Прејди на содржината

Урвил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Урвил
Όρη Λεκάνης
Поглед на масивот Урвил
Највисока точка
ВрвМунчинов Врв
Надм. вис.1.298 м
Географија
Урвил на карта

Карта

Местотромеѓа на окрузите Кавала, Драма (Егејска Македонија) и Скеча (Западна Тракија)

Урвил или Чалдаг (грчки: Όρη Λεκάνης, Ори Леканис или Τσαλ Νταγ, Цал Даг) — планина на границата на Егејска Македонија и Западна Тракија, денес во Грција.

Ова е ниска, гола и разлатена планина, сместена во југоисточниот дел на Егејска Македонија и претставува тромеѓа на македонските окрузи Кавала на југ и исток и Драма на запад и север, и тракискиот округ Скеча (Ксанти) на североисток. Највисока точка на планината е Мунчинов Врв со 1.298 м, наречен по истоименото село Мунчино (Лекани).

На северозапад Урвил се граничи со планината Драмски Боздаг (Флакро). Реката Места ја дели од Родопите на север и Руен на запад. На југ е Кавалскиот Залив, а на запад Драмското Поле. На јужното подножје на планината е сместен градот Кавала, на северното Бук (Паранести), а на западното — античкиот град Филипи.

За време на бугарската окупација во 1942 г. планината е преименувана во Пресијан Планина, но ова име денес не е задолжително за употреба. Македонското име „Урвил“ произлегува од старинскиот збор урва, што значи „провалија“ или „стрмнина“[1] Турското име „Чалдаг“ значи врвова планина, а грчкото „Лекани“ — леген.

Поврзано

[уреди | уреди извор]