Елени

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Елен)
Прејди на: содржини, барај
Елен
Обичен елен (Cervus elaphus)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Подред: Преживари
Семејство: Елени
Потсемејства

Capreolinae
Cervinae

Распространетост на сите видови на елени

Елен (науч. Cervidae, односно Елени) — семејство тревопасни животни од редот на парнокопитните (Artiodactyla) со повеќе родови и видови. Кај обичниот елен, мажјакот, женката кошута[1], а младото еленче.

Изглед[уреди | уреди извор]

Еленот е силно и големо животно. Мажјаците се поголеми од женките, а на главите имаат големи, широко разгранети рогови. Роговите што по правило ги има само мажјакот, почнуваат да му растат 8-10 месеци по раѓањето и најпрво му се развива основата таканаречена рожиште. Првите рогови почнуваат да му растат дури од половината на втората календарска година и имаат облик на шило. Роговите на еленот редовно му паѓаат кон крајот на февруари или во почетокот на март, а до јули му се развиваат нови уште посилни рогови. Влакното на еленот е кусо, лете е со црвенкасто-кафеавкаста боја, а зиме станува сиво-кафеаво.

Елените живееат во листопадните шуми, во рамнини и во планински предели. Воглавно се ноќни животни, кои дење се одмараат во засолништа. Кошутите се собираат во крда кои ги предводи доминантната женка. Мажјаците се собираат во помали групи, освен во текот на есенската сезона на парење, кога се самостајни и се борат за женките.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Еленот како преживар се храни со растителна храна. Поради тоа, тој најчесто пасе на шумски ливади и го брсти лисјето на дрвјата и на грмушките, поради што понекогаш може да причини штети врз одделни млади стебла и насади.

Размножување[уреди | уреди извор]

Еленот е полигамен вид и за време на парењето оплодува повеќе женки за чија наклоност се бори жестоко со своите соперници, при што често доаѓа и до повреди кај елените. Во месец септември и октомври елените со своето рикање го навестуваат периодот на парење. Оплодената женка го носи младенчето околу 240 дена, а раѓа најчесто едно младо кон крајот на март и април, односно мај.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Централна и јужна Европа, Централна Азија, Северна Америка, Северозападна Африка

Во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Македонија живеат три рода елени, со по еден вид: обичниот елен (Cervus elaphus), еленот лопатар (Dama dama) и срната (Capreolus capreolus).[2]

Од нив, автохтон важи обичниот елен (наречен и ридски елен), кој подоцна изумрел и природно се одржал само на планината Кожуф. По Втората светска војна повторно е повторно населен на повеќе места како резерватот „Јасен“, националните паркови „Маврово“ и „Пелистер“, како и во ловиштата „Кадина Река“ и „Пониква“..[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „кошута“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Елени“. Македонска енциклопедија книга I: стр. 527. (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  3. „Дивеч: Распространетост и бројна состојба на главните ловно-стопански видови (2006)“. Македонска енциклопедија книга I: стр. 460. (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]