Трстика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трстика
Ακόντιο
Трстика is located in Грција
Трстика
Трстика
Местоположба во областа
Трстика is located in Костур (општина)
Трстика
Местоположба на Трстика во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°29.30′N 21°2.41′E / 40.48833° СГШ; 21.04017° ИГД / 40.48833; 21.04017Координати: 40°29.30′N 21°2.41′E / 40.48833° СГШ; 21.04017° ИГД / 40.48833; 21.04017
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаКостур
Општ. единицаЧетирок
Надм. вис.&10000000000000890000000890 м
Население
 • Вкупноиселено (1.968)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Трстика (грчки: Ακόντιο, Акондио; до 1928 г. Τέρστικα, Терстика[1]) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција. Од него денес е останата само селската црква „Св. Костантин и Елена“.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало 25 км западно од градот Костур, во Костурската Котлина, во северното подножје на планината Алевица.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Според Георги Константинов Бистрицки Трстика пред Првата балканска војна имала 25 куќи на Македонци-муслимани.[2][3] Според Тодор Симовски, кој се повикува на Милоевиќ, овие жители прво биле целосно македонци (под претпоставка, христијани), но подоцна го напуштиле местото во немирни времиња, за подоцна истото да биде населено од муслимани од македонско, албанско, грчко и турско потекло.[4]

Потпаѓање под Грција[уреди | уреди извор]

По Првата балканска војна селото е припоено кон Грција. Во 1920 г. е заведено дека селото имало 144 жители.[4] По нивното принудно иселување, во 1924 г. во Трстика са доведени грчки доселеници од Турција, кои во 1928 г. биле 11 семејства со 40 лица.[5][6]

Во 1928 г. името на селото е сменето во Акондион, што значи „копје“.[7]

Во 1940 г. во Трстика се попишани 69 жители. Во следниот период, селото значајно настрадало за време на Грчката граѓанска војна. Две деца се испратени надвор од Грција како деца-бегалци.[8] Во 1951 г. населението се смалило на 55, а во 1961 г. се накачило на 77 жители.[4] Во 1968 г. селото е напуштено од последните жители, иако во пописот од 1971 г. Трстика сè уште се води со 59 жители.[4] Од сите негови градби, денес единствено постои црквата „Св. Константин и Елена“.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 69 55 77 59
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото било бедно во стопански поглед. Се одгледувале житото, леќата и тутунот, а сточарството било незначително застапено.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]