Цакони (Костурско)
Цакони Τσάκονη | |
---|---|
Координати: 40°28′N 21°9′E / 40.467° СГШ; 21.150° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Света Троица |
Надм. вис. | 688 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 311 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Цакони (грчки: Τσάκονη, албански: Çakonji) — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 13 километри југозападно од градот Костур и Костурското Езеро во Костурската Котлина на брегот на реката Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 688 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XV век во Цакони биле евидентирани 66 глави на домаќинства[2]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, Цакони имало 200 жители Македонци и 150 македонски муслимани или Турци[3][4].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Цакони се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 61 куќа.[5] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 296 македонски патријаршисти и работело грчко училиште[3][6]. Во училиштето предавал Никифор Папасидерис, идниот костурски митрополит.[7][8]
Според грчката статистика од 1905 година селото било ќисто грчко со 350 жители.[9] Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 40 македонски и 20 турски семејства[10], додека според Георги Христов и едно влашко семејство.[11].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[12]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 423 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 354 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1928 година овој број изнесувал 92 лица[9] или според други податоци 26 семејства со 106 лица.[13]
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото броело 341 жител.[13], додека во 1940 година селото броело 448 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 386 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 366 жители, во 1971 година имало 324 жители, во 1981 година имало 348 жители, додека во 1991 година имало 341 жител[14]. Денеска, населението на селото е 311 жители според пописот од 2001 година[15].
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 448 | 386 | 366 | 324 | 348 | 341 | 311 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Цакони
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
- ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
- ↑ „Μητροπολίτης Καστοριᾶς Νικηφόρος Παπασιδέρης“. Архивирано од изворникот на 2010-11-13. Посетено на 2016-03-17.
- ↑ Οδός και πλατεία :ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΤΗ κ.κ.ΝΙΚΗΦΟΡΟΥ ΠΑΠΑΣΙΔΕΡΗ
- ↑ 9,0 9,1 „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Tsakoni“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-03-17.
- ↑ Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
- ↑ 13,0 13,1 „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-17.
- ↑ Националният статистически институт (архив) (Εθνική Στατιστική Υπηρεσία), Реално и постоянно население 1991 и 2001 г.
- ↑ Марков, Георги Христов. „Хрупищко“, Хасково, 2002, стр. 147.
- ↑ Το Ίδρυμα Μουσείου Μακεδονικού Αγώνα[мртва врска]
- ↑ Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 88.
|