Псоре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Псоре
Υψηλό
Псоре is located in Грција
Псоре
Псоре
Местоположба во областа
Псоре is located in Костур (општина)
Псоре
Местоположба на Псоре во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°27′N 21°10′E / 40.450° СГШ; 21.167° ИГД / 40.450; 21.167Координати: 40°27′N 21°10′E / 40.450° СГШ; 21.167° ИГД / 40.450; 21.167
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаКостур
Надм. вис.&10000000000000703000000703 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно59
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Псоре (грчки: Υψηλό, Ипсило, до 1928 Ψόχωρι, Псохори)[2] — село во Општина Костур во Костурски округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 7 километри југозападно од градот Костур (Касторија) и Костурското Езеро на десниот брег од реката Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 703 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кономлади имало 84 жители Македонци[3][4]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 120 македонски егзархисти[3][5]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 13 македонски семејства[6].

Во текот на Втората Балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[7]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 108 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 102 жители. Во 1927 година, селото било прекрстено во Ипсило.[8]

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 3 деца од селото биле протерани како деца бегалци[9]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 121 жител.[10], додека во 1940 година селото броело 154 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 142 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 124 жители, во 1971 година имало 76 жители, во 1981 година имало 92 жители, додека во 1991 година имало 92 жители[11]. Денеска, населението на селото е 214 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 154 142 124 76 92 92 52 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Υψηλό
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 267.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  6. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. 
  8. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  9. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia.
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  11. Folketeljing 2011, revidert