Прехранбени влакна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Прехранбени влакна (растителни влакна или диететски влакна) — несварлив дел од храната од растително потекло. Има два дела:

  • растворливи влакна — се раствораат во вода и лесно ферментираат во дебелото црево, претворајќи се во гасови и физиолошки активни нуспроизводи и можат да бидат пребиотски и вискозни.
  • нерастровливи влакна — не се раствораат во вода и се метаболички интертни, па така се задолжени за , или пак можат да бидат пребиотски и метаболички да се ферментираат во цревото. Неферментираните влакна впиваат вода движејќи се низ системот за варење и со тоа го олеснуваат празнењето на столицата.[1]

Прехранбените влакна можат да делуваат менувајќи ги особините на храната во системот за варење и менувајќи го примањето (впивањето) на другите хранливи материи и хемикалии.[2] Некои видови растворливи влакна впиваат вода и образуваат пивтиеста вискозна супстанција која се ферментира од бактериите во системот за варење. Други видови делуваат изметот да добие на обем и затоа не се ферментираат.[3] Лигнинот, кој е важен извор на нерастворливи влакна, може да го измени работата метаболизмот на растворливите влакна.[1] Трети видови пак, наполно се ферментираат (ваков е особено отпорниот сроб).[4]

По хемиски состав, прехранбените влакна се состојат од нескробни полисахариди како арабиноксилани, целулоза и многу други растителни состојки како отпорниот скроб, отпорните декстрини, инулинот, лигнинот, восоците, хитините, пектините, бета-гликаните и олигосахаридите.[1] Поимот „влакна“ не е секогаш соодветен, бидејќи многу видови на таканаречени прехранбени влакна не се навистина влакнести по структура.

Храната која содржи прехранбени влакна најчесто се дели според тоа дали претежно содржи растворливи или нерастворливи влакна.

Предноста на исхраната богата со прехранбени влакна е во благотворните соединенија кои се создаваат со ферментацијата на растворливите влакна и способноста на нерастворливите влакна (преку нивните пасивни хигроскопни својства) да го зголемат обемот на изметот, да ја сменкат столицата и да го намалат времето на премин низ цревата. Непожелна последица од ваквата исхрана може да бидат зголеменото производство на гасови и надовување на стомакот.

Видови и извори на прехранбени влакна[уреди | уреди извор]

Хранлива материја Прехранбен адитив Облик / изглед
водонерастворливи прехранбени влакна
β-гликани (од кои неколку се водорастворливи)
   Целулоза E 460 житарки, овошје, зеленчук (начелно, во сите растенија)
   Хитин во габи, корупките на инсектите и раковите
Хемицелулоза житарки, трици, дрвена маса, мешунки
   Хексосан пченица, јачмен
   Пентосан ’рж, овес
Лигнин јатки на овошја, зеленчук (жилките на гравот), житарки
Ксантан E 415 се произведува со бактеријата Xanthomonas од шеќерни супстрати
водорастворливи прехранбени влакна
Фруктани замена или додаток во скробот на извесни растителни таксони како складишен јаглехидрат
   Инулин најразлични растенија, како шарлаганот, голицата (цикорија) и тн.
Полиуронид
   Пектин E 440 во лушпа на овошје (претежно јаболкото, дуњата), зеленчук
   Алгински киселини E 400–E 407 во алги
      Натриумалгинат E 401
      Калиумалгинат E 402
      Амонијакалгинат E 403
      Калциумалгинат E 404
      Пропиленкликолалгинат E 405
      Агар E 406
      Ирски мов E 407 црвени алги
Рафиноза мешунки
Ксилоза моносахарид, пентоза
Полидекстроза E 1200 синтетски полимери, ca. 1 ккал/г
Лактулоза синтетски дисахарид

Растителни извори на прехранбени влакна[уреди | уреди извор]

Мешунките содржат здрави прехранбени влакна

Некои растенија содржат големи количества на растворливи и нерастворливи влакна. На пример, лушпата на сливата содржи нерастворливи влакна, а месестиот дел е богат со растворливи влакна. Грозјето е исто така познато како значаен извор на прехранбени влакна.[5]

Растворливите влакна се содржат во различни количества во сите храни од растително потекло, меѓу кои:

Нерастворливите влакна се застапени во:

Застапеност на прехранбени влакна во разни храни[уреди | уреди извор]

Следи табела на Федералната служба за надзор врз потрошувачките права и човечката благосостојба на Русија, за застапеноста на прехранбените влакна во разни производи во грамови на 100 грама и грамови на 100 килокалории.

