Принсипе
- Оваа статија е за остров во Африка. За останати значења, видете ја страницата за појаснување.
![]() Map of São Tomé and Príncipe with Príncipe near the top | |
Географија | |
---|---|
Место | Сао Томе и Принсипе |
Координати | 1°37′N 7°24′E / 1.617° СГШ; 7.400° ИГДКоординати: 1°37′N 7°24′E / 1.617° СГШ; 7.400° ИГД |
Површина | 136 км2 |
Највисока точка | Пико де Принсипе |
Окрузи | 1 (Паге) |
Главен | Санто Антонио |
Демографија | |
Демоним | Принсипеец |
Население | 5,000 ((проц.)) |
Густина | 36,8 /km2 (953 /sq mi) |
Дополнителни податоци | |
Телефонски код: 00239-19x-xxxx |
Принсипе (португалски: Ilha do Príncipe, „остров на принцот“[1]) е најсеверниот и помал главен остров во државата Сао Томе и Принсипе. Островот има вкупна површина од 136 км2 и население од околу 5000 жители. Островот е од вулканско потекло и истиот е опколен од уште неколку помали острови, како што се Бом Бом, Каросо, Тињоса Гранде и Тињоса Пекена. Централните и северните делови на островот биле плантажи, основани за време на португалскиот колонијален период. На плантажите се одгледувало какао и шеќер и со тоа островот станал еден од најголемите производители на какао.[2]
Административна поделба[уреди | уреди извор]
Островот, целиот, е дел од округот Паге, кој е единствен округ во покраината Принсипе.
Населени места[уреди | уреди извор]
Принсипе има само еден град, Санто Антонио и еден аеродром. Покрај градот, на островот има и одреден број села, меѓу кои Бела Виста, Бомбом, Футуро, Невес Фереира, Пасиенсија, Понта Фонте, Рибеира Изе, Санто Антонио де Урека и Вила Роса.
Демографија[уреди | уреди извор]
Покрај официјалниот португалски јазик, на островот се зборуваат и принсипенскиот јазик и фороанскиот јазик. Островот има околу 5 000 жители.
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Повеќе за Принсипе на збратимените проекти на Википедија | |
![]() |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? |
![]() |
Податотеки на Ризницата ? |
![]() |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? |
![]() |
Новинарски известувања на Викивести ? |
![]() |
Мисли на Викицитат ? |
![]() |
Изворни текстови на Викиизвор ? |
![]() |
Прирачници на Викикниги ? |
![]() |
Информации за патување во Википатување ? ? |
- Карта на Принсипе
- Бом Бом, Принсипе Архивирано на 17 ноември 2011 г.
- Портал за Принсипе
- São Tomé and Príncipe на Викимедииниот атлас
Википатување има туристички водич за Sao Tome and Principe. - Принсипе на Curlie (англиски)