Тројанска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија


Тројанската војна — војна помеѓу Ахајците и Тројанците во местото Троја (Илиј) во Мала Азија или Деветогодишната војна[1]. Поводот за овој судир е грабнувањето на жената на спартанскиот крал Менелај, Елена, од страна на Парис синот на тројанскиот крал Пријам. Тројанската војна е во главните мотиви на старогрчката митологија. За автор на „Илијадата“ се смета Хомер кој, исто така, ја напишал и епопејата „Одисеја“. Прекрасниот стил и мотивот опеан во „Илијада” бил инспирација за многу светски автори да го пренесат во своите дела. Како, на пример, римскиот поет Вергилиј, според Илијадата ја напишал својата епопеја „Енеида”.

Митот за јаболкото (Парисовиот суд)[уреди | уреди извор]

Тројанската војна има свои корени во приказанта за венчањето на Тетида (божица на морето) и Пелеј. Тие на својата свадба не ја повикале Ерида (божицата на неслогата), така што таа се налутила и бесна влетала на свадбата и фрлила едно златно јаболоко на средината на масата. Па рекла: „Ова јаболко ѝ припаѓа на најубавата”.

Хера, Атина и Афродита сакале да посегнат по јаболкото, меѓутоа Зевс одлучил дека Парис, тројанскиот принц, кој го сметале за најубавиот јунак во тоа време, треба да биде судија. Тогаш Хермес отишол кај Парис кој пак се согласил да биде судија. Хера му ветувала моќ, Атина богатство и мудрост, а Афродита-најубавата жена на светот (Елена). Тој ја избрал Афродита и ја грабнал Елена додека нејзиниот сопруг Менелај бил на закопот на својот татко на островот Крит.

Парисовиот суд (јаболкото на раздорот)[уреди | уреди извор]

Парисов суд, Петер Паул Рубенс, околу 1636 година (Национална галерија Лондон)

Имено митот започнува со судот на Парис, на кој од страна на Зевс му било заповедано или речено да и го досуди јаболкото на најубавата, по претходно предизвиканиот раздор меѓу божиците, како кандидати на ваквиот избор биле избрани божиците Афродита, Хера и Атина,така еден ден додека Париз ги извршувал своите номадски обврски, беше заспал на еден извор налик пештера, тука му се јавува Хермес кој му ја кажува веста, односно одлуката Зевсова, Парис на тоа одговорил : во ред, но мрам прво да ги видам : по што следува и одлуката Парисова, прва на судот се јавува Хера која му се претставува како врховна божица, жена на Зевс, а како вровна божица му го ветила единственото што таа може да му го понуди а тоа е моќта, му рекла : Ќе те направам најмоќниот човек на светот, ќе имаш моќ како никој досега, на што Парис се насмевнал и рекол во ред, нека влезе следната, следствена била Атена која му понудила воена храброст, мудрост и богатство, ќе те направам најмоќниот човек на светот, ќе нема рамен на твојата сила, снага и мудрост, најголемите, најхрабрите ќе ти завидат- биле збоовите на Атена, како и на претходната така и на неа и се заблагодарил, и ја повикал следната Афродита, таа со својот магичен колан кој го пленел секое машко срце, не успеала да го заведе, единствениот отпорен на нејзината убавина, па му ветила љубов, и тоа не каква било љубов туку најголемата што некогаш била и ќе биде, на ова Парис заинтригирано запршал, како ќе го изведе тоа, му одговорила дека ќе му ја подари најубавата жена на светот Елена- Хелена, а тој и рекол од каде ќе знам дека е најубава, по што Афродита му ја покажала на површината на водата насобрана во вирче на карпеста подлога, кога ја видел Парис занемел од нејзината убавина, и ја прашал како ќе се случи тоа јас да ја сретнам и таа да се заљуби во мене, по што Афродита му рекла, јас ќе те водам, а таа во кратко веме ќе ти припадне доколку ме слушаш, тој и рекол во ред ќе и го дадам јаболкото на тебе, но што доколку бидам измамен од тебе, по што му се заколнала божицата, и јаболкото и пpипаднало на неа, како реакциј на ова се јавил гневот Херин, кој го следел Париса до крајот на животот.

Елена и Парис се венчале во Троја во 1200г п.н.е.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 559 - 564.