Житарки, тестенини, печива, оревести плодови[уреди | уреди извор]

Производ[7] Енергетска
вредност,
ккал/100 г
Застапеност на прехранбени влакна
г/100 г г/100 ккал
Пченични трици 165 43,0 26,1
’Ржан леб 200 8,0 4,0
Леб со зрна 228 6,1 2,7
Елдина каша 101 2,7 2,7
Двопек, интегрален 323 7,0 2,2
Пченичен леб, интегрален 228 4,6 2,0
Јачменова каша 135 2,5 1,9
Овесна каша 109 1,9 1,7
Грисини, обични 331 4,5 1,4
Пченичен леб, полуинтегрален 240 3,2 1,3
Пченична каша 153 1,7 1,1
Пченичен леб, бел 250 2,3 0,9
Зготвени тестенини 135 1,1 0,8
Гриз 100 0,8 0,8
Оревести плодови 650 4,0 0,6

Зеленчук, мешункасти растенија, овошје, бобинки[уреди | уреди извор]

Производ[7] Енергетска
вредност,
ккал/100 г
Застапеност на прехранбени влакна
г/100 г г/100 ккал
Боранија 16 2,5 15,6
Прокељ 35 4,2 12,0
Зелка 28 2,0 7,1
Морков 35 2,4 6,9
Магдонос, копар, марула, млад кромид 30 2,0 6,7
Варено цвекло 48 3,0 6,3
Домати 24 1,4 5,8
Пржени печурки 172 6,8 4,0
Варен грашок 130 5,0 3,8
Црна рибизла 44 4,8 10,9
Киви 47 3,8 8,1
Суви кајсии 242 18,0 7,4
Суви јаболка 253 14,9 5,9
Портокал 43 2,2 5,1
Кајсија 44 2,1 4,8
Јаболка 47 1,8 3,8
Суво грозје 281 9,6 3,4
Грозје 72 1,6 2,2


Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Dietary Reference Intakes for Energy, Carbohydrate, fibre, Fat, Fatty Acids, Cholesterol, Protein, and Amino Acids (Macronutrients) (2005), Chapter 7: Dietary, Functional and Total fibre“. US Department of Agriculture, National Agricultural Library and National Academy of Sciences, Institute of Medicine, Food and Nutrition Board. http://www.nal.usda.gov/fnic/DRI//DRI_Energy/339-421.pdf. 
  2. Eastwood M, Kritchevsky D. Dietary fiber: how did we get where we are?. „Annu Rev Nutr“ том  25: 1–8. doi:10.1146/annurev.nutr.25.121304.131658. PMID 16011456. 
  3. Anderson JW, Baird P, Davis RH et al.. Health benefits of dietary fiber. „Nutr Rev“ том  67 (4): 188–205. doi:10.1111/j.1753-4887.2009.00189.x. PMID 19335713. 
  4. Nugent, Anne P. Health properties of resistant starch. „Nutrition Bulletin“ том  30 (1): 27–54. doi:10.1111/j.1467-3010.2005.00481.x. http://onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1111/j.1467-3010.2005.00481.x/full. 
  5. Stacewicz-Sapuntzakis M, Bowen PE, Hussain EA, Damayanti-Wood BI, Farnsworth NR (мај 2001 г). Chemical composition and potential health effects of prunes: a functional food?. „Crit Rev Food Sci Nutr.“ том  41 (4): 251–86. doi:10.1080/20014091091814. PMID 11401245. 
  6. Alvarado A, Pacheco-Delahaye E, Hevia P. Value of a tomato byproduct as a source of dietary fiber in rats. „Plant Foods Hum Nutr.“ том  56 (4): 335–48. doi:10.1023/A:1011855316778. PMID 11678439. http://www.kluweronline.com/art.pdf?issn=0921-9668&volume=56&page=335. 
  7. 7,0 7,1 Роль пищевых волокон

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]