбивањето на верување во постоењето на божества.[1] Во потесна смисла, атеизам е ставот дека не постојат божества.[2] Највклучително, атеизам едноставно е отсуство на верба дека постојат некои божества.[3] Атеизам е во контраст со теизам,[4] кој во својата најопшта форма е верувањето дека постои барем едно божество.[5][6]

Етимолошкиот корен од зборот атеизам(анг. atheism) потекнува пред 5-иот век п.н.е од античка Грција ἄθεος (atheos), што значи "без бог(ови)". Во тоа време, бил користен за луѓето кои одбивале да се покоруваат на боговите кои поголемата маса верувала.Православните христијани први почнале да го користат зборот во социјална категорија за тие кои не верувале во нивната вера.Сегашниот смисла на зборот почнала да се употребува од 16 век.Со ширењето на слободните мисли,научниот скептицизам, и критиките врз христијанството зборот атеизам ја има стеснето својата смисла.Првите луѓе кои почнале да се идентифираат самите себеси како атеисти живееле во 18 век за време на просветителството.

Причината за неверувањето во божества се повеќе: недоволни научни докази , аргументот за неконстантен пекол , проблемот за злобата во светот и аргументот за неверство како најглавните.Атеизамот е по-парсиномна позиција со која секој е роден, за разлика од теизамот; затоа е аргументирано дека главниот товар на докажување на божествата треба да биде докажан од теистите, а не од атеистите.

Според неколку анкети утврдено е дека највеќе Атеисти постојат во Европа и Северна Азија. Во 2010, 20% од популацијата во Европската Унија се изјаснало дека не верува во "духови, маѓии и Бог".[7] Додека пак во 2015, 61% од населението во Кина се изјаснале дека се атеисти.[8]

Дефиниции и Типови[уреди | уреди извор]

Писателите не се согласуваат за тоа како најдобро да се дефинираат и класифицираат атеизамот. Атеизмот се смета како компатибилен со агностицизам ,  и исто така е во контраст со него. Различни категории се користат за разликување на различните форми на атеизмот.

Овој дијаграм ја покажува врската помеѓу  дефинициите слаб/силен и имплицитен/експлицитен атеизам. (Големината на дијаграмот не ја покажува релативната големината на популациите)

Имплицитен и Експлицитен[уреди | уреди извор]

Дефиницијата за атеизам се разликува во тоа дали човекот е способен да свати дека постојат божества.Оваа поделба датира од 1772 година кога  Барон д'Холбач рекол: "Сите деца се родени атеисти, немаат поим за Господ." Многу слично на ова во 1979 година Џорџ Х. Смит рекол: "Човекот кој не е запознаен со теизамот е атеист бидејќи не верува во Господ".Во групата на имплицитни атеисти исто така спаѓаат луѓето кои имаат интелектуална неспособност да разберат дека постојат божества.Додека експлицитен атеист е тој кој е свесен за теизамот , но не верува.

Позитивен и Негативен[уреди | уреди извор]

Филизоферите Антони Флу[9] и Мајкл Мартин[10] атеизамот го поделиле на позитивен(силен/цврст) и негативен (слаб/мек). Позитивен е експлицитен аетизам кој тврди дека богови не постојат. Додека nегативен атеизам е секој друг вид на не-теизам.Термините слаб и силен се понови додека позитивен и негативен се многу по стари и се кориселе во филизофска литература.[11]

Дефиниција како невозможно или непостојано[уреди | уреди извор]

Пред почетокот на 18 век, постоењето на Бог било толку прифатен во западниот свет, што дури и можноста за вистински атеизам била во прашање. Ова се нарекува теистички innatism - идејата дека сите луѓе веруваат во Бог од раѓање; во овој поглед беше конотирано дека атеистите едноставно го негираат постоењето на Господ.

Исто така било тврдено дека атеистите веруваат во Бога и во време на криза, дека атеистите пред смртна постела станувале верници , или дека "не постојат атеисти во рововите" Тоа значи дека под голем стрес атеистите станувале верници. Имало сепак примери за спротивното, меѓу нив и примери за буквално "атеисти во рововите". 

Некои атеисти се сомневале во потребата за терминот "атеизам". Во својата книга Писмо до христијанската нација , Сем Харис напишал:

Всушност, "атеизам" е термин кој дури и не треба да постои. Никој никогаш не треба да се идентификува како "не-астролог " или "не-алхемичар ". Немаме зборови за луѓе кои се сомневаат дека Елвис е жив или дека вонземјани ја минале галаксијата само да ги малтретираат фармерите и добитокот. Атеизмот не е ништо повеќе од звуците кои разумните луѓе ги прават во присуството на неоправданите верски верувања. 

