Национален парк Пелистер
Национален парк Пелистер | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
![]() | |
Карта на Македонија | |
Место | Општина Битола, Македонија |
Најблизок град | Битола |
Површина | 171.5 km2 (66.2 ми) |
Воспоставен(а) | 1948 |
Пелистер — национален парк во Македонија, кој се наоѓа помеѓу Преспанската Котлина и Пелагонија. Тој бил прв национален парк на територијата на Македонија, прогласен во 1948 година и неговата вкупна површина е 17.150 хектари.[2]
Опфаќа делови од планината Баба, како и повеќе познатиот нејзин врв Пелистер (2.601 м.). И покрај тоа што зафаќа висок планински простор, овој национален парк е доста пристапен, а од Битола до месноста Копанки има околу 15 километри.
Име[уреди | уреди извор]
Името Пелистер води потекло од антиката, односно најверојатно е дадено од древномакедонските племиња, Пелагонци и Линкестиди кои живееле непосредно под планината Баба, во овој дел од рамнината Пелагонија. Меѓу народот постои и легенда дека името Пелистер доаѓа од зборовите „пет лисје“. Кованицата бели+стени= белистени=пелистер е една од можните варијанти за потеклото на името Пелистер.
Исто така, има мислење дека името „Пелистер“ е кованица од бел+истер= бел-истер = пелистер. Како аналогија се зема името на полуостровот Истра и ред други топоними, ороними и сл. од претсловенско, античко-венетскиот период. Значењето на „истер“ и ден-денес во македонскиот јазик како и милениуми претходно се употребува - означува нешто што е истерано, извишено, било во висина, било во море и сл. Колку за потсетување, старото име на реката Дунав е исто така Истер!
Географија[уреди | уреди извор]
Националниот парк „Пелистер“ се наоѓа во југозападниот дел на Македонија и зафаќа површина од 17.150 хектари. Прогласен е во 1948 година како прво заштитено природно богатство во Македонија. Повторно е прогласен за национален парк во 2007 година при што неговата првична површина од 12.500 ха е зголемена на сегашните 17.150 ха. Се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2.000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Највисок врв е Пелистер (2.601 m). Од земјишните облици на Пелистер највпечатливи се т.н. камени реки. Тоа се наклони на релјефот исполнети со блокови од стени со различен состав.
Хидрографија[уреди | уреди извор]
Од хидрографските објекти, со посебна природна привлечност се двете леднички езера, Пелистерски Очи - Големото и Малото Езеро на Пелистер, исто познати како „Горски Очи“.
Флора и фауна[уреди | уреди извор]
Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 дрвни видови, што претставува 29% од вкупната дендрофлора на Македонија. Во растителноста на НП Пелистер се среќаваат 21 растителна заедница, од кои 8 се шумски, а 13 тревни заедници. Од шумските дрвни видови најголема вредност има моликата - автохтон вид на петтоигличест бор со терцијарна старост којшто расте само на неколку планини на Балканскиот Полуостров. Висинската амплитуда на распространувањето на моликата на Пелистер е од 600 до над 2.200 метри.
НП Пелистер претставува класично наоѓалиште за повеќе од 20 растителни видови, од коишто 2 се локални ендемити. Од ’рбетниците се среќаваат: 10 видови водоземци, 15 влекачи, 91 вид птици и 35 видови цицачи. Од рибите, значајно е да се истакне присуството на пелистерската ендемска поточна пастрмка (Salmo trutta peristericus) и пелагониската поточна пастрмка (Salmo trutta pelagonicus).
Пелистерски ендемски видови[уреди | уреди извор]
Фауна:
- Salmo trutta peristericus (поточна пастрмка)
- Salmo trutta pelagonicus (поточна пастрмка)
- Iliodromus peristericus (остракоди)
- Eucypris diebeli (остракоди)
- Niphragus pancici peristericus (амфиподното ракче)-Големо Езеро
- Arcticocampus macedonicus (харпактикоидното ракче)
- Brachydesmus peristerensis (пелистерската стоногалка)
- Alpaeus macedonica (тврдокрилните инсекти)
- Cychrus attenuatus peristericus (тврдокрилните инсекти)
- Duvaliotes peristericus (тврдокрилните инсекти)
- Platyduvalius macedonicus (тврдокрилните инсекти)
- Trechus hajeki (тврдокрилните инсекти)
- Scythris crypta (мали пеперутки)
- Scythris similis (мали пеперутки)
- Hadena clara macedonica (ноќната пеперутка)
Флора:
- Alchemilla peristerica (пелистерската небесна роса)
- Sempervivum octopodes (еден од двата ендемски видови на пази куќа)
- Jovibarba heuffelii var (еден од двата ендемски видови на пази куќа)
- Crocus pelistericus (пелистерската качунка)
- Festuca pelisterica (пелистерската власеника)
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Pelister National Park“. protectedplanet.net.[мртва врска]
- ↑ Македонија низ бројки, 2011
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|
|