Чурилово (Костурско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чурилово
Άγιος Νικόλαος
Чурилово is located in Грција
Чурилово
Чурилово
Местоположба во областа
Чурилово во рамките на Костур (општина)
Чурилово
Местоположба на Чурилово во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°30′N 21°22′E / 40.500° СГШ; 21.367° ИГД / 40.500; 21.367Координати: 40°30′N 21°22′E / 40.500° СГШ; 21.367° ИГД / 40.500; 21.367
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаСвети Врач
Надм. вис.&10000000000000930000000930 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно22
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Чурилово (грчки: Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос, до 1955 Τσιρίλοβο, Цирилово)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе. До селото се наоѓа Чуриловскиот манастир. Селото се наоѓа на надморска височина од 930 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XV век во Кономлади биле евидентирани 25 глави на домаќинства.[3].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чурилово се состоело од 100 семејства со 320 жители муслимани и 400 Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Чурилово имало 390 жители Македонци[4][6].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 560 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија [4][7].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чурилово се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 70 куќи.[8]

Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 350 Грци[9]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 70 македонски семејства[10].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[11]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 262 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 151 жител. Во 1955 година, селото било преименувано во Агиос Николаос или Свети Никола.[12]

Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 4 жители се засолниле во Бугарија, додека 12 заминале во Бугарија по 1919 година[13]. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 140 жители.[14], додека во 1940 година селото броело 154 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 75 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 66 жители, во 1971 година имало 59 жители, во 1981 година имало 42 жители, додека во 1991 година имало 47 жители[15]. Денеска, населението на селото е 61 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 154 75 66 59 42 47 61 22
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Άγιος Νικόλαος
  3. Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 97.
  9. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Agios Nikolaos.[мртва врска]
  10. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  11. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 43.
  12. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  13. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Lithia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-18.
  14. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  15. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-18.
  16. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 496.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 392.
  18. Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 271. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 2015-09-03.