Круша
| Круша | |
|---|---|
| Обична круша | |
| Pear fruit cross section | |
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| клад: | Розиди |
| Ред: | Розовидни |
| Семејство: | Рози |
| Потсемејство: | Сливи |
| Племе: | Јаболкови |
| Род: | Круша L. |
| Видови | |
|
околу 30 | |
| Хранлива вредност на 100 g (3.5 oz) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Енергија | 239 kJ (57 kcal) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
15.23 g | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Шеќери | 9.75 g | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Влакна | 3.1 g | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
0.14 g | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
0.36 g | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Други состојки | Количина | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Вода | 84 g | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| †Процентите се проценети врз основа на препораките во САД за возрасни,[1] освен за калиум, кој се проценува врз основа на експертските препораки на Националните академии.[2] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Круша (науч. Pyrus) — род на дрвја кои раѓаат плод со исто име, средноевропско овошје, кое најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Азија. Најпознати производители на круши се Италија, САД и Кина. Постојат околу 3000 варијанти на круши, со различна форма и вкус во светот.
Веројатно најстарото сè уште родно дрво на круша во Македонија е од сортата „боздонка“ и се наоѓа во Ресен, во дворот на една семејна куќа во близина на Сарајот. Се претпоставува дека дрвото било засадено во времето на Нијази-бег пред околу 150 години. Крушата е висока над 10 метри и таа е една од ретките круши во Ресен што не ја уништила болеста ервенија.[3]
Крушата како лек
[уреди | уреди извор]Најновото научно истражување покажало дека крушите не само што го намалуваат нивото на холестерол во крвта, ја олеснуваат констипацијата (запек) и имаат противвоспалително дејство, туку помагаат и во лекувањето на мамурлакот.
Така, пиењето сок од круша пред консумирањето алкохол би можело драстично да го намали ризикот од мамурлак и да го намали нивото на алкохол во крвта. Најдобрата превенција би била 200 мл сок од корејска круша, но и консумирањето на самото овошје е доволно за позитивно дејство. Од друга страна, консумирање на сокот откако веќе сте консумирале алкохол, нема никакво дејство[4].
Крушата е едно од најздравите видови овошје кое може да се јаде свежо, а со него може да се прават и салати и свежи сокови кои изобилуваат со здравје. Крушата има витамин Ц, има фруктоза и гликоза, како и пектин кој служи за добра функција на дебелото црево.
Крушата е извор за енергија, штити од настинки и грипови, го нормализира притисокот и помага да се намали ризикот од појава на рак[5].
Галерија
[уреди | уреди извор]- Круши на гранка
- Крушово дрво во Тиквешијата
- Гранка од Европска круша со плодови
- Круши во село Раштак
- Овоштарник со крушови дрвја во Сирково
- Овоштарник со крушови дрвја во Сирково
- Овоштарник со крушови дрвја во Сирково
Сорти на круши
[уреди | уреди извор]- Круши од видот Воденка или Сумлија
- Круши од видот Зимница или Митровка
- Круши од видот Летна кајкушка
- Круши од видот Зимска кајкушка или Бадникарка
- Круши од видот Петровка или Европско авче
- Круши од видот Цариградско авче
- Круши од видот Караманка
Производство
[уреди | уреди извор]| Земја | Производство милиони тони | |||
|---|---|---|---|---|
Крушата како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Круша“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1979 година.[7]
- „Круша дивјачка“ — поетизирана проза на Блаже Конески од 1961 година.[8]
- „Шатовската круша“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.[9]
- „Круша“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[10]
- „Негации Круша“ — расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2010 година.[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ United States Food and Drug Administration (2024). „Daily Value on the Nutrition and Supplement Facts Labels“. FDA. Архивирано од изворникот 2024-03-27. Посетено на 2024-03-28.
- ↑ „TABLE 4-7 Comparison of Potassium Adequate Intakes Established in This Report to Potassium Adequate Intakes Established in the 2005 DRI Report“. стр. 120. In: Stallings, Virginia A.; Harrison, Meghan; Oria, Maria, уред. (2019). „Potassium: Dietary Reference Intakes for Adequacy“. Dietary Reference Intakes for Sodium and Potassium. стр. 101–124. doi:10.17226/25353. ISBN 978-0-309-48834-1. PMID 30844154. Предлошка:NCBIBook.
- ↑ „Постара е од Нијази-бег и 150 години раѓа плодови“, Дневник, година XVIII, број 5596, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 27.
- ↑ „Круша – сега и научно докажан лек за мамурлак - vesti.mk“. vesti.mk (англиски). Посетено на 2017-09-16.[мртва врска]
- ↑ „Крушата како лек – Нема да верувате за што сè помага оваа овошка – Gotvi.mk“. gotvi.mk (англиски). Архивирано од изворникот на 2016-08-27. Посетено на 2017-09-16.
- ↑ „Production of pears, 2014, Crops/Regions/World Regions/Production Quantity by pick lists“. UN Food & Agriculture Organization, Statistics Division. 2017. Архивирано од изворникот на 2016-11-22. Посетено на 23 June 2017.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 69.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 166.
- ↑ Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 60-64.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 32-34.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Две перници. Скопје: Три, 2010, стр. 119-122.
|
