Леќа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Леќа
Три сорти леќа
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Бобовидни
Семејство: Бобови
Потсемејство: Глушини
Род: Леќа
Вид: Кујнска леќа
Научен назив
Lens culinaris
Medikus
Леќини растенија пред цветање

Леќа („кујнска леќа“ или „обична леќа“; англиски: Lens culinaris) — грмушесто едногодишно растение од семејството на бобови (Fabaceae) кое нашироко се одгледува како зрнеста култура. Достигнува 40 см во висина и има обично по две сплеснати семки сместени во мешунка.

Човекот ја користи леќата за исхрана уште од предгрнчарскиот период на новото камено време и со тоа е една од првите припитомени растителни култури на Блискиот Исток. Археолошките наоди укажуваат на нејзина употреба пред 9.500 до 13.000 години.[1]

По боја, леќата може да биде жолта, портокалово-црвена, зелена, кафеава или црна.[1] Сортите се разликуваат и по големина и се продаваат со или без лупка, располовени или цели.

Ботаничка илустрација на леќата од 1885 г.

Хранлива вредност и здравствени особини[уреди | уреди извор]

Леќа, сирова
Хранлива вредност на 100 г
Енергија1,477 kJ (353 kcal)
60 г
Шеќери2 г
Влакна3,1 г
1 г
26 г
Витамини
Тиамин 1)
(76 %)
0,87 мг
Рибофлавин 2)
(18 %)
0,211 мг
Ниацин 3)
(17 %)
2,605 мг
Пантот. кис. 5)
(42 %)
2,120 мг
Витамин Б6
(42 %)
0,54 мг
Фолна кис. 9)
(120 %)
479 μг
Витамин Ц
(5 %)
4,4 мг
Минерали
Калциум
(6 %)
56 мг
Железо
(58 %)
7,54 мг
Магнезиум
(34 %)
122 мг
Фосфор
(64 %)
451 мг
Калиум
(20 %)
955 мг
Натриум
(0 %)
6 мг
Цинк
(50 %)
4,78 мг
Други состојки
Вода10,4 г

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Со приближно 30% од калориите во белковински облик, леќата го зазема третото место по застапеност на белковини по единица тежина од сите зрнести, оревести и мешункасти плодови, веднаш по сојата и конопот.[2] Во белковините се застапени есенцијалните аминокиселини изолеуцин и лизин. Како таква, леќата има голема улога како важен извор на белковини кај земјите од Западна Азија и Индискиот Потконтинент кои имаат големо вегетаријанско население.[3] Од друга страна, растението е недостатно на две еденцијални аминокиселини: метионинот и цистеинот.[4]

Леќата содржи и прехранбени влакна, фолна киселина, витамин Б1 и минерали. Црвената (или розова) леќа има пониска концентрација на влакна од зелената (11% наспроти 31%).[5] Важи за мошне добар извор на железо. Една шолја сварена леќа задоволува преку половина од дневната потреба од железо кај човекот.[6]

Бидејќи леќата има мали количества на лесносварлив скроб (5%), а доста бавносварлив скроб (30%), таа е особено погодна за лица со шеќерна болест. Останатите 65% се отпорен скроб од класата RS1,[7] кој е висококвалитетен отпорен скроб со 32% амилоза.

Леќата има и извесни противхранлици чинители, како што се трипсински забавувачи и релативно големата количина на фитати. Трипсинот е ензим со улога во варењето на храната, а фитатите ја намалуваат биорасположивоста на прехранбените минерали.[8] Количеството на фитати може да се намали со чување на леќата во топла вода одвечер.

Производство[уреди | уреди извор]

Производство на леќа во светот

Растението се одгледува ширум целиот свет и е релативно отпорно на суша. Според Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО) во 2009 г. во светот се произведени 3,917 милиони тони леќа, од кои најголемиот дел во Канада, Индија, Турција и Австралија.

Во Република Македонија производството на леќа бележи голем пад во последните две децении. Во 2007 г. се произведени 87 тони, споредено со 177 тони во 1999 г. и 254 тони во 1992 г.[9]

Околу една четвртина од леќата во светот се произведува во Индија и речиси сета се троши на домашниот пазар. Канада е најголем извозник на леќа во светот, при што 99% од неа се произведува во Саскачеван.[10] Во сезоната 2009/10 во земјата се произведени рекордни 1,5 милиони тони.[11] Најзастапена сорта е светлокафеавата.[10]

10 најголеми производители на леќа (во тони)
Место Земја 2010 2011 2012
1  Канада 1.947.100 1.531.900 1.493.620
2 Индија Индија 1.031.600 943.800 950.000
3 Австралија Австралија 140.000 379.659 463.000
4  Турција 447.400 405.952 438.000
5  САД 392.675 214.640 240.490
6    Непал 151.757 206.969 208.201
7 Етиопија Етиопија 80.952 128.009 151.500
8 Народна Република Кина НР Кина 125.000 150.000 145.000
9 Сирија Сирија 77.328 112.470 130.229
10 Иран Иран 100.174 71.808 85.000
Цел свет 4.686.673 4.386.870 4.522.097
Извор: Организација за исхрана и земјоделство на ООН[12]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Leah A. Zeldes (16 February 2011). „Eat this! Lentils, a prehistoric foodstuff“. Dining Chicago. Chicago's Restaurant & Entertainment Guide. Архивирано од изворникот на 2015-05-24. Посетено на 4 August 2011.
  2. Callaway JC (2004). Hempseed as a nutritional resource: an overview. Euphytica 140:65–72.
  3. „Essential Amino Acids“. Архивирано од изворникот на 2010-01-25. Посетено на 19 September 2014.
  4. Randy Sell. „Lentil“. North Dakota State University Department of Agricultural Economics. Архивирано од изворникот 2009-06-21. Посетено на 14 December 2011.
  5. „База на хранливи вредности на USDA“. Архивирано од изворникот на 2015-03-03. Посетено на 19 септември 2014. (англиски)
  6. "Iron: food sources". Посетено на 19 September 2014.
  7. Kawaljit Singh Sandhu, Seung-Taik Lim Digestibility of legume starches as influenced by their physical and structural properties Elsevier, 16 март 2007
  8. "Effect of processing on some anti-nutritional factors of lentils", J. Agric. Food Chem.
  9. „Производство на леќа во Република Македонија — податоци од 1992 до 2007 г.“. Организација за исхрана и земјоделство на ООН. Посетено на 9 март 2015. (англиски)
  10. 10,0 10,1 „Lentil (Lens culinaris)“. Pulse Canada. Архивирано од изворникот на 2015-01-28. Посетено на 24 January 2015.
  11. „Crops Market Information - Canadian Industry“. Архивирано од изворникот на 2010-07-25. Посетено на 19 September 2014.
  12. „Производство на леќа по земји“. Организација за исхрана и земјоделство на ООН. 2012. Посетено на 21 февруари 2014. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]