Арза (Девол)
Изглед
| Арза Arrëz | |
|---|---|
| село | |
Поглед на селото | |
| Координати: 40°30′4″N 20°50′23″E / 40.50111°N 20.83972°E | |
| Земја | |
| Област | Горица |
| Општина | Девол |
| Општ. един. | Божиград |
| Надм. вис. | 1.140 м |
| Час. појас | CET (UTC+1) |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
| Рег. таб. | DV |
Арза (албански: Arrëz, Арез) — село во општината Девол на Горичката област, југоисточна Албанија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во северните пазуви на планината Грамошта, под врвот Извор, околу 12 км јужно од градот Горица, на надморска височина од 1.140 м.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Арза било албанско село во Горичката Каза на Горичкиот Санџак. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Арза е чисто албанско село во Горичката Каза со 86 куќи.[2]
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Божиград.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Арза (783731) — GeoNames
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот Вилает (PDF). Каламус. стр. 86.
| ||||||||||||||||||||||||