Прагматичен атеизам[уреди | уреди извор]

Прагматичниот атеизмот е поглед дека треба да се одбие верување во бог или богови, бидејќи тоа е непотребно за прагматичен живот. Ова гледиште е поврзано со апатеизамот и практичниот атеизам.

Аргументи[уреди | уреди извор]

Онтолошки аргументи[уреди | уреди извор]

Атеистите имаат дадено аргументи против постоењето на боговите со самото одговарање на теистички аргументи како аргумент за дизајн и фамозниот Паскалов облог .

Епистемолошки аргументи[уреди | уреди извор]

Некои атеисти тврдат дека луѓето не можат да го знаат Бог и да докажат дека постои Бог. Вториот е наречен агностицизам, која има различни форми. Во филозофијата на иманентност, божественоста е неразделна од самиот свет, вклучувајќи ги умот и на една личност, и свеста на секој човек која е заклучена во самиот човек. Според оваа форма на агностицизмот, ова ограничување во перспектива спречува било кој да дојде до заклучок за да го тврди постоењето на Бог. Рационалистичкиот агностицизам на Кант и Просветителството прифаќа само знаења изведени со човековиот разум; оваа форма на атеизам смета дека боговите не се забележливи како принципиелно прашање, и затоа не може да се знае дека постојат. Скептицизам, врз основа на идеите на Хјум, тврди дека сигурноста за нешто не е невозможно, така што никогаш не може да се знае за сигурно дали господ постои или не. Хјум, сепак, смета дека непознати метафизички концепти треба да се отфрлат како "софистиката и илузијата". Распределбата на агностицизам и атеизмот е спорна; сите може да се сметаат како самостојни и да се сметаат како основен поглед на светот. 

Други аргументи за атеизам кои можат да се класифицираат како епистемолошка и онтолошка , вклучувајќи игностицизам , каде се тврди безначајноста и неразбирливоста на термините "Бог" и изјави како "Бог е семоќен". Теолошкиот нонкогнитивизам смета дека изјавата "Бог постои" не искажува ништо, но е бесмислено и когнитивно без причина. Се има аргументи за тоа дали таквите поединци се класифицираат во некоја форма на атеизам или агностицизам. Филозофите А. Џ. Ајер и Теодор М. Дранџ ги отфрлаат двете категории, во која велат дека и двете категории веруваат дека Бог постои и го ставаат нонкогнитивизамот во својата сопствена категорија. 

Метафизички аргументи[уреди | уреди извор]

Филозофот Зофија Здубицка пишува:

"Метафизички атеизам ... ги вклучува сите доктрини кои го држат како метафизички монизам(хомогеност на реалноста) Метафизичкиот атеизам може да биде: а) апсолутен - експлицитено негирање на постоењето на Бог поврзано со материјалистичкиот монизам (сите материјалистички трендови, како во древните и модерните времиња), б) во однос - имплицитно негирање на Бога во сите филозофии , додека тие го прифаќаат постоењето на апсолутност, мислат дека апсолутнста не ги поседува атрибутите соодветни на Бога: трансцеденција, личен карактер и единство. Релативниот атеизмот е поврзан со идеалистичкиот монизам (пантеизам, панентеизам, деизам). " [12]

Логички аргументи[уреди | уреди извор]

Некои атеисти не веруваат во различните концепции на боговите , како што е личниот Бог на христијанството бидејќи е опишен со логично неконзистентни квалитети. Таквите атеисти даваат дедуктивни аргументите против постоењето на Бога, што тврдат дека има некомпатибилност меѓу одредени особини, како што е совршенството,статусот на творецнепроменливостасезнаењетосеприсутностасемоќтабесконечната добродушносттрансцеденцијаталичноста (човечко суштество), нефизичностаправдата, и милоста . 

Теолозните атеисти веруваат дека светот како што го живеат не може да се вклопи со квалитетите најчесто што ги има Бога и Боговите од теолозите. Тие тврдат дека сезнаен , семоќен , и бесконечно добродушен Бог не е компатибилен со еден свет каде постои зло и страдање, и каде Божествената љубов е скриена од многу луѓе.  Сличен аргумент се припишува на Сидарта Гаутама , основачот на будизмот . 

Намалувачки сметки на религијата[уреди | уреди извор]

Филозофот Лудвиг Фојербах  и психоаналитичар Зигмунд Фројд тврдат дека Бог и други религиозни верувања се човечки пронајдоци, создадени за да исполнат различни психолошки и емоционални сакања и потреби. Ова е исто така, во поглед на многу будисти. Карл Маркс и Фридрих Енгелс, под влијание на работата на Фојербах, тврдат дека верувањето во Бог и религијата се општествени функции, кои се користат од страна на оние кои се на власт да го угнетуваат народот на работничка класа. Според Михаил Бакунин, "идејата за Бог подразбира абдикација на човечкиот разумот и правдата, тоа е решавачката негација на човечката слобода, и нужно завршува во поробување на човештвото, во теорија и пракса." Тој го завртил познатиот афоризам на Волтер кој велел "Aко Бог никогаш не постоел ќе биде потребно да биде измислен" со "Ако Бог навистина постои, тогаш ќе биде потребно да биде укинет." 

