Елен лопатар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елен лопатар
Fallow deer in field.jpg
Мажјак
Женка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Елени
Потсемејство: Вистински елени
Род: Елен лопатар
Вид: Елен лопатар
Биномен назив
Dama dama
(Linnaeus, 1758)
Распространетост
1: домородна
2: можно домородна
3: доведен во далечното минато
4: доведен во поново време
Елени лопатари во околината на Бристол, Англија
Леукистична и обична единка во Зоолошката градина во Скопје

Елен лопатар (науч. Dama dama) — цицач од семејството на елените (Cervidae) домороден во Евроазија (вклучувајќи ја Македонија[2]), но потоа доведен во многу краишта како ЈАР, Фернандо По, Сао Томе, Мадагаскар, Маврициус, Мајот, Реинион, Сејшелите, Коморите, Мароко, Алжир, Тунис, Кипар, Зелениот ’Рт, Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД, Фолкландските Острови и Перу.[3][4] Честопати за негов подвид се смета и пореткиот персиски елен лопатар, како D. d. mesopotamica),[5] додека пак други го сметаат за посебен вид (D. mesopotamica).[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Мажјаците се долги 140–160 см, високи 85–95 см и тешки 60–100 кг. Кошутите (женките) се долги 130–150 см, високи 75–85 см и тешки 30–50 кг. Најголемите мажјаци достигнуваат 190 см во должина и 150 кг во тежина.[6] Младенчињата се раѓаат напролет со големина од 30 см и тежина од околу 4,5 кг. Животниот век на еленот лопатар е 12–16 години.

Единките прилично се разликуваат по боја, при што постојат четири главни варијанти: обична, менилна (светлa) меланистична и леукистична.[7] Најсветли се белите, а потемни се обичните и менилните, додека пак меланистичните се многу темни, па дури и црни (лесно можат да се помешаат со дамчестиот елен).

Највеќето стада се состојат од обични единки, но неретко се среќаваат и менилни единки. Меланистичните единки се поретки, а белите пак најретки, освен новозеландските стада, кои имаат по многу меланистични единки.[8]

Само мажјаците имаат рогови, кои првите две години се шилести, а потоа го добиваат карактеристичниот лопатест облик. По исхрана се тревопасни и претпочитаат мешани шуми и отворени тревести предели. Во парната сезона, мажјаците се расејуваат, а женките се движат меѓу нив. Ова е посебно поведение кое не се јавува во остатокот од годината, кога единките настојуваат да бидат заедно во групи до 150 единки.

Ова е мошне брзи и агилни животни кои развиваат брзина до 48 км/ч[9] на кратки растојанија, но не се побрзи од многу нивни сродници како срната поради послабата мускулатура. Можат да скокнат 1,75 м во висина и 5 м во далечина.

Распространетост и историја[уреди | уреди извор]

Еленот лопатар е евроазиски вид[10] кој бил домороден во речиси цела европа за време на последниот меѓуледнички период. Во холоценот, живеалиштето му е ограничено на Блискиот Исток и можеби, делови од Средоземјето, додека на југоисток живеел персискиот елен лопатар кој е поголемо тело и рогови. Утврдено е дека во Левантот, еленот лопатар играл значајна улога во исхраната на луѓето за време на палеолитската кебарска култура (17 000–10 000 п.н.е.), како што се гледа од наодите во северен Израел, но нивниот број се намалил за време на епипалеолитската натуфска култура (10000–8500 п.н.е.), што можеби се должи на поголемата сушност и губитокот на шумските предели.

Во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Македонија еленот лопатар е присутен како доведен вид.[11]. Неговата бројност флуктуира од година во година и од регион во регион. Најзастапен е во Источниот регион.[12] Еве ја бројната состојба во периодот од 2010 до 2014 г.[12]

Бројна состојба на еленот лопатар во Македонија, 2010-2014
Година 2010 2011 2012 2013 2014
Единки 260 495 260 476 378

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Masseti, M. & Mertzanidou, D. (2008). „Dama dama“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 8 April 2009.
  2. „Елени“. Македонска енциклопедија книга I (А-Љ): стр. 527. (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  3. http://www.hoofarm.com/deer.asp
  4. LONG JL 2003. Introduced Mammals of the World: Their History, Distribution and Influence (Cabi Publishing) by John L. Long (ISBN 9780851997483)
  5. Wilson, D.E.; Reeder, D.M., уред-ци (2005). Mammal Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference (3rd издание). Johns Hopkins University Press. ISBN 978-0-8018-8221-0. OCLC 62265494. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=14200388. 
  6. Burnie D and Wilson DE (Eds.), Animal: The Definitive Visual Guide to the World's Wildlife. DK Adult (2005), ISBN 0789477645
  7. The British Deer Society
  8. New Zealand Hunting Info
  9. The Deers of the Ranch of America
  10. Urdang, p. 476
  11. „Дивеч“. Македонска енциклопедија книга I (А-Љ): стр. 460. (2009). Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  12. 12,0 12,1 „Бројна состојба на дивечот,по години по региони“. Државен завод за статистика на РМ. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Zemjodelstvo__LovRibolov/125_Lov_reg_broj_mk.px/table/tableViewLayout1/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. конс. 3 февруари 2016 г. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • FAO ANIMAL PRODUCTION AND HEALTH PAPER 27. (1982). Deer farming guidelines on practical aspects. ISBN 92-5-101137-0. Retrieved on 4 January 2008.
  • Clutton-Brock, J. (1978). A Natural History of Domesticated Animals. London, British Museum.
  • Lyneborg, L. (1971). Mammals [of Europe]. ISBN 0-7137-0548-5.
  • Level 1 DSC Training Manual. http://www.eskdalewildlife.com/training.html
  • Urdang, Laurence. The Random House Dictionary of the English Language. 1969; Laurence Urdang, Editor in Chief, Random House.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]