Лисец (Егејска Македонија)
Изглед
За други значења на поимот, погл. Лисец (појаснување).
Лисец | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.827 м |
Географија | |
Место | Костурско, Егејска Македонија |
Лисец — планина во Костурско, Егејска Македонија. Се смета за дел од Нередска Планина (Вич) и е сместена во областа Корешта, во југоисточниот дел од општината Преспа и ја дели долината на Желевска (Рулска) Река од онаа на Статичка Река. Висока е 1.827 м.. На северното подножје се наоѓа селото Трново.
Тука, кај Трново во 1903 г. од прогрчки платеници е убиен и обезглавен костурскиот војвода Лазар Поп-Трајков. Мештаните од Бапчор го опеале овој трагичен настан во Песната за Лазар Поп-Трајков, во која планината Лисец жали за убиенот војвода.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Сокол ми лета високо - Збирка народни песни од Егејска Македонија, Скопје: КУД Гоце Делев - Скопје, 1978, стр. 14.
|