Атеизмот, религијата и духовноста[уреди | уреди извор]

Атеизмот е во согласност со некои религиозни и духовни системи на верување, вклучувајќи ги и Хиндуизмот, Џаинизам, Будизмот, Синтеизмот, Раелизмот  и Неопаганските движења  како што се "Вика". Āstika училиштата во хиндуизмот го рачунаат атеизмот како валидна патека до Мокша, но многу тешка бидејќи атеистите нема да добијат помош од божественоста на своето патување. Џаинизамот верува дека универзумот е вечен и нема потреба од создавач на божества, сепак Титанкарасите се ценети и можат да го надминат времето и просторот и имаат повеќе енергија отколку богот Индра. Секуларниот будизам не се залага за верување во богови. Почетокот на будизмот бил атеистички и патот на Гаутама Будае не споменува никакви богови. Во подоцни концепции на будизмот се смета дека Буда е Бог, укажува дека приврзаниците може да го станат на божјо ниво, но треба и да го почитуваат Бодиставас и Вечниот Буда .

Атеизмот и негативната теологија[уреди | уреди извор]

Апофатичката теологија е често обвинета дека е верзија на атеизам или агностицизам, бидејќи не може да каже дека навистина постои Бог. "Споредбата е сурова, конвенционалниот атеизмот го третира постоењето на Бог како предикат кој може да се негира ("Бог е непостоечки"), додека негативната теологија негира дека Бог има предикати. "Бог или Божественоста е" без да даваат атрибути за квалитетност како "Што е тој". Ова ќе биде предуслов од позитивна теологија во негативната теологија што прави разлика помеѓу теизам и атеизам. "Негативната теологија е дополнување, а не непријател на позитивната теологија". 

Навод[уреди | уреди извор]

  1. Rowe, William L.. (1998). „Atheism“. Routledge Encyclopedia of Philosophy. Изд. Edward Craig. Taylor & Francis. (конс. 1 февруари 2010 г)
  2. religioustolerance.org's short article on Definitions of the term "Atheism" suggests that there is no consensus on the definition of the term. Simon Blackburn summarizes the situation in The Oxford Dictionary of Philosophy: "Atheism. Either the lack of belief in a god, or the belief that there is none". Most dictionaries (see the OneLook query for "atheism") first list one of the more narrow definitions.
    • Runes, Dagobert D.(editor) (1942 edition). Dictionary of Philosophy. New Jersey: Littlefield, Adams & Co. Philosophical Library. ISBN 0064634612. http://www.ditext.com/runes/a.html. конс. 1 февруари 2010 г. „(a) the belief that there is no God; (b) Some philosophers have been called "atheistic" because they have not held to a belief in a personal God. Atheism in this sense means "not theistic". The former meaning of the term is a literal rendering. The latter meaning is a less rigorous use of the term though widely current in the history of thought“  – entry by Vergilius Ferm
  3. „Definitions: Atheism“. Department of Religious Studies, University of Alabama. http://web.as.ua.edu/rel/aboutreldefinitions.html. конс. 23 април 2010 г. 
  4. Oxford English Dictionary, Second Edition
  5. „Merriam-Webster Online Dictionary“. http://www.merriam-webster.com/dictionary/theism. конс. 23 април 2010 г. 
  6. Social values, Science and Technology (PDF). Directorate General Research, European Union. 2010. p. 207. Archived(PDF) from the original on 2011-04-30. Retrieved 2011-04-09.
  7. "Gallup International Religiosity Index" (PDF). Washington Post. WIN-Gallup International. April 2015.
  8. Flew 1976, pp. 14ff: "In this interpretation an atheist becomes: not someone who positively asserts the non-existence of God; but someone who is simply not a theist. Let us, for future ready reference, introduce the labels 'positive atheist' for the former and 'negative atheist' for the latter."
  9. Martin 2006.
  10. Овој дијаграм ја покажува врската помеѓу  дефинициите слаб/силен и имплицитен/експлицитен атеизам. (Големината на дијаграмот не ја покажува релативната големината на популациите)
  11. Atheism (на en). „Wikipedia“. 11 јули 2017 г. https://en.wikipedia.org/w/index.php?title=Atheism&oldid=790037374.