Ошени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ошени
Όσιανη
Ошени is located in Грција
Ошени
Ошени
Местоположба во областа
Ошени is located in Костур (општина)
Ошени
Местоположба на Ошени во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°31′N 21°5′E / 40.517° СГШ; 21.083° ИГД / 40.517; 21.083Координати: 40°31′N 21°5′E / 40.517° СГШ; 21.083° ИГД / 40.517; 21.083
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаКостур
Надм. вис.&10000000000000683000000683 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно583
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ошени (грчки: Οινόη, Инои, до 1927 Όσιανη, Осјани)[2] — село во Општина Костур во Костурски округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 20 километри западно од градот Костур (Касторија) и Костурското Езеро и на 10 километри источно од грчко-албанската граница. Селото се наоѓа на надморска височина од 683 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 16 век во Ошени биле евидентирани 105 глави на домаќинства[3]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Ошени се состоело од 210 семејства со 140 жители муслимани и 540 Македонци[4][5]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ошени имало 120 жители Македонци и 550 муслимани[4][6].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 80 македонски патријаршисти[4][7]. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 80 Грци и 750 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 20 македонски и 80 муслимански семејства[8], додека според Георги Христов, во селото имало и две влашки семејства[9]

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[10]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 695 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 824 жители. Во 1927 година, селото било прекрстено во Инои.[11] Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Според едни извори, бројот на бегалците изнесувал 572 лица[12], додека според други 153 семејства и 565 лица[13].

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 2 деца од селото биле протерани како деца бегалци[14]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 602 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 990 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 1003 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 823 жители, во 1971 година имало 595 жители, во 1981 година имало 673 жители, додека во 1991 година имало 621 жител[16]. Денеска, населението на селото е 583 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 990 1003 823 595 673 621 583 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Ошени

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Όσιανη
  3. Harun Yeni,Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 110.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 107.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  8. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  9. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198.
  10. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 31. 
  11. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  12. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Oinoi.
  13. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  14. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia.
  15. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  16. Folketeljing 2011, revidert
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 486.
  18. ΕΘΝΟΛΟΓΙΚΗ ΣΥΣΤΑΣΗ ΤΗΣ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑΣ ΣΤΙΣ ΑΡΧΕΣ ΤΟΥ 20ού ΑΙΩΝΑ