Прејди на содржината

Сугљани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сугљани
Σουγλιάνι
Сугљани на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.867 м
Координати40°37′44″N 23°41′38″E / 40.6288°N 23.6940°E / 40.6288; 23.6940
Географија
МестоХалкидик, Егејска Македонија

Сугљани или Сувљани (грчки: Σουγλιάνι) — мала планина на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија.[1] Висока е 867 м.

Планината е сместена во североисточниот дел на Халкидичкиот Полуостров. Претставува округла ниска планина која на север се граничи со Рендинска Река и на југ е одделена со реките Мавролакос и Докос со планината Пијавица.[1]

На картата на Кондогонис (1914) врвот е означен како Сувљани (Σουβλίανι), а на картите на Грчката военогеографска служба од 1927, 1936 и 1947 г. како Сугљани (Σουγλιάνι).[1]

Карпите се сочинети од гнајсови и амфиболити. Рендинска Река е вклучена во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000.[1]

Искачувањето до врвот трае 2 часа, поаѓајќи од селото Горно Ставрос (на 90 м).[1]

Ова се врвовите на Сугљани, подредени по висина:[1]

ИмеГрчкиВисина
(м)
Местоположба
СугљаниΣουγλιάνι867Ј од Горно Ставрос, И од Моди
ДристесΔρίστες, Πόρος774Ј од Горно Ставрос, И од Моди
СугљанудиΣουγλιανούδι746ЈЗ од Горно Ставрос, СИ од Моди
КолјаниΚόλιανη709И од Моди
КизонеријаΚιζονέρια700
Свети ИлијаΠροφήτης Ηλίας665ЈИ од Горно Ставрос
ПраматевтадесΠραματευτάδες609Ј од Горно Ставрос
ГорницаСЗ од Варварски Колиби

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 5 6 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 452. ISBN 978-960-86676-6-2.