Прејди на содржината

Гал’мбица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гал’мбица
Αλεβίτσα
Двете маала на Нестрам. Над горното е врвот Брателец
Највисока точка
Надм. вис.1.589 м
Координати40°27′22″N 20°57′22″E / 40.4562°N 20.9560°E / 40.4562; 20.9560
Географија
Гал’мбица на карта

Карта

МестоКостурско, Егејска Македонија
Карта

Гал’мбица[1][2] (Гулабица на костурскиот дијалект) или Алевица[3] (грчки: Αλεβίτσα) — планина во Костурско, Егејска Македонија, крај границата со Албанија.[3]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Планината е сместена во општината Нестрам, во западниот дел на Костурско, на самата граница со Албанија (гранични пирамиди бр. 36-66). Има издолжен облик во правец североисток - југозапад и сочинува дел од венецот Северен Пинд. Се протега меѓу реките Бистрица (овде наречена Белица) на југ и исток и Девол во Албанија на запад, кои соодветно извираат од планините Грамошта (Грамос) и Морава. На југ одвоена од Грамошта и Горуша (Војо) со реката Белица, додека пак на север е одделена од планината Флацата со Четирска Река. Групата, која нема свое име на грчки, се означува со името на највисокиот врв.[3]

На картата на австроунгарскиот генералштаб, делот од планината над Пилкати е означен како Шестар (Šeštar), тој источно над Јановени како Галовица (Galovica), тој источно над Омотско како Воле (Vole), а тој северно над Нестрам како Орошец (Orošec). На неговата карта на Костурско, Георги Христов на нарекува целата планина Гал’мбица (Гълъмбица по бугарски правопис).[4]

Планината е составена од конгломератни карпи и песочници. Највисок врв Алевица (1.589 м) е во северозападниот дел на планината, североисточно над Јановени и јужно над Калевишта. Во грчката топонимија, целата планина е наречена по овој врв.[3]

Револуционерот Георги Христов напишал за Гал’мбица:

Гал’мбица не помалку од јужната сосетка воодушевува и замајува со своите волшебни убавини. Нејзините вркстени и преплетени, поради посложената структура, многубројни топографски облици, вистински стихијни слики, со своето маѓосувачко влијание, заповеднички обземаат и пленат.[5]

На северозападниот крај Гал’мбица е сврзана со Морава Планина. Тука ја облазува вододелницата меѓу водите на реките Девол и Белица, која од југ и запад ја двои последователно од подножјето на врвот Грамошта [Грамос], од североисточно разгранок на Денска Планина и северното чело на Горуша. На исток од с. Калевишта Гал’мбица се разгранува на североисток и југоисток... По билото на првиот огранок врви сегашната етничка и административна граница на Костурско... Другиот поголемиот... завршува на југ со врвот Воле, кој се издига величествено над р. Белица и навалувајќи се до нејзиното корито со своите карпи и стрмни ’ртови, кои стрчат над огромна провалија.[5]

Флората и фауната на Гал’мбица не се разликуваат многу од онаа на Одре и Горуша. Пространи стројни борови, букови и грмушести шуми растат по најголемиот на површината на планината и нејзината пазува. Костенови шуми никаде нема. Југоисточните разграноци се слабо пошумени. Во доловите и долините по пазувите се покриени само со грмушки. Овде наоѓаат прибежиште речиси сите диви животни: мечката, волкот, дивата свиња, зајакот, лисицата, дивата коза, фазанот, дивиот петел, шумската еребица, препелицата, гулабот и др. диви птици.[6]

Ова е список на врвовите на Гал’мбица со нивните грчки и албански имиња, нивната висина и местоположба. Дадени се по висински редослед:

