Нестрамкол
Изглед
Нестрамкол или Нестрамско — историско-географска област во Егејска Македонија, денес во Грција.
На југ се граничи со областа Костенарија на запад преку реката Бистрица со областа Пополе а на север со областа Корешта.
Нестрамкол ги опфаќа следниве села:
Сите села.
Брештени, Галишта, Желегоже, Желин, Изглибе, Псоре, Цакони, Четирок, Горно Папратско, Долно Папратско, Добролишта, Ошени, Света Недела и Тиквени.