Брештени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брештени
Брештени во рамките на Грција
Брештени
Брештени (Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)


Брештени (дијалектно: Брешчени; грчки: Αυγή, Авги; до 1926 г. Μπρέστενη/Μπρέστανη, Брестени/Брестани;[1] до 1929 г. Крија Нера[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Брештени се наоѓа на мала оддалеченост од реката Белица, западно од Рупишта и југозападно од градот Костур[3]. Сместено е во југозападниот крај на Костурската Котлина под падините на планинскиот масив на планината Вич, во историско-географската и етнографска област Костенарија. Сместено е во дол кој од исток е ограден со ридско шумовито земјиште, додека кон запад на благо закосените падини се наоѓа обработливото земјиште.

Историја[уреди | уреди извор]

Во минатото селото Брештени било мешана македонско-турска населба, при што во него според статистиките на Васил К’нчов живееле 180 Македонци и 125 Турци, додека Милоевиќ го спомнува со 28 македонски и 12 турски куќи[3]. По иселувањето на турското муслиманско население во 1924 година, по сила на Лозанската конвенција, тука се населени извесен број бегалски семејства од Мала Азија со вкупно 95 лица, така што селото одново станала мешана населба[3], овој пат со македонско и грчко-бегалско доселеничко население. Во времето на Грчката граѓанска војна селото многу настрадало — посебно македонските семејства: загинале 17 Македонци, додека 127 го напуштиле селото и побарале засолниште во СР Македонија и извесен број во источноевропските земји, при што во селото останале околу 50 Македонци[3].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото Брештени има доста поволна положба за развој на земјоделството на допир на два вида земјишта - ридско и рамничарско со обилни извори на вода, поради кои тоа го носело грчкиот назив Крија Нера со значење „студени води“. Главни производи на селото се жито, леќа и тутун[4].

Население[уреди | уреди извор]

Според пописите во 1913 година селото Брештени имало 317, а во 1920 година 312 жители[3]. По 1924 година од селото се иселува турското муслиманско население, а се доселуваат бегалци од Мала Азија, но сепак бројот на Македонците останал малку поголем од оној на доселените бегалци, при што во 1928 година се попишани 265 жители[3]. Поради страдањата за време на Граѓанската војна голем дел од Македонците се иселиле при што останале само околу 50 души. Бројот на жителите во 1951 изнесувал 271, во 1961 година 264, во 1971 година 210, во 1981 година 209, а во 1991 година 222 жители[4].

Година Население
1928 265
1940 433
1951 271
1961 264
1971 210
1981 209
1991 222


Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Андон Брештенски (? - 1907) — македонски револуционер
  • Вангел Поп Христов (? - 1907) — македонски револуционер
  • Наум Георгиев — македонски револуционер.[5]
  • Кирко Георгиевски (1921 – 1948) — партизан на ДАГ[6]
  • Коста Георгиевски (1916 – 1947) — партизан на ДАГ[6]
  • Сидо Атанасов — македонски национален деец во Драмско, обиен од грчки терористи; бил преселник во Рупишта[7]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

По 1924 година од селото во Турција се иселило турското муслиманско население, а по страдањата во Граѓанската војна од 1945-1949 селото го напуштиле 127 Македонци коии побарале засолниште во Република Македонија и извесен број во источноевропските земји.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπρέστανη - Κρύα Νερά
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κρύα Νερά - Αυγή
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 10. ISBN 9989-9819-4-9.
  4. 4,0 4,1 Симовски, Тодор (1998). „Костурски округ (VIII/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 10.
  5. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  6. 6,0 6,1 Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009
  7. Марков, Георги Христов. „Хрупищко“, Хасково, 2002, стр. 132.