Прејди на содржината

Слива (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слива
Βροατσέρια / Sllivë
Слива на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.414 м
Координати40°42′56″N 21°00′58″E / 40.7155°N 21.0161°E / 40.7155; 21.0161
Географија
МестоДолна Преспа, Егејска Македонија
Деволско, Албанија
Карта

Слива (грчки: Βροατσέρια, албански: Sllivë, Slliva) — планина во Долна Преспа, на границата меѓу Албанија и Егејска Македонија во Грција. Практично претставува срт на Сува Гора.[1]

Планината е сместена во Преспа, меѓу Големото Преспанско Езеро на север и Малото Преспанско Езеро на југ. Егејскиот дел на планината е во Националниот парк „Преспа“ и е вклучен во мрежата на зашитени подрачја Натура 2000. По планината минува албанско-грчката граница, т.е. граничните пирамиди бр. 10 - 19. Највисок врв е Слива со 1.414 м (гран. пир. бр. 12), кој се наоѓа на албанска територија. На север превојот Урида до дели од сртот Калуѓер. Планината се протега во насока север-југ. На запад на албанска територија се селата Церје, Ракицко и Шуец, а на исток на грчка територија се остатоците на селото Орово, денешното село Граждано и остатоците од Трново.[1]

Сочинета е од варовнички карпи.[1]

Врвовите на планината, дадени по висински редослед,[1] се следниве:

ИмеАлбански/ГрчкиВисочина
(м)
МестоположбаЗемја
СливаSllivë, Βροατσέρια, Βροαστέρια1.414гранична пирамида бр. 12Албанија, Грција
ГолинаGolinë, Γκολίνα, Γκολίνες1.402гранична пирамида бр. 14Албанија, Грција
МизесMizes Madhe, Μίζες1.356гранична пирамида бр. 19Албанија, Грција
ГапанGogozit, Γκογκόζιτ, Γάπαν1.326гранична пирамида бр. 18Албанија, Грција
АнторахиΑνθορράχη1.311гранична пирамида бр. 17Албанија, Грција
ЕлафиΕλάφι1.280Грција
УридаΟυρίντα1.155гранична пирамида бр. 10Албанија, Грција

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 394. ISBN 978-960-86676-6-2.