ИмеГрчки/АлбанскиВисина (м)[3]МестоположбаЗемја
АлевицаΑλεβίτσα1.580на главното било, во северозападниот на планината, североисточно над Јановени и јужно над КалевиштаГрција
Мала АлевицаΜικρή Αλεβίτσα1.580на главното било, југоисточно од АлевицаГрција
АмудаΑμμούδα1.546на средишното било, во средишниот дел на планинатаГрција
ИзворIzvorit1.495граничен врв, пирамида бр. 65, северозападно над Слимница и јужно од АрзаГрција Албанија
МанастирΜπρέγκου Μαναστήριτ, Bregu i Manastirit1.495граничен врв, пирамида бр. 66,[7] северозападно над Слимница и јужно од АрзаГрција Албанија
ЕлинцаΕλίντσα, Ελάφι1.469на средишното било, во југоисточниот дел на планината, источно од ВолеГрција
КуѓовицаΚουγιοβίτσα, Κρούκιτ1.461граничен врв, пирамида бр. 63,[7] северно над СлимницаГрција Албанија
БуфиΜπούφι1.433на средишното било, во југоисточниот дел на планината, североисточно над ДреновоГрција
ГинковаΧελώνα, Γκίνκοβα1.424граничен врв, пирамида бр. 55,[7] северно над Јановени и јужно над ВидовоГрција Албанија
Трија АвгаΤρία Αυγά1.400на средишното било, во средишниот дел на планината, југоисточно од Мала Алевица и северозападно од АмудаГрција
КонопицеΚονοπίτσε, Κονοπίτσες1.380 - 1.337во западниот дел на планината, североисточно над СлимницаГрција
ВолеΒόλια, Βάλια1.367на средишното било, во средишниот дел на планината, западно од врвот ЕлинцаГрција
БидоBido1.365граничен врв, пирамида бр. 59, северно над ПилкатиГрција Албанија
Хриси ПетраΧρυσή Πέτρα1.360граничен врв, пирамида бр. 61,[7] северно над ПилкатиГрција Албанија
НиколерΝικολέρι, Νικολέρ1.349во северниот дел на планината, југоисточно над ЗеленградГрција
КараулиΚαραούλι, Παρατηρητήριο1.336на средишното било, во југоисточниот дел на планината, североисточно над ДреновоГрција
КаматаΚαμάτα1.332 - 1.200во југоисточниот дел на планината, северно над ДреновоГрција
Петре ПелениΠέτρινο, Πετρέ Πελένι1.323на средишното било, во средишниот дел на планината, западно над Стенско, југоисточно од Амуда и североисточно од ЕлинцаГрција
Ѓаполи1.308јужно од ВидовоАлбанија
СтеничкаΒράχος, Τσαμ Αστένα, Στενίτσκα1.305североисточно над ОмотскоГрција
Ипсома ТаксиархијасΎψωμα Ταξιαρχίας1.283граничен врв, пирамида бр. 50[7]Грција Албанија
КаменоΚαμμένα1.263во средишниот дел на планината, североисточно од АмудаГрција
ПиуΠίου1.228во западниот дел на планината, источно од Слимница и западно од ПилкатиГрција
ВризариесΒρυζαριές1.214граничен врв, пирамида бр. 48[7]Грција Албанија
КастроΚάστρο1.214во северниот дел на планината, јужно над ЗеленградГрција
ЧаршиΤσαρσί, Καλλιθέα1.200
АетофолијаΑετοφωλιά1.195во северниот дел на планината, западно над ЗеленградГрција
ВолчеΛυκορράχη, Βόλτσε1.180западно над Горни НестрамГрција
Платија КорифиΠλατειά Κορυφή1.137во северните делови на планината, југоисточно над ГрлениГрција
ЧумаΤσούμα1.125
БрателецΜπράτελετς, Δίδυμο1.120северно над Горни НестрамГрција
ТрилофосΤρίλοφος1.118во северните делови на планината североисточно од Грлени и јужно од ТрстикаГрција
РеваниΡεβένι, Οχυρό1.116во северните делови на планината, југоисточно над РеваниГрција
Дио ЛофиΔύο Λόφοι1.114во северните делови на планината, југозападно над РеваниГрција
ПостроваΠοστρόβα1.113граничен врв, пирамида бр. 44[7]Грција Албанија
ЧукаΝταλίπες1.112граничен врв, пирамида бр. 43,[7] северозападно од Шак и југоисточно од ПончараГрција Албанија
ПоповарΠόποβαρ, Πόποβαρ, Μανούση1.111во северните делови на планината, западно од Горно ПапратскоГрција
ЛаксентиΛαξεντή, Λαξένη1.108Грција
ОрешчеOρέσκα, Ορέτσικο1.102на средишното било, во југоисточниот дел на планината, југозападно над Долни Нестрам, над некогашното село Орешец (Орешче)Грција
ОндријаΤριγωνομετρικό, Όντρια1.101северно од Стенско и Стенска Река, која го двои од БрателецГрција
ПлајесΠλαγιές1.043во северните делови на планината, северозападно над ГрлениГрција
Свети ИлијаΠροφήτης Ηλίας1.040во северните делови на планината, западно од Долно ПапратскоГрција
КроставаΚροστάβα, Guri Mushk1.037граничен врв, пирамида бр. 39[7]Грција Албанија
ГрадΚάστρο1.017источно над Долни НестрамГрција
Кокини РахиΚόκκινη Ράχη1.017во северните делови на планината, северно над РеваниГрција
Света ПеткаΑγία Παρασκευή1.015
ПерифаноΠερήφανο972
ЦуцулијаΤσουτσούλια918во северните делови на планината, југоисточно од Горно Папратско и југозападно од ДреничевоГрција
ЕленицаΕλενίτσα892во северните делови на планината, северно од Долно Папратско и западно од ЧрчиштаГрција
КуриΔρυόβουνο, Κουρί846во северните делови на планината, северно над Дреничево и јужно над ЧрчиштаГрција
ДјегурDjegurграничен врв, пирамида бр. 62, северно над СлимницаГрција Албанија
Кондра ПолингаΚόντρα Πολίγκα, Κόντραграничен врв, пирамида бр. 60, северно над ПилкатиГрција Албанија

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 9. ISBN 954-90993-1-8.
  2. Силянов, Христо (1984). Писма и изповеди на един четник. Спомени от Странджа. От Витоша до Грамос. София: Български писател. стр. 580. Text " langx" ignored (help)
  3. 1 2 3 4 5 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 364. ISBN 978-960-86676-6-2.
  4. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 193. ISBN 954-90993-1-8.
  5. 1 2 Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 17. ISBN 954-90993-1-8.
  6. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 18. ISBN 954-90993-1-8.
  7. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 3. Ορεινά τοπωνύμια. Βουνά - Κορυφές - Οικισμοί - Καταφύγια - Χιονοδρομικά κέντρα. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 99. ISBN 978-960-86676-7-9.