Света Гора (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Света Гора
Άθως
Mt. Athos (3939757657).jpg
Поглед на планината
Највисока точка
Надм. вис.2.030 м
Координати40°09′30″ N; 24°19′38″ E / 40.1584° СГШ; 24.3273° ИГД / 40.1584; 24.3273Координати: 40°09′30″ N; 24°19′38″ E / 40.1584° СГШ; 24.3273° ИГД / 40.1584; 24.3273
Географија
МестоХалкидик, Егејска Македонија

Света Гора или Атон (грчки: Άθως, Атос; Άγιο Όρος) — планина на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Планината е сместена на истоимениот полуостров Света Гора, на кој се наоѓа православната монашка република со своите 20 манастири и мноштво скитови, создадена во X век.[1]

Древното име Атон се споменува од разни антички автори — Аристотел, Херодот, Страбон и други. Според Есхил на Атон е запалена една од осумте клади кои го означиле крајот на Тројанската војна.[1] На неа имало важно светилиште уште во претхристијанско време. Карпите се гнајсови, гранити и амфиболити.[1]

Обрасната е со дабови, костени, јавори и други видови дрвја. Дел е од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1270003) и прогласена за орнитолошки важно место (037). Вклучена е во списокот на светско наследство на УНЕСКО (природно и културно) во 1988 г. (454).[1]

До врвот се стасува по два пата. Едниот е манастирот Велика Лавра (160 м) - Керасија (600 м) - пештерна црква „Пресв. Богородица“ (1.540 м) - врвот (каде стои параклисот „Преображение Христово“) за околу 6 часа. Другиот пат оди манастирот „Св. Павле“ (130 м) - скит „Св. Ана“ (300 м) - пештерна црква „Пресв. Богородица“ (1.540 м) - врвот за 8 часа.[1]

Врвови
Име Грчки Висина (м) Местоположба
Света Гора, Атон Άθως 2.030[1] во Ј дел на планината
Андитонас, Андитос Αντίθωνας, Αντίθως 1.042[1] во централниот дел, СИ над Дионисијат
Ставрос Σταυρός 1.001[1] во Ј дел, С од главниот врв
Циакмаки Τσιακμάκι 1.540[1] во Ј дел, И од главниот врв
Гаванудес Γκαβανούδες 820[1] во централниот дел, И над Симонопетра
Кацанара Κατσανάρα 608[1]
Кацарис Κάτσαρης 703[1]
Кедра Κέδρα 801[1] во централниот дел, СИ над Симонопетра
Криовуно Κρυόβουνο 599[1]
Мармарас Μαρμαράς 629[1]
Палиопиргос Παλιόπυργος 820[1] во Ј дел, Ј од главниот врв
Паривуни Παριβούνι 700[1]
Профитис Илијас Προφήτης Ηλίας 895[1]
Трија Синора Τρία Σύνορα 758[1]
Цамандара Τσαμαντάρα 883[1] во централниот дел, СИ над Симонопетра
Чука Τσούκα 738[1]
Цукниди Τσουκνίδι 648 [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 1,22 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 362. ISBN 978-960-86676-6-2.