Четирок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Четирок
Μεσοποταμία
Четирок is located in Грција
Четирок
Четирок
Местоположба во областа
Четирок is located in Костур (општина)
Четирок
Местоположба на Четирок во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°30′N 21°9′E / 40.500° СГШ; 21.150° ИГД / 40.500; 21.150Координати: 40°30′N 21°9′E / 40.500° СГШ; 21.150° ИГД / 40.500; 21.150
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаКостур
Надм. вис.&10000000000000653000000653 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно1.802
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Четирок (грчки: Μεσοποταμία, Месопотамија, до 1926 Τσετιράκι, Цетираки)[2] — село во Општина Костур во Костурски округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 10 километри западно од градот Костур (Касторија) и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во Костурската котлина помеѓу реките Белица, бистрица, Рулска река и Четирошка река. Селото се наоѓа на надморска височина од 653 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 16 век во Четирок биле евидентирани 95 глави на домаќинства[3].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Четирок се состоело од 280 семејства со 180 жители муслимани и 520 Македонци[4][5]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Четирок имало 380 жители Македонци и 520 македонски муслимани[4][6]Според Тодор Симовски, овој податок на Васил К’нчов е погрешен бидејќи муслиманите биле Турци.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 456 македонски егзархисти а работело и бугарско училиште[4][7]. Учителот Иван Стефанов бил уапсен од турските власти на 25 април 1903 година заедно со Михаил Кимов, учител во Дреничево[8]..

Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 850 Грци и 200 Турци[9]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 70 македонски и 80 турски семејства[10], додека според Георги Христов имало и едно влашко семејство[11].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[12]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 888 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1021 жител. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било прекрстено во Месопотамија.[13]. Според едни извори, бројот на бегалците изнесувал 545 во 1928 година[14], додека според други извори 141 семејства и 594 лица.[15].

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупатори[16], по кое било предадено на бугарските сили. Бугарските сили на неколку пати биле во судир со силите на ЕЛАС[17]. На 11 јануари 1944 година партизаните на ЕЛАС го зазеле селото[18].

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Во текот на војната биле убиени 42 лица, додека 191 се иселиле. Две деца од селото биле протерани како деца бегалци[19]. По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 1083 жители.[20], додека во 1940 година селото броело 1552 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1271 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1158 жители, во 1971 година имало 1118 жители, во 1981 година имало 1507 жители, додека во 1991 година имало 1759 жители[21]. Денеска, населението на селото е 1802 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1552 1271 1158 1118 1507 1758 1802 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Култура[уреди | уреди извор]

Старите цркви во селото се посветени на Света Тројца, Свети Ѓорѓи. Во 20 век била изградена црквата посветена на Свети Петар и Свети Павле. Во селото има отворено Понтиски културен центар, чија цел е зачувување на понтиската култура во селото.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Четирок

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Μεσοποταμία
  3. Harun Yeni,Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 109.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
  8. Draganof, Victor Bérard. Macedonia and the reforms, London, 1908
  9. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Mesopotamia.
  10. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  11. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр.198.
  12. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 42. 
  13. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  14. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Mesopotamia.
  15. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  16. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  17. Πάνος Κρίκης. ΕΙΜΑΣΤΕ ΑΜΠΟΙΡΟΙ ΕΥΘΥΝΩΝ ΓΙΑ ΤΗΝ ΟΝΟΜΑΣΙΑ
  18. Даскалов, Георги. Клио срещу Темида. Антон Калчев – хуманист или военнопрестъпник“, Военно издателство, София, 2013, с. 130-131.
  19. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Mesopotamia.
  20. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  21. Folketeljing 2011, revidert
  22. Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6. София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 236. ISBN 954-9800-36-9. http://www.archives.government.bg/guides/12_P_BKP2.pdf. посет. 2 септември 2015 г. 
  23. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 295.
  24. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 429.
  25. ГУА, стр. 524.
  26. Македонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство „Фама“, София, 2006, стр. 98-99.
  27. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 155.
  28. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 825.