Биоко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Биоко
Otcho
Bioko.png
Карта на Биоко
Географија
Место Гвинејски Залив
Координати 3°30′ СГШ 8°42′ ИГД / 
Површина 2.017 км2
Должина 70 км
Ширина 32 км
Најг. висина 3.012 м
Најв. точка Пико Басиле
Управа
Најголемо нас. место Малабо (нас. 155,963 (2005 проц.))
Демографија
Население 334,463 (2015 попис)
Густина 165,8 /км2
Народности Бубијци (58%), Фанг (16%), Фернандинци (12%), Игбоанци (7%) (2002)[1]

Биоко (шпански, француски и португалски: Bioko или Bioco), а за време на португалската колонијална управа познат како Фернандо По (Fernando Poo) е остров во Екваторска Гвинеја. Островот е оддалечен 32 км од западниот брег на Африка. Островот е поблиску до брегот на Камерун, одошто со копнениот дел на Екваторска Гвинеја. Вкупната површина на островот според пописот од 2005 година изнесува 334,463 жители[2] и има вкупна површина од 2017 километри квадратни. На островот се наоѓа главниот град на Екваторска Гвинеја - Малабо.

Географија[уреди | уреди извор]

Биоко има вкупна површина од 2017 километри квадратни и се наоѓа во Гвинејскиот Залив. Островот е долг 32 км во правец север-југ. Островот е вулкански и планински и највисок врв е Пико Басиле со 3012 метри надморска височина. Островот по гео-морфолошките и релјефни карактеристики наликува на соседните острови Сао Томе и Принсипе. До пред 10.000 години Биоки бил крајниот дел на полуостров кој излегувал од брегот на денешен Камерун.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2005 година, островот имал вкупно население од 334,463 жители.[4] Историско староседелско население биле Бубијците, кои денес претставуваат 58% од населението. Покрај нив, на островот живеат Фанг со 16%, Фернандинци со 12% и Игбо со 7%.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Minahan, James (2002). Encyclopedia of the Stateless Nations: A-C. Greenwood Publishing Group. стр. 330. ISBN 0313321094. 
  2. Census 2015, DGECN, Equatorial Guinea.
  3. McNeil Jr, Donald G.. „Precursor to H.I.V. Was in Monkeys for Millenniums, Study Says“, „The New York Times“, 16 септември 2010.
  4. „Bioko“. Encyclopædia Britannica. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/65951/Bioko. посет. 28 април 2015 г. 
  • Room, Adrian (1994). African placenames. Jefferson, North Carolina (USA): McFarland.
  • Sundiata, Ibrahim K. (1990). Equatorial Guinea: Colonialism, State Terror, and the Search for Stability. Boulder, Colorado (USA): Westview Press.
  • Janikowski, Leopold (1886) (на French). L'ile De Fernando-Poo, Son Etat Actuel Et Ses Habitants (Bulletin De La Société De Géographie, Septième Série. - Tome Septième издание). 
  • Janikowski, Leopold (1887) (на Spanish). La Isla de Fernando Póo, su estado actual y sus habitantes (Boletín dela sociedad Geográfica de Madrid XXII издание). стр. 67–77 and 201–211. 
  • Janikowski, Leopold (1936) (на Polish). W dżunglach Afryki. Wspomnienia z polskiej wyprawy afrykańskiej w latach 1882-90 (1936 издание). Warsaw, Poland: Wydawnictwo Ligi Morskiej I Kolonjalnej; Skład Główny: Instytut Wydawn. Bibljoteka Polska S. A.. https://books.google.com/books?id=s4HVAAAAMAAJ&q=Fernando. посет. 9 април 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]