Филозофија на јазикот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Филозофија на јазикот — дел од филозофијата кој особено се интересира за значењето или смислата, за употребата на јазикот, неговото изучување и процесот на негово создавање, неговото разбирање, комуникацијата, толкувањето и преводот, како и односот на јазикот со стварноста. Иако филозофските проблеми кои произлегуваат од јазикот биле предмет на анализа уште од времето на Платон и Ариистотел, како и за време на средновековната филозофија, она што го нарекуваме филозофија на јазикот, како засебно научно поле, е всушност аналитичката традиција која се јавува во ХХ. век, претежно во англо-саксонската филозофија. Сепак, континенталната филозофија го нема запоставено јазикот, иако има развиено инаков пристап, третирајќи го јазикот како дел од логиката, или пак поаѓајќи од херменeвтички или семиотички стојалишта.

Оваа дисциплина честопати поаѓа од одредени епистемолошки и метафизички поставки, а е во тесна врска и со филозофијата на духот, логиката, семиотиката и општата лингвистика. Главен проблем кон кој се насочени филозофските размисли, е природата на јазикот, односнот на јазикот со стварноста, проблемот на значењето, и вистината. Особено често прашање е како еден исказ го добива своето значење, односно што му дава смисла на еден исказ, а оттаму што прават јазичните говорници со смислените искази, односно како комуницираат, која е врската помеѓу јазикот и светот. Во континенталната традиција се издвојуваат следниве филозофи кои имаат работено на јазикот: антички филозофи како Платон и Аристотел, Мартин Хајдегер, Жак Дерида, Ханс Гадамер, Вилијам Дилтај итн. Во аналитичката филозофија значителен придонес имаат дадено: Готлоб Фреге, Бертранд Расел, Лудвиг Витгенштајн, Џон Серл, Пол Грајс, Џ. Л. Остин и други.


Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]