Организација за исхрана и земјоделство на ООН

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Организација за исхрана и земјоделство на ООН
Emblem of the United Nations.svg
FAO logo.svg
Амблемот на FAO со нејзиното латинско мото, Fiat Panis ("Нека има леб")
Кратенка FAO
Основана 16 октомври 1945 во Рим
Тип Специјализирана агенција
Правен статус активна
Седиште Италија Рим, Италија
Шеф Сенегал Жак Диуф
Матична организација ECOSOC
Мреж. место fao.org

Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (англ. Food and Agriculture Organization of the United Nations) или скратено ФАО е основана во 1945 година како организација на ОН за борба против гладот. Целта на ФАО е да биде извор на информации и знаење за производството на храна и за исхраната. ФАО помага на посиромашните земји да го модернизираат земјоделството, шумарството и рибарството и да обезбедат здрава исхрана за сите.


ФАО има осум оддели:

  • Земјоделство и заштита на потрошувачите,
  • Економски и социјален развој,
  • Рибарство и водостопанство,
  • Шумарство,
  • Човечки, финансиски и физички ресурси,
  • Знаење и комуникации,
  • Управување со природни ресурси и
  • Заштита на околината и техничка соработка.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Игор Јанев, UN and the international financial and economic organizations, publ. Institute of Political Studies, Belgrade, 2004.